Катастрофа, без желба за живот, многу лош ден, најлош во мојот живот. Знам дека многу грешев и дека не сум светица, ги заслужив сите зборови кои ми ги кажа мојата љубов. Го сакам најмногу, повеќе од мојот живот. Се прашувам зошто ова ни се случува на нас двајцата, кога и двајцата многу се сакаме . Прости ми за тоа што те повредив и што те разочарав. Сакам се да се среди и да биде како порано.
Уф, збунето. Си олеснив на душата, кажав се што мислев и не мислев, па нека биде што ќе биде.. Let it be... И се надевам дека планот ќе ми се оствари и нема да седам дома денес, цел ден.
Цел ден јадам и веќе ми стана тешко Една цигара и после се ќе биде во ред ... Среќна сум , исполнета .
Додуша ми се спие малце, ама тоа не е изговор да не се чувствувам убаво. Ах леле, смешки, катастрофи, ain't it sweet?
Реално кажано...уморна до болка дури Ама, пази ова, се смеам ко луда, уживам во сопствениот цинизам и љубомората на другите Па, крај краева, мое си е се, ако сакам и небото ќе го потпишам!
Покрај вчерашните дешавки, денес сум сеуште осамена. Но не покажувам слабост! Длабоко во мене сум среќна, секогаш. Јбг, позитивна личност и во најлошите ситуации
Добро. Сеуште сум при себе, иако цел ден сум опкружена со книги.. Ми пукна главата.. Толку информации прима.
Од сабајле бев среќна, но потоа како одминѕваше денот ми се менуваа и чувствата...Сега сум осамена,тажна,ептен разочарана...ме боли тоа што не можам да сторам ништо за да сменам нечие мислење..А од тоа мислење ми зависи иднината...
Еуфорично! Депилација, педикир, маникир... совршено чувство! Жени! Се што треба е купено, и веќе спакувано во куфер! Следните 2 дена има да уживам како никогаш! Со некој пред кој сум секогаш своја! А после доаѓа некој друг пред кој сум секогаш своја, и страшно многу ми недостасуваше сите овие месеци! Тука ќе биде само на неколку дена, ама доволно да ми даде инспирација да размислувам како да го направам светот подобар. Сакам да сум во друштво на позитивни луѓе. Во моментов ми текнува на тројца такви, и мило ми е што ги имам во животот! Па сум заслужила, и јас сум позитивна!