Сакам да кажам... сакам да им кажам на феминките кои вчера беа љубезни и ми одговорија на прашањето во сдп дека....Гоу го направи тоа што требаше, односно го викнав дечкото на кафе, само сега има малце повеќе обврски па му реков да пиеме кафе кога ќе има слободно време наредната недела + освен таа покана му пратив и едно онлајн кафенце, за да не заборави дека треба да го пиеме ама РЕАЛНО Ете така, може некој ќе осудува и критикува, некој ќе се восхитува и ќе каже браво.....но јас одлучив да го послушам советот на феминките, а воедно и на баба ми која ми има неколку пати кажано - ако некој ти запне за око, дај му знак дека сакаш нешто со него, не чекај туку потруди се да го добиеш тоа што го сакаш Ви имам кажано дека баба ми е срцка нели?!
Се чувствувам глупаво! Премногу глупаво. Баксуз сум. Најголем. Каде одам? Што правам? Што е со мене? Еве ова е со мене: уништувам се што ќе добрам иако мислам на најдоброто. Цел ден чекам се надевам за на крај од тоа да излезе непотребна нервоза. Како сега да излезам пред луѓето со оваа глупава фаца на мене? Ми се смачи од се. Јас дефинитивно ќе мора да заминам некаде!
Ми дојде тетка ми со црвениот мерцедес Конечно веќе , се изнамачив со спремањето околу гостувањето нејзино Откажав средба .. но не се каам Ќе замрзнев надвор .. утре асално ќе го видам ! А за тестот да ви кажам по математика Си кажав на глас како знам само три нешта од цел тест : името , презимето и класот си отидовме со другарка ми од часот на кафе и цигарче ! Ќе правиме поправен како и секогаш , не му се секирам многу
Сваки дан, у сваком погледу, све више и више напредујем. Ми светкаат очиве денес, отприлика така некако
Абе убаво јас си се чувстував, ама се појави една личност и ме изнервира толку многу, толку ја очекував, а така се испонаша , и му се истурив на дечко ми. Мака ми е сега ама тоа е. Инаку многу ми студи, мразам студ најмногу на светов, и не ми се излегува ич, камо да можев да легнам и да заспијам уште сега
Хм мирно со оглед на настаниве кои ме затресија. Решив да се однесувам ко ништо да не било, па денов помина просечно добро. Добро де, можеби и малку подобро!
Се беше перфектно до пред половина час. Џабе се радував, залудно со нетрпение чекав два месеца и повеќе. Нешто се случува можам да препознаам, ми кријат нешто знам. Многу ми е тешко.
Малце нервозно , заглавив математика пропуштив доста од материјалот поради утакмиците и сега ќе треба добро да го загреам столчето за да ги решам задачиве ..а не се малку 111 задачи имам за решавање неделава
Премрзнато. Ја преседев цела вечер надвор без врска бидејќи не ми се седеше дома . Не сум јас за седење дома во петоци навечер, не можам мирна да седам, иако преморена сум од тренинзите. Сакам пак да биде лето
Вљубено. До трт. Работно. До смрт. Хуго. Не е грд. А сите што јаделе грав денеска. Прд. Епа тоа би било.
Душата ми ја завладејаа различни чувства! Од една старна се чувствата кои ме прават задоволна од се она што си го купив (отиде цела плата ама барем среќна сум) а од друга страна пак сум напната од секојдневието! Вака ќе е почесто, ми почна сезоната кога нема да има кафе седенки на работа...сега богами почнувам да работам со сите сили... ќе има позитивна страна мојот труд,ем корисна ем повеќе пари ќе има...ама па кој ќе ме трпи се уморна и нерасположена за излегување! И се чувствувам неподготвена за ваков студ...јас пред две недели си купив чевли за есен а времето ме зеза....изгледа чизми ќе беше попаметно да купам И се лутам на зимата што толку рано иде, сакам уште сонце и топли денови!
Чудно. Ни самата не знам дали да сум среќна или тажна. Денов ми буди и убави, но и претерано тажни спомени
Како да имам бубањ во глава. Морав вака да се изразам! Комшијава си буши и си руши, а ние другиве се превртуваме во кревет! Се будам како воопшто да не сум спиела Лошо ми е, никакво. Ама да не кукам многу, од кукање ништо фино не излегло. Ќе одам да прошеткам малку. Белким, подобро ќе ми биде.
Пак настинав. Се јачав вчера вечерта во дванаесет без јакна и ете така ми е. И тоа да не ме натераа да облечам уште една дуксерка, ќе смрзнев тотално. Бунтови и кревав на мама, сега ќе шмрцкам цел ден. Денеска да засукам ракавите и да се фатам за генералка. Мора да биде се` перфектно за вечер. Потоа ќе ја средувам пјел листата на песни. Некако живчана сум деновиве, се надевам дека е само ПМС и дека конечно по толку време ќе добијам.