Ме утепа мамурлакот! Ниту ми се јаде, ниту ми се учи , ни да компјутер не ми се седи. Сите желби се исцедени од мене, како корка лимон сум И се мразам кога сум ваква. Си смрзнувам по дома, уште еден пар чорапи ми фали мислам и готова е работава! Ни до вц нема да станам да одам....
Со големи промени во расположението, пмс нели. Среќа дечко ми не е дома, инаку за врат ќе се фатевме веќе
Бев цел ден кај дечко ми и срцето на место ми е сега Си јадевме пуканки , се галевме , ме пазеше златцето Многу убаво ми е цел ден ... исполнета сум
Имам испомешани чувства. бев на свадба си се изнаиграв. Супер бев расположена, дојдов дома и се изнервирав.
Утепано. Работно и денеска. 7 дена по ред. Капитализмот ми ја грицка душата. Зевам како мрдната, симнувам некое филмче со Бетмен и Супермен, прочитав само DC Фанс и знаев дека треба да го гледам. Ми се јаде нешто благичко, ќе го почекам Хуго да донесе. Немам сила да се симнам ниту до продавница. Ми студи, замотана во две ќебиња, ќе пијам малку чајче да си го одморам телото од напнатост и умор. И што научив денеска? Луѓето што немале, а што сега имаат пари - се најбедните, најмизерните, лоши, грозни, одвратни суштества на светот!!! Тие што имале отсекогаш ги сфаќам некако. Уфилмани - да, ама се во свој свет, си фураат друг филм надвор од реалниот, како да ги осудиш кога цел живот се со златно лажиче? Ама овие покондирениве тикви! Арогантни и безобразни, мислат дека се докопале до некое евро и душата сакаат да ти ја извадат! Да те потсетат дека биле како тебе, просто обични, ама неееее, сега веќе не се. Не можат да изнајдат доволно средства и начини како да го прикажат богатството и да ја скријат некогашната беда, ама џабе. Во душата сте скапани. (смајлиштоплука)
како...НИКАКО ете така 10.10.2010 најсреќен ден.....за кого како Настинката ќе помине, главава дефектна боли, ама и тоа ќе помине....физичка болка е. Што со душевната болка?! Како се лечи таа? Ви се случило некогаш да ве боли, а незнаете зошто, незнаете од што....нитку како дошло до тоа.....да бе викаат како дошло - така отишло....ама кога ќе си замине ова грдо чувство? Викенд е бе, остај тоа продолжен викенд и сите кројат планови за шетање, а јас седам и се прашувам што не е во ред со мене Незнам што толку сум направила за овие дваесет и некоја година па така да си игра животот со моите чувства и да ме тестира до која граница можам да издржам.......а верувајте границата се ближи Неможе вечно да се остане смирен, сталожен, како ништо да не допира до тебе.....кога однатре имаш бура од чувства, кога во срцето врие како во котел за топење железо.....мхм и железно срце да имав ќе се стопеше На крајот доаѓам до некој заклучок дека има премногу чувства кои не се кажани, покажани и докажани.....па срценцето е толку малечко а во него собрало толку многу и сега му тежи
ме боли грлото најмногу на свет не можам ни цигара убаво да испушам (ама пак 5 запалив денеска ). немам време да си ја измијам косата до сега бев со другарки, ајдеее кој што слушнал, разбрал... таа е ама сега ќе си мавнам еден туш и со љубовта под ќебенце и филмче... најубавко да ни е едит - ништо не сум јадена цееел ден немам апетит. лелеее ќе си се разболам јас едно убаво... ама ајде
Хмм... Не знам од кај да почнам....Уморно...значи времево како влијае на расположение тоа е чудо МРАЗАМ ЕСЕН Не ми се прави ништо, немам волја за ништоо уфф мразам кога сум ваква депресивна и пасивна...Не ми се јаде, не ми се седи на пц, не ми се искача надвор, ладно ми е...а дечко ми го нема нигдее Уфф сакам да ми помине ова никакво лелееееееееее ќе пукнаааааам
Незнам дали со зборови можам да доловам како се чувствувам и денес,и изминатиов период. Незнам ни дали ќе ме сфати некој,искрено ни јас сама неможам да се сфатам,а рака на срце на никого не сум се ни доверила зашто сум ваква со променливо расположение(ниту планирам),незнам ни што ми е,ни зошто ми е така...Се чувствувам глупаво и си се лутам сама на себе затоа што мислам на бившиот,и не ми се допаѓа тоа што има каква-таква врска.А не го сакам.Не! Во друг момент си се чувствувам убаво што сум си јас-јас и си се гордеам со мене,за пак во наредниот момент да се фатам како мислам на него и си велам глупа си анима,глупава една е така нека ти е,ќе се нервираш кога мислиш на него,а зошто?Да,зошто,не го сакам,мислам дека го мразам,дури и ме нервира,и повеќе нема никогаш да му кренам телефон,и ќе го игнорирам. Го мразам периодов,кога ќе помине?И како ќе заврши?Се чувствувам и изгубено и како да ме фаќа хистерија,и луто и.... Се извинувам однапред на модераторите што на моменти преминав и офф топик можеби,ама така се чувствувам денес,и морав некаде да кажам,да напишам,морав...ако има некоја тема за моменти на глупавост или хистеричност слободно нека ми го преместат мислењето е така се чувствувам!
Искрено физички се осеќам како лајно !! Ме боли грлото носто не престанва да ми течи и се ме болииииииииииииииииииииииииииииии !!! Пијам 903248930254 апчиња иии веќе 3 дена пијам чајјјј ...Ми се смачи -.-...И утре не одам на училиште Иначе психички сум супер xD позз до сите болни а и до другите...
Спиев многу...сега не ми е убаво! И вчера си претерав со алкохолот и ич не ми беше гајле...ама сабјалево... Исто и си премрзнав, глумев како не е ладно, а студов ми проби до коска. Ми се чини дека уште се тресам! И така и јас денес со топлите пијалоци, една од многуте настинати на форумов! Немам желба за учење, ниту за некоја работа да се фатам... можам само да си седам и да си уживкам.
Дијагноза (Успешна операција пациентот полу мртов) Ете така се чуствувам...Целата затната ,нос грло ,на момент топло ми е потоа ми студи, солзи ми излегуваат без потреба од очи...И сите доктори сега да ме лекуваат нема да ме излекуваат ... Резултати океј ,озбилна е далеку од океј.Ај да не се жалам .Жива бомба сум