ми се спие ,а не можам да спијам треба да ЧИТАМ ,значи се чувствувам најмрзеливо и најдосадно и најпоспано и најгрозно како времево
Убаво, со оглед на фактот што ја имам Црвенкапа прв ден на гости. Планирам конечно да се видам со другарка ми, да пиеме кафе на раат и да потрачариме малку. Цела една недела како ја немам видено. Во сабота договорив нова презентација, за да фатам некое париче плус и конечно да земам карти за Nouvelle Vague. Им се радувам како мало детенце. Ми фалат неколку материјални работи, некоја нова книга, нови чизми и некое блузуле не би ми било на одмет. Но, од друга страна, имам се' што ме исполнува духовно. Па сум среќна. Вљубена... до небото и назад. Ма дури ни небото не ми е граница мене.
Сите овие денови ми се чинат исти. Ладно ми е. Срцето ми е ладно. Во мене повеќе нема ништо. Јас сум само оклоп од некој што повеќе не го знам. Странец. Чекам правецот да ме однесе.
Добро е. Фино.Учев и сега пак... Не дозволив дождот да ме уништи денес. Расположението е ..Чекајќи одговор кој можеби нема да ми се допадне... Убаво е кога си заљубен.
Петсто збрки направив денеска, паметот ми шетка. Имам преемногу вишок енергија, а времево не е за излегување, па си најдов нова занимација - мавам со топче по ѕид се дур не ми здосади или пак дур не им здосадам на моите. За да ми биде повозбудливо идниот пат ќе залепам слика од Џастина Бибер или Едвард, па по неа ќе мавам. Мора некаде да оди енергијава. Утре ќе шмугнам и ќе одам на кафе, си заслужив одмор, ме умреа со наставни. Се потсетив на убавите спомени од летото, ех кога би можела да го вратам времето некој месец назад...
денеска сум ептен среќна .. можеби ќе звучи глупаво и просто, ама што да правам кога не може да биде посложено .. бев во градинката кај учителката (со која сме пријатели) и ја посетив .. таа чуваше едни дечиња од 4-4.5 години, а јас како што сум голем дечар децата се нешто што ме прават многу среќна .. кога почнав да им зборувам се и сешто, да ги занимавам ехеее ... крајот не ми се гледаше .... ама баш во градинка ли? (ќе си кажете сега, она толкава, во градинка ) е ако де ... ама не бев зашто сакав .. требаше на жената да и однесам нешто, преку мама па затоа отидов, (не е правдање, ств. така беше ) е така .. ама мојот ден беше исполнет со многу насмевка и убави чувства !!!! денешниот ден ми е некако многу топ
Kako стара мома Навистина, од денес само јас ја имам таа „привилегија“ да седам дома без друштво, да не одам по комшии, пу, пу, па дури и да не ги гледам децата кои се на 14 години и изиграваат шмизли, а уште помалку оние малечките од 5-6, ќе ме наречат педофилка Останав сама во маалово ај!
Моментално, ми е мука што се најадов толкуууууу Па што да правам, гладна како волк доаѓам од школо 2ра смена секогаш П.с. Ми треба цигара, да.
Сакам да кажам... Гоу е најголемиот сонувач! Сонувам со отворени очи и се надевам најсилно на нешто убаво Викаат КАРМА....кај мене може да е расипан тој процес некаде има блокада Ајде си велам да се преиспитам....дадов зелено светло, бев комуникативна, учитива, расположена, поделив и скромен комплимент, дадов на знаење дека сум заинтересирана....а добив игнорирање, глумење, цинизам, трачарење, празни ветувања, лажни комплименти. Каде е проблемот....во мене НЕ....во другата страна НАЈВЕРОЈАТНО Не е само оваа ситуација, има многу такви кои ме поттикнаа на вакво размислување....даваш се од себе, се надеваш, веруваш, замижуваш и силно посакуваш да се остварат твоите желби....не забележуваш на малите грешки и пропусти кои се прават додека го очекуваш ОНА УБАВОТО, не дозволуваш во ниеден момент да те обземе песимизам, не се лутиш на тие ситници, не замеруваш.... Но што дочекуваш разочарување, па тоа е мал збор......она што го добиваш е лага и уште една и уште една, се трупаат една врз друга и градат ѕид во кој се удираш и паѓаш без грам сили, изморена од обидување од надевање, го гледаш ѕидот и велиш МОРАМ ДА ЈА СМЕНАМ НАСОКАТА, иако срцето ти вели дека ако нозете тргнат на друга страна тоа ќе остане тука и ќе чека и ќе се надева.... Прашањето е ШТО СЕГА? Со срце или со ум?
измалтретирано до даска,значи избоцкана во двете раце поради испитувања кои сама си ги предложив зошто овие нашите доктори ништо не ме упатуваат,а после тоа на факс до 3 со пациенти ,значи уморна суууум хронично,спиев до сега и сега глава ми пука.од спиењето не ми поимна повеќе ме боли,сега ќе фаќам книга и више пукнав незнам каде да се обратам
денеска се чувствувам јас ... евентуално ... изморено ... задоволна зашто имам цел куп нови другарчиња на факс ... горда зашто сум пак во право за се ... тажна зашто на факс нема ништо да положам ... пренајадено и пренапиено иии ме фаќа дремка .
Абе се си беше океј. Насмеана, заљубена, дојдов дома седнав на фб и се изнервирав. Катакомбааа престани веќе еднаш ќе јадеш шамар.
Уморно, уморна сум од дождот, само уште тој ми фали Не знам да штедам, се нервирам оти не си купив ништо, ама мора да заштедам, и преку глава ми е од него, кога ке ми се тргне од мисли
утринско гушкање, бакнеш пред работа така ми започна денот. топол збор те сакам... ме облеа чуство на милост онака како да сте најмалото камче кое сите го гледаат, пазат и внимаваат да не се изгуби........ се почуствувам посебно иако навистина немаше потреба за тоа. зашто секогаш сите ми угодуваат..... убаво ми е и навистина се чуствувам среќно за сите позитивно собрани комплименти од повеќе драги особи