Како скиснат лист на земја. Меланхолијава ме убива полека но сигурно. Не сум бре јас за тука, пратете ме во топлите краишта. По цел ден да трчам на сонце! А не овде...скапувам...одвратна клима.
Збунето... Многу збунето. Сакам да разрешам некои дилеми ама не ми оди , цел ден размислувам али нема решение..
Ми се шета по дождов со чадорче, уште да си имав чизмички гумени Толку сум расположена што дождов само ми го полева расположението
TOOOOOOOOOOP.Rodenden,torta,gosti,izleguvanje vo centar.Romanticna vecera A zaboraviv i pokloni,se razbira
Расположениево ми се менува како семафор (секако дека црвеното трае подолго , но си имам јас и свои зелени моменти ). Сега сум нервозна, сега се смеам, па пеам, па.... Хипи, ај шетај!
Расположението ми е на едно високо ниво На крај и за мене малку слободно време ...Горда на својот успех и вложениот труд ...Денов си го посветив само за себе
Хронично ненаспана, со огромна главоболка и некоја глупава алергија. Дали е од ладното не знам, а ништо чудно и да е од тоа, ама знам дека се ме чеша, како нешто да ме каснало.
Ко 90 годишна старица. Се ме боли, кичма, јајници, раце , нозе... Преморена сум не можам кракот да си го фатам. И згора на се, пак треба да се враќам на работа
Денес малку подобро од вчера сега за сега, со нови надежи и фантазии за нив што ме направија да се чувствувам подобро.
Цели раце ме чешаат ,се осеќам како средина на јули, кога напаѓаат сите комарци и јас сум нивни плен. Којзнае што ме каснало овој пат Кивам.. Така ми е кога 2 дена по ред се враќам дома накисната. Успано, нејќев да спијам до 1 ипол... Но бидејќи не сум во школо, си земав за слобода... И на крај испадна дека јас сум хронично ненаспана. И не се разбудив сама, таткоми ме разбуди. И ако сама се разбудив, тоа сигурно ќе било ова време
исто како и времето потечена од мижење е сега камилица ќе се редам и да има една вееест која ја очекувам во секој момент само да е убава
Болно, со затнат нос, сите коски ме болат, како 60 годишна старица. Како реума да имам, а немам. Цел ден го преспав, колку е глупо тоа чувство кога знаеш дека не ти преостанува уште многу од денот, и дека не ќе можеш да заспиеш вечер.
Никако. И сето тоа заради времево. И ми ствара некоја нервоза, некоја мака што само сонце може да ја излечи