Вљубена сум во Дени Дукет. Оооо да. Дремам дома, се чувствувам клишеизирано, евентуално, елегантно и фрапантно Не ми се јаде ништо, а сум од 4 до 00 на работа. Ќе си пукнам. Во Штип - врвови! Прекрасен, уморен исполнет, луд провод. Си добив маица, многу љубов, пастрмајлии, дочек како да сум од Осло и плус, едно мило човече со наочари, ми фати око. Скопјаниве, к*р да п*шат! Цензура, за да не бидам лошо сфатена И така, работа, дома, работа, дома... Во 69ка, пот, мишки, гадости, и нормално, средба од трет вид. И дочек со Мјуз на празна автобуска. Енергии се во прашање. Море, нека цркне. Ете така се чувстувам денес.
Нервозноо.. Сите ми идат на живци почнувајќи од моите дома..никој не ме сфаќаа Се чуствувамм без енергија, изнемоштена се ја да се докажувам и правдам пред некого...Калимеро нема правда...зашто луѓето бараат искреност? А кога ќе добијаат не им се свиќа, во ова време што ѓивееме искреност е преценета...а и ја не знам зашто се замарам...треба да си кулирам...и да не ми е гајле за ништо амаа не не можаааааам!! Кога на другите не им гајле за мене зашто па мене да ме гајле за нив? Ауууууф уморна сум од овој живот...немам више сила да се борам, да се докажувам да кажувам...кој што сака нека си прави и нека си мисли... Од сега гледам само на мене да ми е добро...емоционално сум истрошена...ехх кај се времињата кога немаше толку проблеми???
Во понапредна фаза на депресија.Состојбата се манифестира со неконтролирани напади на смеење , изобилство на црн хумор и сарказам , необјаснети емоционални изливи и потреба од дистанца од сиот човечки род. Тоа беше краток опис на моeто душевно ст(р)ање!! Благодариме
Хах истооо, за жал. Веќе не знам на што да мислам или што да направам за да го сменам тоа, да ги тргнам тие мисли од мојава глава ... Се надевам дека нема долго да биде вака, ќе се опоравиме.
паа и не сум баш како што треба денес но се надевам дека ке оди на подобро.зашто мн ме боли глава а и времево е ужаааас
Во овој момент , само Radiohead или Muse можат да ме спасат од потполно лудило. Сакам психотерапевт. Не се зафркавам. Да си имам доволно финансии, ќе му се ставам 3 пати неделно на гости, да си кажам што ми лежи на душичката, да му се изнавикам, изнавриштам и изнаплачам, и на крај кога ќе му се свртам и ќе речам - и сега, чаре?, со магичен одговор очекувам да ми ги реши сите проблеми. Една работа не ми е јасна. Како може најдобрите другарки да немаат грам сфаќање за вашето работно време, за вашите проблеми и напори, па уште се прчат муциња зошто сум била уморна за да излезам, после 7 работни дена? Нели треба да сме другарки и да се разбираме и сфаќаме? Како не бре. Тронка разбирање ниту жал да се немало. Кревам раце. Го гушкам само креветот и Хуго.
Горда на себе сум . За прв пат во мојот живот направив 60 стомачни и 60 грбни , и можам да кажам дека храбро го издржав тоа Смрзната сум , доаѓаат ли топли денови ?!
се чувствувам-скапано, уморно,изнервирано,нафурано,заинаетено,тажно,депресивно, итн ама гајле ми е за све
Овој е еден од многуте денови каде што стискам „Нов Одговор“ и незнам што да напишам. Изгледа денов ми е “онака“ па затоа незнам да напишам. Во средина, ни добар ни лош. Ист како и повеќето денови.
Како што Алис, се опиша во еден нејзин пост. Отечена во очите, со подочњнаци, ни 30 слоја коректор не ме спасуваат, помодрена во очите, како да ме тепал некој. Е така ми е, со одвај 2 часа сон. Бледа како крпа, очите ми се затвораат, и не знам што зборувам. Ама издржав до сега, можам и уште. Да, јас можам! И вечер ќе си легнам, со петлите.
Конечно се стоплив, ах ти моја љубена кварцна печко. Цел ден си шеткам наваму - натаму, професорот вечерва добро не‘ расположи и здраво се изнасмеавме, а и дожд не заврна. Се радувам што утре сум цел ден слободна, па ќе имам време за домаќинлук. Па и бебињава ме нервираат! Види ги ти нив, безобразни. Епа нема! Сам да си купиш!
преубаво, немам зборови да опишам... добро на факс малку се изнервирав, но ми помина кога си дојде срцулето мое. и сега со братучетката праиме забава (само ние двете), утре си оди во Швајцарија, па да го искористиме времето до максимум