Во моментов феноменално Конечно ги изрешив 111те задачи по математика после неколку дена вежбање, сега сум спремна и без нервози. Едно гајле помалку, ај уште оваа пеколна недела потоа ќе ги полнам батериите
Зошто ми е толку тешко да го оставам минатото позади себе? Да ги заборавам тие личности, што мене веќе одамна ме заборавиле? Зошто толку многу се плашам од нов почеток? Така ми помина денот, разрешувајќи ги овие прашања. Патетична сум веќе!
http://www.youtube.com/watch?v=tv_DcRYX ... re=related Вака некако. Е ова го сонував, само имаше повеќе страст одошто солзи во сонот. Дома сум, после работа, досадно многу. Се избрукав прееска во обид да испратам една слика кај дотична една особа, ама го сфатив мојот блам како знак дека НЕ СМЕАМ да се обидувам никогаш ништо повеќе. Од никаде нигде, ме отпоздравуваат еден куп луѓе. А надвор времево плаче, ли плаче. За кого, само...?
Како се чувствувам денес? Не сакам да ширам негативна енергија , ама редно е и Лукс еднаш да не биде убаво расположена . Се чувствувам како да ми потонале сите бродови во вода, знам не треба до толку да се замарам, ама посилно е од мене.Никакво, низаедно мое мозоче, само ме измачува, ми се чини ми работи со брзината на светлината, дури и кога спијам сигурно нешто размислувам. Голем анализатор сум и најчесто пред да заспиајм ако не ги сумирам, анализирам впечатоците , моите постапки во изминатиот ден , па дури и нешто што се случило порано, не можам да заспијам.Вчера мислев дека главата ќе ми експлодира. Мислите ми поминуваа како молна и на крај се потсетив на сите неубави работи , на сите шамари што ми ги мавнал животот и на сите лекции што ми ги приредил, не можев да заспијам долго време размислувајќи, знам само дека пред да заспијам ја ставив главата во перница и пуштив некоја горчлива солза, без никој да ме чуе.
Преуморно. Спиена сум 12 саати, а цел ден на школо не можев очи да отворам и плус се успав Поубаво да си спијам по 5-6 саати, изгледа ова спиењево многу не ми одговара.
Недефинирано, така се чуствувам На моменти ми се спие, ме фаќа дожлива депресија , на моменти се газам од смеење, па после ми доаѓа да истепам некој од ова ПМС-во, па глава ме боли, па пак се смејам и така. Па еве за сите нерасположени една песничка. Да ве пресмее http://www.youtube.com/watch?v=s8-FwaNospo
Супер. Мислам само на забави, журкања, излерувања, мислам дека си заслужив А оваа болка што ми се јави, уф се надевам не е ништо сериозно. Како да кажам кога ми е срам
Ми се ...не се издржува веќе...колку и да сум силна не можам емотивноста ме убива...сакам веќе и јас да сум исполнета во секоја смисла, буквално исполнета и среќна ...Знам дека нешто ми прави блокади на се што и да сакам да ми се исполни, едноставно не дозволува...неправеден е животов П.С. Го слушам Ричард Маркс...песниве негови ме "убиваат", а ми се навраќаат и спомени од убави времиња
Стомаков ќе ми пукне.... епа така ми е кога сум лакома и не знам колку јадам Иначе се чувствувам многу расположено, дури и на факултет убаво си поминав, за чудо. Опуштената прошетка со едвај познати луѓе ме релаксираше.... а вечерва ме чека добра забава во пижами со Емили Роуз
Никако, исфрустрирано до даска, не памтам кога последен пат сум имала ваков лош ден... Ваква сум цел ден, сум се тресела од нервоза. Аххх кога ќе ми дојде паметот
Се чувствувам како да ми поминал целиот живот пред компјутер, чекајќи одредена особа да биде достапна за разговор. Се чувствувам тажно. Знам, ќе помине.
Никако! За никаде сум.Уште настината,нервозна,нерасположена. Ништо не можам и не сакам да правам.Мрзоволна. Бетер и од кога ме фаќа ПМС.
малце убаво...малце неубаво променливо облачно со сончеви периоди Неможам да си се дефинирам....ама пробувам некои нови методи и тактики Момент кога немам одговор на прашањата....а зашто...хмммм затоа што не размислувам со глава туку со срце Една блиска личност која ме знае неколку години ми кажа дека откако ме знае јас сум заљубена Без разлика во кој, јас континуирано сум заљубена, кога ќе се разочарам од еден како со магично стапче наоѓам друг....само што не секогаш ми е возвратено Можеби сум само заљубена во љубовта, во тоа прекрасно чувство....а не во конретна личност да да феминки кај мене и тоа е можно