Тапа , како и претходниве денови... Всушност многу ми е променливо расположението, еден момент сум среќна потоа ке се сетам на некои работи па ке се изнервирам и нон-стоп така... Тапа, баш тапа
Аа Конечно се чуствувам исполнето... Дечко ми е срцее Иии многуу си го сакаааааааам После добро отспиени 12 сати убав сон...конечно имам енергија...а вечертаа ми беше уште подобрааа си добив плус позитивна енергија, ги наполнив батериите и ми е супер...Обожавам вакви завршетоци на ден....
Чувствувам дека денов ќе ми биде посебен имам најубаво чадорче и би сакала да врне да го рекламирам Среќна сум девојќи од непознати причини ..
Волшебно. Сонував прекрасен сон! Пеев на сцена, облечена во црвен фустан, со дланките споени угоре, а маж во сиво палто свиреше на пијано. Пеев на шпански, страстно, гласно и со ужасна еуфорија. Беше ладна салата (заклучок, ми паднало ќебето) кај што пеев, ама толку убаво чувство не сум имала никогаш! Фала ти животе, за музиката во мене.
Денес дефинитивно не ми е денот, се чуствувам психички ко воз да ме прегазил. Би ставила таблица пред мене како оние во парк што се - само со сменет текст „Не гази ја душава. Ја боли!“ Ајде, пмс-от е виновен, не сум јас. На - една насмевка сосила за сите душмани, кои мислат дека ќе ме скршат Еве една солза за единствениот човек кој знам дека ме следи и кога сум сама Утре ќе биде повторно поарно, сигурна сум.
Никако... скиснав на форум само затоа што чекам да ми ги донесат материјалите за превод. Ах, како немав телефон па да се јавев, да прашав кога ќе дојде човекот... а вака, цел ден на штрек. Барем ќе си излезев...
За никаде некако како мутава цел ден седам праам нешто а сепак не се чувствувам исполнета ми фали добро да се наспијам и сакам да се изнавежбам испотам малку....ааах стари навики во коски ми влегле треба време за прилагодување на промени
Многу чудно и многу сум изненадена.Сретнав еден дечко што ми се допаѓаше мнооогу пред 2 години.Тој замина за Америка и од тогаш не слушнав за него.Го сретнав сега во град(среќа што бев со другарки)и се поздрави со мене ме гушна и ме бакна во уста и ми кажа дека е многу среќен што ме видел зошто ме барал на мобилен и не ме нашол...Ајјј сум се чуствувала многу чудно...Му го дадов бројот и ке го чекам да се јави да пиеме кафенце...Таков бакнеж не бев осетила многу многу долго време дали зошто се бакнувам толку време само со еден незнам
Вчера накиснав на дождот, буквално како да бев под туш. Такси во градов никаде не можев да најдам, а резултатот беше добро очекуван - настинка и температура. Решив денес да одмарам дома со чајче, витамини, по некое филмче и пуштено радио. Надвор сеуште врне, а оваа атмосфера е како измислена за одмор и спиење.
Изморена...чекам и овој ден да заврши..вчера настинав..па сега носот затнат, грлото ме боле...никакво расположение..ладно време..ужас