1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Денес.... никакво уствари во последниве месец дена најубаво се осекав денес :D бев сама и немав со кој да се карам и кој да ми создава стресови иначе обично секој ден се карам :devil:
     
  2. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Не знам ни јас како. Сите чувства и мисли ми се испомешани. Премногу сум скршена. Не го чувствувам срцето. Нејќам да живеам во вакви денови.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Колку си ми душичка... :( ...Немој од сега вака млада си..те чека живот кој не мази верувај. :(
     
    На katakomba24 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Неделничко чувство кое некогаш знаеше да ми носи немир со причина, сега ми е убав денов, исполнет и доволно е..
    Сега одам под туш, требаше малку порано ама се задржав овде и воопшто не жалам :)
    Ќе се вратам јас за брзо ама да дозавршам уште некои работи.

    Едит Требаше постов да го пишам пред 10тина минути ама имав отворено две страни сум го напишала ама не сум стегнала испрати. :tmi:
    И сега ќе си чекам вода, ууф како си се зафркнав ама не ми е мака де, сакам да ве дружам аеее тушон не ми бега , ќе ме почека малку ако не сака да му се скарам :D
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Дека сум тапа.
    И ќе идам да акам низ маало со Менди, зошто во спротивно, ќе си ја удрам главата од ѕид.
    Со Тања заклучивме дека и двете сме се поставиле во животот како борци кои станале прерано родители на сопствените родители.
    Ама е гадно тоа спознание.
    До 4 саат вчера пиевме вино, расправавме за Флоренс енд д машин и јадевме пастрмајлии.
    Ме зезаат дека сум од Осло, ради џиш пембе патиките и наочарите, и претежно цела гардероба, што ми е психотично хистерично шарена.
    Дури еден другар, ми искоментира во два три наврати дека го плашам.
    Епа што сеа.
    Дремам, и чекам да добијам.
    Овој, знаев зашто го нема.
    Со детски работи се занимавал, а мене ме боли мадето што го немам за неговите прошлости.
    Јас моите полека ги оставам да фатат прашина, иако, реално, би ги обновила, ама немам сила за тоа.
    Изедов огромна лесковачка прееска и сега ждригам како нилски коњ, си ги излакирав ноктите и комплетно ми е досадно.
    Прочитав едно мало збирче поезија од Сицилијанец еден, ме фрапираше. Се вика Тагата има само едно име.
    Јас можам да и дадам барем тринаесет. Ама кој ме прашува мене. Башка типот е умрен, и сигурно почива со лимоновите дрвца некаде по тоа сончевата Сицилија.
    Натка ми купила кутија за кондоми.
    Роденденот на А беше крајно тапа. Плус, се исправаа криви Дрини околу мојата музичка кариера и квалитет.
    Мрзам кога ме ставаат во уста луѓе со расипани заби.
    Како и да е, салут!
    Претерав со реденкиве од зборови, ама ми е сеедно. Рамнодушна сум како полжав. 8)
     
    На dushe555 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    како да ме прегазил шлепер :doh:
    омалаксаност, температура, ме боли секое ковче :worried:
    незнам што ми стана наеднаш, а баш имав испланирано јака вечер со многу алкохол и хип хоп :D
    само здравјето пред се.... :!:
    ќе си седам дома, нема да се праам шизик на ризик :rofl:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.880
    Пол:
    Женски
    Уф имам некое ептен лошо претчувство. Само некои црни мисли ми се завртеле во главава и никако да се ослободам од нив. Цел ден срцево стотка ми иде :worried: Башка што цел грб ми е укочен, вратот, изгледа треба да одам на физикална малку да се оправам. Море да одам на бања најдобро. Само за таму сум. За во Панада :D
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Ептен се нервирам кога некое хитче хитовско ќе ми се влепи во увце и оди па истерај го.
    Оваа Рајна има добра песничка, а богами и боја на косичка. И јас се думам два и повеќе месеци уназад да се исфарбам црвена (повторно), ама сега она се направила морков, и сите ќе речат - еве ја, виде од неа.
    :devil:
    А сум била црвена, жими мама и сонцето. И црна и тегет и лила. Лилееееее ...
    Недела, ден за лакирање ноктиња? Прочитав неколку феминки се лакирале, јас не заостанувам.
    Ги галам картите за Nouvelle Vague како да се влез за некоја рајска градина.
    Има да танцувам, да потпевнувам, и да се стискам и бакнувам, како тинејџерка.
    Башка, имам и ново маиче. Специјално за пригодата. Мама ми се смее, вика само ти купуваш нови парченца специјално за такви настани.
    Амори викам, сакам за убави моменти да ме врзуваат парчиња облека и мирис и вкус и боја.
    Ветрушка се чувствувам.

