Уф, никако. Не само што не сум наспана, туку и грлото ме боли! Полошо амин! А толку работи ме чекаат....на ова ладно.
Ладничко ми е. Малце сум кома затоа што сношти заспав в дневна и сега сум како со чорап мавната по глава, ама нема врска... не ми се седи дома цел ден. МОРАМ да излезам!
Леле душиче...ем жално е ем смешно... Инаку како може да се чувствува женско кога 3-4 дена во месецот мора да ја трпи "тетката од Америка"?!
Ааа.. носето почна да шмрка, ќе го караме. Денес... Па променливо, ем се смеам, ем плачам ( сеа, не баш во иста смисла. ) Ќе видам дали денов ќе ми биде како хороскопот.. А сакам да ми биде .
Уморно, поспано Станав рано да повежбам математика, сега треба да се спремам за во школо , па после одма тренинг ..нема време за одмор
Хормони до таван. Треба да добијам, па утрово, кога пишував песна за татко ми, се расплакав, а после тоа се изнасмеав, од чиста мира. Вибрации, лудила. Мириса на чај во кујна, јас дремам пред пц. Не ми се работи денес, ама морам. Ако сакам нов точак, капут, да и платам на мајка еден третман, морам да работам. Друго... Ништо. Читам стари весници и си вадам парчиња поезија, од ракав. Со драгиот, кој не е веќе драг, чувствувам дека нешто се збива, ама не преземам иницијатива. Го барав, не се јави. Треба да си истетовирам Земи или остави на грб, мислам дека. Доста беа зезанции. Чекорот, својски, ем сам. Подобро немало. Освен, нормално, кога ќе се деси чиста љубов, во што, денес не верувам. Сонував тројца вчера, како ме возљубуваат. Најстрашно од се е тоа што едниот го имам видено двапати во животот, русокос е и зборува како монах. Другиот ми е бившиот што ќе се жени, а третиот е една суварка од човек со крајно забегани сфаќања, и поим немам што бараше во сонот мој. Ќе се преиспитам друг ден Сега сум под емотивни набои. Ајт создравје.
Почнува времево да влијае на мене, зима иде, па станувам како мече што одвај чека да се затвори и да си одреме добри четири-пет месеци Знам дека ме очекува тинтрање на фризер и затоа сум хепи - ќе си ја сменам фризурата, редно е веќе. Одвај го чекам викендов, малку да се тргнам од Скопјево. Аман бе, ќе го засакам ли јас некогаш?
Расположение = 0 Незнам зошто, денес не ми е денот. Не се чувствувам убаво, како да ми фали нешто. И мислам дека мала ситница може да ме направи многу среќна. Но која е таа ситница?
Цела недела ми е за никаде Насекаде околу мене намуртени, кренати фаци-сезнајковци Уф како се нервирам така
Прејадено .. цел ден јадам Неорганизирано , но тоа ќе се смени ( се надевам ) Ми требааа сон Сакам цел ден и цела ноќ да отспијам па после прашајте ме Како се чувствувате денес?
Спиев.. До прееска. Колку да се одморам. Паа... Денов ми поминааа... Прво пеперутките, ме посетија. Во стомакот. Потоааа, Се чувствував убаво. Да,да.... Кога секој 2р се врти, да ве види, се чувствувате убаво, така? Понатака.. Незнам... Моментално, ми треба нешто. Многуууууу ми треба нешто. А финтата е што незнам што ми треба.
Толку сум уморна што едноставно немам желба да правам било што освен да спијам! И денес ме завладеа тоа чувство на поспаност, умор, мрза... само сакам да се излежувам во кревет се додека не заспијам! Свесна сум дека денес сум непријатно друштво,ама сепак ќе му одам на гости кај дечко ми...па можеби ќе ме орасположи и расони Морам да кажам дека еден мој мал гест на внимание денес усреќи една моја драга личност, со тоа се подигна и нивото на моето расположение! Купив подарок и направив убаво изненадување за мојата мила!!! Тоа ме направи посреќна, поисполнета, позадоволна од себе и порадосна што сепак можам да предизвикам насмевка на нечие лице! Понекогаш многу малку треба за да предизвикаме позитвно расположение и кај нас и кај другите! Сепак и после напорен ден можам да кажам дека добро е ако продолжи вака да ми биде! Се надевам...
исто како и времето. некако тмурно... сонував многу и некако ми се исцрпи енергијата така и се разбудив, безживотно... се појавуваат некако сомнежи во мене, се нервирам поради тоа... се сомневам од чиста мира... немам некоја причина еее се мразам кога ќе ме фати ваков период вечерва ќе гледам акција под ќебенце. сама... и се надевам утре нема да врне како денеска па сакам да си се дотеркам и да прошеткам... чувствувам потреба да ме гледаат