Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Не знам како успеав да станам сабајлево. Главата ми пука, ушите ми зујат, ми се мати се пред очи. :worried:
     
  2. femina.sk

    femina.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    144
    Ненаспана се чувствувам..Многу сум уморна од вчера..Планирав денеска да си прошетам цел ден со верениот ама не можам ми се спие уште.. |-) |-) Отидов јас да спијам имајте пријатен ден
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.437
    Пол:
    Женски
    Фино,фино :)
    После долго време останав дома во петок навечер.И убаво ми беше на фемина и после тоа во топло креветче.Станав рано...Си ги подредив сите чевли,си најдов угг бели чизмички од пред 5 години,помнам кога ги купив од Битола и само 2 пати ги облеков,не ми беа убави..Сега се модерни :)
    Расположена сум за подредување,чистење,фалење :$ Одамна ме немаат дома пофалено :)
    Сега,од првите пари што ќе си ги соберам ќе си купам една прасе-касичка и ќе си штедам.Вака не бидува,собери 20 денари купи мастики...Собери 100 денари,стави кредит...Не оде тоа така.Знам дека неделно можам и по 200 денари да зберам,ама што ќе се земе мора да се потроши.Ќе бидам задоволна ако 50 денари соберам неделно.
    Да,денес сум среќна,исполнета...Ама којзнае до кога,до кај 17,18 часот...До кога? Мојата среќа никогаш не трае долго...
     
  4. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Ужасно.. Повредено... Скршено!!! ;(
     
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Мислам дека денес се разбудив со насмевка. Толку сум среќна што .. не е ни возможно веќе.
    Си се радувам на новата фризура! :wasntme:
    И така.. ви кажав дека сум среќна?
    Да.. Со насмевка од уши до уши, Спичлес, трга напред..
    а во врска со љубов..Веќе не осеќам ништо.. Што мислам дека е подобро вака! :rock:
     
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    204
    Убаво,до пред малку.Сега..Безврска.Ништо више не ми се прави :|
     
  7. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Наспана и одморена, спремна за новиот ден:) После ќе си одам на фризер (нова фризура, време е за промени). Се надевам цел ден ќе ме држи расположениево :D
     
  8. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Како целиот ден да сум го пропуштила...празно ..па и времето си го прави своето... :(
     
  9. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    881
    Сакам да кажам...

    СДК бев излезена со другарките на плачинка од сабајле и прекрасно беше! (А) срцињаа :) само што измрзнав :nod: бррр...Денес чувстувам некаква новогодишна еуфорија,уште само да имаше елка и снег :D Станувам сабајлето,слегувам в дневна,гледам моите запалиле камин :wasntme: А,јас по џемперче си чекам да дојде нова година кога веќе е толку ладно :angel: :lol:
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Денес се чувствувам одвратно и мамурно со киселини во желудник, како резултат на смедеревката од синоќа. :worried:
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Убаво се чувствувам, можеби сонцето си го прави своето, а можеби топлото оганче. Пријатна атмосфера, непријатна настинка.
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Грло ме боли,нешто жешко ми е,не често ама :?: како што тргнало изгледа е настинка,па незнам кај ме најде мене и сега ако ме фати ќе неможам да си излезам негде :doh: пак ќе се расправам со витамини,па и лук во исхраната,обавезно,добар е за против настинки :) како и да е,само да не ме фати настинката,се надевам :(
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    мамурна сум ееептен :drunk: , главата ме боли од сите страни... грбот исто... уф се ме боли ]:) ама секоја бурна ноќ си има свои последици :lol: се успав кај дечко ми :$ па кога се разбудеив :o сонцето огреало. ц ц ц, ама се избрзав, си ги натегнав чизмите и право дома.... и уште толку ме заболе главата |( и 300 соништа ме убија. и готово не пијам веќе, нема смисла ова секое сабајле после пиење што ми се случува... мамурлак , тежок :!:
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Затоа што вчера претерав со нешто пожестоко и сакав да бидам модерна ...и полу гола 8) денес сум ,или изгледа ќе бидам болна :x
    Абе да не зборам ама грлово ме стега и целата сум некако крш ...е тоа ти е следи мода ...
    Мојава сестра ми вели ....пи си чајче ,...ај не го сакам многу ..лошотија-ми вели венозно да не сакаш да ти го дадеме :lol: А вчера кога се забавуваше не ти беше ништо ... Е ајде сега и тоа и смета ... Не излагувај..ај види ја се затворила дома ...излези им смета што сум се забавувала .Па уште и критика зашто не сум дошла на работа . Абе ко ве шиша - сама сум си свој газда.Ај крај фатиим . Е така се чуствувам некако зезнато :lol Ама да не ми перне па да ги зезнам и денес сите :)
     
