Пунџесто имам најубава пунџа моментално и ушите ми се голи и смрзнати. Сабајлево беше многу поладно од вчера,а јас пак на студов му се спротиставувам со топла облека. Пижами одозгора на нив трењерки,боди, пижама со долги и горниот дел од трењерките закопчена до врат. Надвор киша пада,сви људи имају кишобрани. Денов само што започнува,ќе го зграпчам бе.Следува после ова да ви посакам Зграпчете го мигот и уживајте максимално во денот.
Па добро е....со оглед на врнежливто време кое секогаш ми влијае лошо..ме прави депресивна.. но сега мислам дека е добро, со школо натаму- наваму , ке биде добро...
ладно ми е + ја чекам црвената принцеза + ме боли стомак + цела сум подуена = бројче на 07.10.'10 едит - добив и ме кине стомак
Денес се чувствувам некако неубаво (можеби поради дождот) Но сепак сум среќна што сум нова на фемина, имам занимација и не ми е досадно.
Безвезно и истрошено! Дремев како полузаспана на предавања, едвај ќчекав да излезам од тоа грдиот амфитеатар! Бљак! Се прошетав колку можев, еден час од прилика, за да ме фати воздух... и во спат си купив чизми, и сега сум барем малку позадоволна! И сеуште дремам... исцрпена..
настината сум ама батали тоа бре.....хормоните ми удрија во глава, ме збудалеа леле страст и нежност на кило за извоз....а каде е ТОЈ незнам што ќе биде понатака.....не размислувам со глава
Денес ..денот е приказна за себе ..досадна Мхм ..цел ден го преспав , како да немав спиено со години , зимски сон , убав , длабок , мрзлив и себичен. Сеедно , одам да спијам пак ..
Денов ми помина само така .. Мразам тоа да го правам,кога ама баш ништо корисно нема од моја страна ! и ме пука некоја криза , го немам видено цела недела ..
1. ненаспано 2. прегладнето (држам некоја диета ) намалувам во прехрана затоа што сум поправена и веќе ми извадија афера дека сум трудна (е а не дека сум толку дебела) али само да се зборело или .......... јас се тешам. 3. иморено од 2 смена на работа 4. поспано еве чекам само да се бутнам под ќебе и да го поминам денов
братучедот не викна да одиме на кафе, и оп со братучетката ајт да се спремаме набрзина... тивко излеговме... отидовме, како госпоѓици (шминкани, со штикли, ова-она) влеговме, пиевме кафе, и сега ја бараме сметката, и нормално братучетката ја отвори чантата за да извади пари (пошто јас не носев чанта, а на братучедот му рековме дека ние ќе плаќаме...) и... што да видиме... паричникот дома и сега ајт бато плаќај сега... а на него му фалеа 100 ден ... веднаш мобилните в раце и да бараме од некого срамота е вака ти се случува кога излегуваш од дома без да кажеш но ако... пак си беше супер Spoiler си реков сега ќе треба да миеме садови redact: Spoiler сори админки
Сакам да кажам... СДк дека првото кафе не е исто ако не го пијам со Феминките КОнечно доаѓа викендов....треба да планирам што да се прави, а пустата треба и да надокнадам со материјалот за учење. Меѓутоа,чудно....колку и да сакам да учам за викнед , тоа не е можно! Главата ми е сконцентрирана на искачање!!!!!! Имајте убав ден феминки, јас треба да одам на факс.
Како и во секој есенски ден што поминал и што ќе следи. Во есен, како да се цеди животот од мене...немам желба , и ниту воља нешто да направам. Си станав едвај (како обично), и се расонувам со голема количина кафе и витамини. Само да не настинам!!
Сакам да кажам... ....Ја само пјевам , ја само свирам , ја немам разлог да се живцирам јер имам тебе кои ме љуби кои и ме воли кад живот заболи... Нешто сум среќничка онака без причина Денес на предавањето ги „обесив“ сите , добро е што не не избркаа од предавање бидејќи бевме најгласни денот уште рано ми почна со смеење дај боже така да ми заврше. Еве сега си пијам какао баш си го погодив ммммм Имајте пријатен ден сите и смејте се и пејте само !