Паа ништо посебно возбудена заради убава оценка во школо си го пијам кафете и чекам да почне да делува зошто ќе заспам
Напалено ете така се осеќам !! Безобразно , ама јас заминав на попаметна дестинација Отидов на редтјуб не ми е местото тука ...ако се распишам јадам бан сигурно
Пресреќно! Не дозволувам никој да ми го расипе расположението. Не се карам денес, за НИШТО. (Работава е имам наочари неслушам )
Преуморено... Деновиве ми се презафатени, грбот ме боли, стварно имам некаков проблем со него Никако да се оправам. Само кога ќе дојдам дома сонце ме огрева. Душата моја ме чека со насмевка, со бакнеж и топла прегратка Се можам да претрпам за тој единствен момент...
главата ме боли, пак ме фатија синусите амааааан веќе од нив. и некако нервозна сум... edit: тешко ми е тешко ми е од чиста мира... не можам ппвеќе да издржам овде... си ги голтам олзите и само воздивнувам! очајно сакам да заминам од овде... ме гуши атмосферата, воздухот... уффф не можам повеќе
оффи те разбирам ... јас страдам два месеци и повеќе и кој знае уште колку понатака ке страдам ... има и пострадалници од тебе во оваа категорија и се чувствувам преморено не можам да учам ...
Се чувствувам супер.Денес некако посебно бев расположена,изгледа сонцево што за кратко се појави денес влијаеше на мене
Без реченици, сакам да кажам ама не можам да речам ми е работава, не дека имам нешто посебно за кажување, чисто онака за споделување на впечатоците од денес, ама уста не ми се отвара, кога одам од една крајност во друга , до кога вака? Пет дена без престан можам да дрдорам , дури моите дома некогаш ми викаат не те заболе устата од зборување? е сега е обратно, како устата навистина да ме заболе и не ми се зборува сигурно ги потрошив речениците за денеска тоа ќе да е ЕДИТ да се разбереме не дрдорам безврзланци туку нешто пак филозофирам и сигурно ги замарам дома , загреота
^ Можда лимитот го имаш надминато Јас, пак, како што може да забележите сум крајно позитивно расположена за шегување. Ех ама сум се израдувала преска во комбинација со гордоста сама на себеси и на сопствената убедувачка способност. Да живеат роговите!
Повредено и разочарано но како и да е, простувам но не заборавам..Простувањето не го менува минатото, но сепак ја збогатува иднината
Исцрпено ама исполнето, иако мораше да истрпам особи многу на живци што ми одеа и минуси што ми зрачеа ама не се изнервирав Тоа е ај мора да се трпи секогаш по нешто. Инаку вечерва дома ќе си бидам и на компјутер ке си киснам и ќе си се топлам цела вечер и после ќе си се изнаспијам оти утре сум поручек на факултет
Никако. Како водена боичка што е повеќе со вода отколку со боја. Онака матна, бледа...и за ништо не ме бива.
Сега се разбудив, а ми се спие ненормално многу... Спиев 12 часа и пак сум ненаспана... Да видам шо има на фемина и назад пак во кревет