СуууУУУУпееерр Задоволна од моите потфати! Хеј, и јас сум знаела да касам бе? Жално што ретко се освестувам, простувам и простувам, се додека не направат од мене депресивна искубана плавуша! Оффф...сега сум лесна ко пердув, олеснета, таман!
Денес..вртоглаво. Цел ден ми се врти у глава..чекам да се јават за утре па нестрплива сум....а треба цел ден на нозе да сум..уфф како и да е нервозно нешто се осеќам.
Денес сум изморена (цела ден лежам и пак така се чувствувам)болна сум се разболев цела ден чај пијам ахххххх.....
Еуфорично. Конечно, после 10 месеци тегавење, земав да пишувам магистерска. Сега, вечерва. И тоа не на темата што ја планирав. Така некако ми дојде, ми светна, откровение, неверојатна работа. Ги сакам деновите кога нешто што ми било пред очи толку време ми станува јасно. И сакам нови работи. Не можев да напишам ни страна додека мислев дека ќе работам на нешто за кое имам познавања. Кога решив да земам сосема нова област - мрдна работава. Зошто имам толку голема потреба од промени??? Среќа што ја канализирам, иначе може лошо да се одрази )
Убаво ми е, и покрај катастрофалното време Задоволна сум од самата себе, прекрасно е кога ќе бидеш награден за трудот што си го вложил
Цел ден ми се солзите во очи! Малку ми требаше да се расплакам...цел ден стегав заби за да не покажам колку лошо се чувствувам! најтешко ми е тоа што сама предизвикав да се чувствувам толку никакво, а вообичаено гневот го истурив на дечко ми! Го посрамотив дечко ми, не го исполнив даденото ветување (а тоа многу ме повредува) се однесувам како недозреана тинејџерка....многу лошо, невообичаено за мене... Нема да отидам никаде...пижамите ги облеков уште од 21 часот, а тоа е богами голем знак кој укажува на тоа колку ми е никакво расположението! Собата ми е во тотален неред, ништо не е на своето место... а јас ко идиот зјапам во компјутерот, нешто читам ама информациите само визуелно ги примам... И сеуште ми се плаче, сама предизвкувам проблеми, комплицирам, навредувам, јас сум денес многу лошо друштво! Ова е еден од тие денови кога ми пречи се живо околу мене! Не е ПМС...а баш би сакала да е, за да можам да си го опрвадам ова лошо чувство што ме гуши цел ден!
Се чуствувам многу празно , се наогам во тешка депресија. Се трудам да започнам нешто со работа но никако не ми оди.... Ч)
Сакам да му пркосам на сивото време и дождецот, сакам да напишам песна и нов расказ, меѓутоа тешко дека ќе се инспирирам на работното место. Вчера не ми донесе ништо друго, освен хронична мигрена, но за чудо, додека се урлаше низ канцеларија, јас некако се исклучив и како помалку да допираа викотниците до мене. Што има да се нервирам, јас сум платена за мојата работа и делумно да ги трпам комплексите и фрустрациите од претпоставените. So be it. Онака, меланхолична летаргија ме фаќа, како би се пикнала сега под ќебе со пуканки и убаво филмче, да се гушкам и галам цел ден... И нека врне, би правела банички, би шетала гола низ дома и би пеела под туш... Е НЕМА!
Oнака тажно,затемнати соби,кафе до мене и тивка музика...мирувам се додека не се разбуди керка ми толку ми е тешко што имаме нов член во фамилијата а толку сум далеку и неможам да го видам и држам в раце о далечино пуста остани....
средно добро не пријавив испит а и што ке одам да се брукам еднаш веке паднав се мразам што не сум сериозна а толку пари дадов.Се нервирам имам рата од кредит пусти пари не стигнуват,само долгови.Мака ми е за другарката се скара со дечкото и неа цело сабајле ја мислам.Времето тмурно ми смета и ми влијае да не сум расположена.
Грлото... ПАК Ама си купив чајче, има да се среди. Се‘ некако фати да ме нервира, а и ми доаѓаше да си заспијам на предавање, толку досадно во живот не ми било. Некако сум бесчувствителна, се‘ ми е рамно, ми е гајле. Веќе забележувам колку глупав пост сум напишала, поглупав немам напишано, па редно е да прекинам.
Возбудена, сега ме фати конечно возбуда. Утре ќе си ја пеам Едит Пиаф...и ќе испијам една чаша винце во негово име!
Чудно, многу чудно. Ги гледам луќето како мравки наваму натаму и се чудам А каде сите ние толку брзаме? Уште ќе си се чудам, се додека не добијам одговор....
Кивам,кивам.. Ова не е на арно... Од многу кивање и ми засолзеа очите Поднаучено, абе мислам Ајнштајн сум,што одвај од сабајле 2 лекции научив. Сега му е мајката!
Се уште поспана, си го пијам кафето и чекам да делува, а вака што знам, ни весела, ни тажна, некако индиферентна ама очекувам во текот на денот дека ќе бидам среќна бидејќи очекувам нешто
Држи вода муабетот дека ако станеш порано, поубаво ќе ти почне денот. Имав време и за кафе, и за лежерно спремање...и стигнав на време на факс, појадував, се социлизирав. И баш фино! Ама, сега сум утепана, подочњаците почнаа да се приметуваат и концентрацијата да ми паѓа. Е така! Не сум особено расположена, ми се спие.