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК многу ми е досадно :yawn:
    Ниту вие сте активни денес, незнам каде сте заминале сите.
    Незнам што да јадам, чувствувам глад, но и заситеност во исто време. Чудниот мој организам.
    Веѓите ми се катастрофа, треба да ги средам, да си го исчистам бирото, ама глупавото чувство наречено “мрза“ не ми дава да станам.
    Кафето го испив, иако нема кој да ми гледа, си стои филџанот, па деновиве ќе го измијам, ако имам цврста воља :D
    Шминките стојат рафрлени до секаде, нема веќе каде да ги редам, а истото е со обетките. (ќе си помислите што е оваа олку растурена, ама не е до толку, вешто ги имам прикриено :lol: ).
    Кога ми се оди некаде, кога сакам да излезам, нема каде да одам, а сега при толку места, не ми се оди никаде, ќе прескокнам, ќе си седам дома во топличко.

    Аии што се распишав јас вака... :o Сум напишала 10тина реченици, а како 2 збора да сум кажала :)
    Нема врска.
     
  16. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    искрено.... ужасно, лошо.....некако тешко ми дојде :doh:
    одеднаш се изнервирав, дури и ми се плаче....ама сакам сама себе да си се истепам :fubar:
    само 1 личност е крива за ова, а тоа сум ЈАС...затоа што си се лажам сама себе и си давам лажни надежи дека можеби таму некаде има светли денови исполнети со љубов и за мене :?:
    Си се избедирав максимално....еве и за излегување и журкање ме викаат, ама не ми се мрда....така наеднаш излезе се на површина, морам да го пуштам надвор од мене иначе ќе се задушам.... :x

    Од утре повторно ќе ја читате позитивната и насмеана Гоу...вечерва морам да направам рифреш на мојава душичка и да ослободам простор за оние мали убави нешта кои ме очекуваат :)
    Неможам против судбината, морам да ја прифатам и да се помирам со тоа што ми се случува, но не ми е криво и не се каам зошто направив СЕ што можев и неможев за да биде подобра :!:
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.437
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК мајка ми и пријателката прават баник со сиренце.Ова не се гледа често,па затоа сликав.Да си имам спомен од баникот де... :D
    Ние жените сме чудни суштества...Брзолутки,избувливи,сакаме да бидеме дотерани,да имаме најскапи работи,да бидеме задоволувани,да имаме перфектен живот,пари,среќа,љубов,дечко кој ќе не слуша...За жал животот не е розев,ха!А сите сакаме да биде...Кажав порано,сакам да имам карактер на силна и цврста шкорпија.Секогаш мислења на место,ниту една солза за безвредна работа,најсилен карактер,емотивци само во душата,а не и надвор.Зошто не сум шкорпија? :devil:
    Кога сум тажна,сакам да ме сожалуваат,кога сум среќна сакам сите да го знаат тоа! Зошто? Зошто барам сожалување наместо да седнам со ладна глава да се одбранам?...Хмм...
    Единствено жалам што не можам да го променам неговиот шкорписки карактер.Ете,не можам...Нема назад,се случи тоа што се случи.Тој е шкорпија,јас сум девица,тој е силен,а јас сум емотивец.А карактер е тешко да се смени.Да,тешко е...
    Поразот боли...Да боли! Поразот е тоа што ние жените тешко го прифаќаме.И јас го прифаќам тешко.Инспирација немам,грешките ми кажуваат дека не сум успеала во моите мисли! Грешките претскажуват подобра иднина ако знаеш да ги сфатиш и да ги поправиш...
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Се расположив на крајот од денот , решив 20 задачи сега веќе е подобро :) Планирам вечер да ја посетам баба ми и таму да останам на спиење.Нема трета смена вечерва |-)
     
  19. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    348
    Подобро од вчера,но сеуште постои исчекување за што утре :D
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Денес - подобро од вчера.
    Кога се чувствувам лошо, треба да се изнаплачам, да ме боли главата, 300 расправии, за да дојдам до нешто подобро. Добро, не секогаш е вака ама вчера беше.
    Ајде доста беа жалби. Не сум тип на човек што сака само да се жали и да зборува за своите проблеми.
    Си ги чувам внатре во мене затворени. Можеби не е убаво и тоа, но кога ќе ми текне некој како ми ја пука главата со работи што ме замараат, добра сум си велам.
    Да почнам одново?
    Ај ќе почнам
    Денес се чувствувам убаво, сонце грее, кучињата лаат, мачките дремат. Благо-обезбедено за цел ден, јадење-може и да се прескокни. Убав ден :D