Наспано,свежа,иако рано станав,само нешто глава ме боли и вчера ме болеше и сега пак незнам што така,дали до времево незнам,почнувам да мислам зошто ме боли не баш често,ама ај ќе ми помине,едно апче ќе се напијам и ќе пројде
Без желба за билошто, за билокој. Ми иде да си се затворам во меурче и да си летнам, па да летам колку што ќе сакам, и после да си слетам кога ќе ми биде доста од изолираност. Денешниов ден исто не ми тргна, од сабајле со лева нога, цела сум искривена денес. И устата ми е искривена, ама во погрешен правец и колку и да сакам да им се насмевнувам на луѓето не можам. Едвај чекам да се скријам пред нив за да не го гледаат моето тажно лице па уште и на нив да им го расипам расположението несакајќи
Буквално како балонче надувано. Ќе пукнам од што ме болат јајниците, не можам да издржам повеќе. Деновиве мислам дека не се стоплив, нон - стоп ми е ладно.
Исто како и вчера... Во исчекување сум, а мислам дека нема да дочекам и тоа е она што ме плаши. Бре, се‘ ме плаши во последно време. На времето каква јунакиња бев, сега виткам опаш и кријам лик. ХипицО, ти треба рифреш.
Божествено! Надвор дува ветер, јас јадам слатко од смокви, пијам џус од портокал и слушам Stay од The Hurts. Убавила.
Па малку да ви кажам... како потресена. Цел денс ум од 6 до 6 насмеана, а само кога ќе ми текне што ме чека утре.
Денес на менито имаше секаков вид чувства: нервоза, смеа, досада, дупла нервоза, солзи, смеење и конечно малку забава и дружење.