Ме замараат. КАКО СЕ НЕРВИРАМ. А и се чуствувам ненаспано после екскурзијата. Па нели е екскурзија, цела ноќ не спиевме.
Ко булдужер да ме поминал. Се чувствувам изморено и ми треба еден добар сон, но како што наидуваат задачиве тешко дека ќе се наспијам. Се пренајадов и веќе неможам да дишам. Се' е средено, само уште да ги довршам задачите.
Малку подобро за разлика од прееска,цел ден не јадев ништо, не стигнав да јадам,па можеби и од тоа цел ден не ми беше како што треба,глава ме боли пак,незнам што е проблемов грб ме боли,откако станав сабајлево ме боли како утепана бев ама кај и да е ќе помине до после се надевам,само незнам што да правам за да не боли
Како и секој ден. Желна да убијам некого, па да ме извади добар адвокат поради привремено лудило или афектна состојба. Желна да си имам мој сопствен дом, во кој ќе ме пречека Хуго, а не родители кои дополнително ми го заморуваат тиквулево. Копнеам за мир и тишина. Викенд подалеку од се'. Зашто пораснав? Не се брзајте да пораснете, уживајте во детството и младоста (рече престарената 24 годишничка). Вечерта ќе си ја исполнам со пилинг, серија и книга. Мирис на тестенини во сос ми го исполнуваат домот. Но, најважно - моето срце е исполнето. Другото е сосема небитно. Ќе преживеам, сепак.
Малку меланхолично и носталгично за некои стари, среќни времиња кога на досег ми беа сите луѓе што ги сакам. Еден ми фали премногу...најмногу, од други ме дели далечината, од трети обврските и знам дека не можам моментално ништо да направам за да го променам тоа
Не те сакам кога сакаш позитивни промени,не те сакам ни трезен. Не те сакам ни со закопчани панталони,а ниту со уредно закопчана кошула. Не те сакам кога мирисаш на себе и кога се трудиш да бидеш фин. А не те сакам и кога си пијан,неуреден и со мирис на туѓ женски парфем. Не те сакам кога се трудиш да се најдеш,ниту кога си свој.Не те сакам и кога си свежо избричен. Не те сакам кога ме игнорираш,а кога чувствувам дека сепак ме забележуваш исто,па исто...пак не те сакам затоа што никогаш нема да биде вистинско време. Не те сакам кога си одиш,а не те сакам ни кога се враќаш,а ич па не те сакам кога ми викаш дека секој план ти завршува со мене и тебе.Моите планови се поинакви. Вака или онака,сакам кога си дезориентиран,сакам кога не знаеш што сакаш и не знаеш каде одиш и сакам кога ти треба мојата помош.Јас сум злобна кога си ти во прашање,а ти сањај да још увјек смо заједно (вака нешто беше).Марш будало! Ниту еден комплимент не те вади...ЗНАМ дека сум сменета,НО не сум лоша.ЗНАМ дека сум многу слаба,ЗНАМ дека сум ладна,ЗНАМ дека вредам,ЗНАМ дека сум инает,ЗНАМ дека сум своеглава,ЗНАМ дека не ми требаш! Чисто онака,после три парчиња раванија чувствувам грижа на совест,ал шо ми е гајле,си слушам медитативна музика уз миризлива свеќа и кројам убави планови!Нешто многу сум си себе доволна,некако не чувствувам потреба да се врзнувам со било кого,но не планирам да живеам како степски волк.Чисто човечки,промумлувам некој збор.Во перфекционизмот сум,па дури и целулитот од страв ми избега! Си читам и што треба и што не треба,во главно сум под силен впечаток на поезијата,а рака на срце се такви души ми се мотаат во секојдневието. Овулација фуче,се чувствувам како мачка во февруари,а мачорот многу реагира на мене во тие моменти.Каде јас,таму тој...преде,се влака,ми се додворува.Се трудам да му објаснам дека е прекрасен,ама не сме од иста раса.Ништо лично.Но и како другари сме супер! Жени ме нејќат,вчера една испеналив поштено.Нека и е на здравје си заслужи! Скопје е тесно,јас сум бесно!Ми се прават глупости,ми се пие вино,ми се слуша џез...а кога слушам опсесивно џез,значи нешто! Женичкиве на кои им прогледувам низ прсти ми се пензионирани...веќе немам со кого да збеснувам. Тој...па тој ме остави интелектуално да растам,иако се чуди каде веќе и што уште...чувствува дека духот во мене прета,умен е,секогаш знае да ме пушти кога треба! Играм криви-дрини,нечесно и неферски,чисто ради его и ривалство.Ама слатко е!Особено затоа што знам дека ја држам победата,ама ради возбуда додавам време! Имам уште,ама колку за на крај!Имам фантастичен задник!Фал,фал,фал! Лил под дејство на хормони,уметност и многу далеку од ограничени рационалности и без диви празнини,конечно! П.С.Модератор моуд он! Сама на себе не можам да си дадам жут картон дури и тука!
