Подуено и дебело,фала на прашање. Знам дека сум во ПМС,но не му ја препишувам сета вина овој пат и можеби нема да се ставам на строга диета од утре ама ќе почнам да го вклучувам мозоков во процесот на јадење,за промена. Го сакам моментот кога ќе добијам плата,ама само тој дел кога ги гледам парите и сеуште не сум свесна дека кога ќе се распоредат ништо не ми останува,и иако се неколку секунди-непроценливи ми се. Не го сакам овој тмурно депресивен и ладен премин од лето кон есен од милион причини,а една од нив е тоа што многу ретко се случува да знам што да облечам. Сакам се` што ми ја убива секојдневната рутина,глупавото сивило и монотонија во животов.
Хиперактивно. Од умор нема да заспијам. Главата ми пука, аналгин ни за лек по дома. Овој татко ми таблетоманот сите ги испил, бре што човече ќе беше, си ги лока од навика, глока сируп наместо сокче. Повторно ги сменија смените на работа. Решиле да ми ги извадат зврцките, се чувствувам како експериментално глувче. Сакам да убијам некој од тие на работа. Сакам! Зашто секогаш налетувам на неписмени, а арогатни суштества? Зашто секогаш колегите ми се плашливци и гзолижачи, и не сакаат да се борат за правата, ниту да си го ценат трудот? На бунт бре! Сама...
Никако.. Се ме боли. Сите коски, сите мускули. Мислам дека во секој момент ќе се распаднам...Би останала, но ќе испаднам кукавица. I've got to do it.
Сабајлево добив .. сакав да добијам и да ми помине , ама без да осетам Како ќе издржам деновиве не знам . Весела сум ама кога ќе ми текне дека не можам да станам асално .. Ај ќе поминат и овие денови
се чуствувам смрзнато, онака без волја за ништо денес, онака рамнодушно кон се, разочарано ама баш ми е гајле ќе чекам да си одам дома
вака се чувствувам, ненаспана (синока дечко ми сечеше дрва) , како би спиела сега , наместо да дремам на работа
Недефинирано. Измрзнав. Чувствувам некој недефиниран внатрешен немир. Имам лошо претчувство, но не обрнувам многу внимание, бидејќи кога ми студи се ми е онака без врска. Сега мама ќе направи кафенце и се надевам дека ќе тргни на добро... па уште малку треба да сум сконцентрирана за на школо...
Исто, плус додаток на некои емоции. Тажни, сеќавања, Тоше Проески, спомени... А ова грбов ме уби од болка. Оф..
Прекрасно. Се сеќавам на некои убави настани каде Тој (знаеме сите добро кој) блескаше, како вистинска ѕвезда, што и НАВИСТИНА беше. Не жалете мили мои, бидете среќни што сте имале можност да го видите, слушате, запознаете, живеете тогаш кога тој блескаше. Привилегирани сме, во споредба со они кои се родија по неговата трагична смрт. Патем, веќе стомак ме боли од смеење, и устата ме боли од што ми е развлечена цело време. Брука! Брука светска! хахахаха
Па онака... Моментално накиснато и замислено. Си мислам што ќе беше ако сеуште беше тука доле легендата.
Аман со ова грло. Ме нервира Ја сакам есента, дождот, ноќите пред телевизор замотана во ќебенце, романтиката али стварно неможам да функционирам кога ме боле грлотоооооо
Никако. Седам тресејки се, завиткана во ќебе, слушајки ја музиката на нашиот Тоше. Времето ме уништува, мразам облачно и дождливо време, главата ме боли уште од сабајле, кашлам како дедо, кивам по десет пати во минута, а носот тече како чешма. Жалам но вечер очигледно нема да можам да присуствувам на настанот кој го чекам од почетокот на септември.
Иако би требало да сум среќна, чувствувам некоја потреба за нешто недоживеано. Не ми е досадно, само ми е монотоно. Деновиве сум во три бои. Црвени моменти кога сум хиперактивна и кога сакам се да направам, сите мои мили да си ги видам, сегде да прошетам, се да вкусам, се да пробам и се да видам. Бело, кога се ми е рамно и единствено друштво што ми одговара се сериите што манијачно ги гледам И плаво или сино кога еве како денес незнам што сакам, нешто сакам, среќна сум ама не потполно, нешто како да не ми дошло уште, а незнам што... Уффф не сум си јасна! Чекам нешто, а незнам што, незнам дали ќе препознаам кога ќе дојде! Епа, се' на се' нешто ми фали, а удобно ми е. Не е лошо, а може и подобро!
Од сабајле една грда наставничка успеа да ми го расипе денот со таа нејзина грда оценка. Добро е со моливче е, но утре со класната ќе има карање. Блокиран ми е мозокот и едвај размислувам. Очите ми паѓаат и ладно ми е. Прееска ме наврна дождот малку и се смрзнав, но морав да одам на курс. Стомакот ме заболува и прстите ме болат.