    Оваа вљубеност ќе ме убие, кај и да е...
    И будна сонувам.
    Анализирам исти нешта по милијарда пати и на крај се чудам како светот си го има тој луксуз да не се заморува ама баш околу ниту едно прашање.
    Важно јас мислам на се'. И на сите. :)
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    И дај Боже да ти трае цела вечност таа заљубеност и љубовта со Д! :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    5.616
    Речиси секој ден ја отворам темата и не можам ништо да напишам, имам проблем со изразување на мисли и чувства со зборови, јас сум подобра на дела. И преку глава ми е веќе :!: не дека не ме прашуваат, туку и ми се лутат што сум толку интровертна, ама животот ме научил да бидам таква, се да поднесувам без да се жалам, ама еве денес ми дојде да си олеснам и не знам од каде да започнам :doh:
    Денес не се чувствувам како празно тело сум, безгравитационо :tmi:
     
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    на сета мака ќе запеам :rofl:
    ...горим зноим се
    за свој живот боим се
    пулс ми пипају
    где ме боли питају
    и траже траже
    жариште траже
    мали враже само мој....

    Си викам ајде малаксана, ништо не ми е, ништо не ми е.....ништо не ми е.....море дај топломерот и ШОК температура на завидно ниво....надвор -10, а јас + 37,8 :fubar:
    бетер замајана сум и од пијана....ова трезна пијана :x
     
  12. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    уморно.праевме ајвар денеска цел ден од сабајле до вечер,а едно ветриште цел ден дува ли дува,кај се најде баш денеска.цркнав.кој го измисли ова ајваров да знам само :D
    го гледам креветот и се канам да си легнам.у последно време многу касно легнувам поточно многу рано сабајле у 4-5 и после спиј до 12.не сакам таков нарушен биоритам.треба да го регулирам.ама се некако ај од утре.не вецерва дефинитино порано ке легнам. :D
    ми недостига моето сонценце кој че чека 2-3 недели додека го видам..а шо ке праам ако треба да се разделиме на подолго време,наскоро :( сега му викам иди,ама кога ке дојде моментот да замине.. :?:
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    Релативно добро.Конечно се наспав овие 2-3 дена,се одморив,читнав малце од лекциите и сега со нови сили за оваа недела..Од утре пак на факултет и на досадните предавања... :puke:
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Па уморна сум, ама задоволна, денов не испадна толку напорен ко што очекував, се си идеше како подмачкано, сеа одмарам, се препуштам на фемина и уживам со кафенце и цигарче... ммм најубаво ми е
     
  15. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    После синоќешниот прекрасен секс денес се чувствувам прекрасно.
    И цел ден се чувствувам среќна,но и мрзлива сум. :)
     
  16. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    малку поспано но еве супер ми е овде на фемина :*
     
  17. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Се спремам да учам за казнена сесија, ама бајаги одбивност имам овој период кон книгава. И така ме фаќа нервоза по малце, па сеа ќе матнам едно кафе па ваљда ќе ми дојде желба...а?! :(
     
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Моментално,уморно... Капациве на очиве ми паѓаат. Ми се спие.
    Иначе се најадов... И не сум свесна колку јадам... И вчера и денес.
    Веројатно сум во Пмс...... Ако не сум, ова не сум јас дефонитивно. :x :x :x :x
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Грлово ме репа напразно :D :D Аааааа од утре купувам чај за искашлување (иако нема што да се искашла). И „душава ми плаче“ ( ]:) ) за неа кутрата. Оф душичка, ами како мори така? :| :| :|
    Море малце ти е :D
    Ет така, си се ситам на туѓата несреќа и супер ми е. И гајле ми е. И сум чиста Дана, со водена коса и нокти за сечење.
    Мх!
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Седејќи на дождот, поставив нови критериуми, морам нешто да оставам освен солзи кои ги има доволно.

    • 1. Карактерот ми е таков и сум премногу чувствителна, склона сум кон тоа да се надевам на многу, а да останам со празни раце, па потоа да бидам тажна. Така ќе биде секогаш и морам да се навикнам на тоа.

      2. Никогаш нема да можам да направам баланс и да го оддржам животот рамен, се да биде розово подолг период. Ќе се смеам со сонцето, а ќе тагувам со месечината, додека музиката ќе ми биде најдобриот пријател кој никогаш нема да ме напушти.

      3. Барем да се обидам да ги усреќам луѓето околу мене, кога не можам самата. Мора да излезе некој среќен во целава ситуација, барем нешто малку да ми ја исполни душата. Не се сакам себеси, но затоа многу ги сакам и ценам другите. Земете се, не барам ништо за возврат. Ќе ви помагам се дур можам. Барајте ме во сред ноќ, не се лутам, тука сум во секое време. Барајте ме за се... земете ми се, се што е мое е ваше, а вашето е само ваше.

    Не дозволував други да ме водат во животот, а сега сфатив дека бев доволно „паметна“ да го уништам сама.