Исто како и секој ден откако на сила настапи еден феномен наречен ПМС. Со мојата нередовна менструација,се зголемуваат деновите на пмс,а со тоа и нервозата,грицкањето нокти,мрсната коса,карање со секого...И зошто го правам сето тоа? Малку да ме допрат,плачам.Плачам во реалниот свет,плачам во виртуелниот свет.Солзи ми предизвикува се околу мене,мојата ситуација,првиот час на школо денешниов ден.Едвај се задржав да не се расплачам на зборовите на психологот што зборуваше денес.Толку се пронајдов...Да не живеев во мал град,дефинитивно ќе отидев на разговор кај психолог.Ама вака не...Не сакам да зборуваат другите за мене,затоа што таков е народот и ментално оболена ќе ме направат.Животот не е американска серија или филм,сеедно. Едни зборуваат едно,други друго.Имам чувство како светот да се руши врз мене,овде некогаш се расположувам,денес не можам да додржам да не заплачам од сите навреди,посебно последната...Не се пронајдов во тие зборови,ама багуфка е емотивна типка,што не знае да застане цврсто на нозе.Морам да потклекнам...Како да ја изградам самодовербата? Нели клучна била за успех во животот...А јас го изгубив клучот,сега не можам да влезам во игра...
Убаво ми е И покрај тоа што времево е тапа, му одам контра Прекрасно е чувството кога ќе некој ќе ти признае дека му значиш пред сите , а не само додворување преку смс или насамо..Ми посвети песна денес , ме расположи и покрај малерозниот ден .......фала ти , од ден на ден се повеќе ми значиш
ПМС.......... Значи смачено ми е од животот Збунета,депресивна,баксуз,лошо време...Ма никакво е Неможам повеќе незнам што сакам незнам што правам незнам што да правам понатака Зарем е можно да бидам толкав баксуз во љубовта.Толку емоционална личност што само сака некој да ја гушне и да и каже ТЕ САКАМ Зарем никој не гледа дека ми е потребна поддршка и помош.Незнам навистина понекогаш сум мн расположена а понекогаш одвај се воздржувам да не заплачам Порано бев навистина јака личност што знае што сака а сега неможам да се препознаам Ја изгубив смислата на животот...
Прекрасно, сакано, среќно Мајка ми ме изнервира, добив, ама денов ништо не дозволив да ми го расипе. Го сакам секој ден ваков
Како ученичка. Ме караат дека нонстоп мислам и правам концепти. За животот, иднината. За година дена, ќе бидам во Лондон, или нешто такво, предосеќам. Само да не ми се наруши кармава. Што подалеку од безр'бетници, толку поарно. Ух, што сум среќна што си ги имам другаркиве во животот.
JAS SUM SUPER FALA NA PRASANJETO IJAKO VRNE SEPAK E UBAVO OVA E VREME NA ZALJUBENITE HEHEHE SE NADEVAM DEKA SITE STE DOBRO POZZZZZ DO SITE [mod-kirilica:1biwoio0][/mod-kirilica:1biwoio0]
изморено,премногу испив 2кафиња и уште ми се спие што ке беше ова? со ова чистењево веке преку глава ми е дојдено
Денес сум подготвена да и помогнам на драга личност! Денов е врнежлив, па се чувствувам малку тапо! Иначе се чувствувам затворено , едвај чекам некоја шанса, да побегнам!.....
Си се чудам самата на себеси колку повредна сум станала и помалце мрзлива последниов месец. Одам на факултет трократно(!), мијам, чистам, пустам, штурам... абе фали ме усто - оти ќе те раскинам Шала на страна, страв ми е да им кажам дома, оти ќе ме земат низ нозе тек тогаш Дождов некако слабо ми влијае. Преска си одев по пат, по дождот (кој поради жбунчево на глава слабо го чувствував) со чадорот в рака - ЗАТВОРЕН. Си ја пеев Feel the rain on your skin..., тивко, дури нечујно. Не сакам да ме прогласат за победник на Идол преку ред Едното бебе го испратив на училиште, другото го будам - неќе да стане. Се чувствувам моќно, корисно... И да - ми фалат моите. Како што се намалува времето на тргнување, така ми фалат се‘ повеќе и повеќе. Си купив карта вчера! Јеееее!
Лошо! Навистина лошо, изневерено, изнервирано..има ли крај? Реков нема повеќе, ама еве, пак се враќа, пак ме мачи! Изгледа сепак ќе треба се да напуштам и отидам некаде сама
Даркерски, gothic... Мрачно, глупаво! Чувство на осаменост, страв. Ми се плаче, ми се вика. Ми се спие. Е баш вака.