Сфаќам дека единственото нешто кое ќе ме одржи во баланс и рамнотежа во овој живот се ваквите вечери. Убаво музиче, многу танцување, магична енергија до небо, а јас заборавам на сите проблеми, се' додека те држам за рака и те бакнувам нежно во вратот. Некако коцките се подредуваат и ми е убаво, јас сум типичен контрол фрик и сакам да ми биде под конец. Ќе беше поубаво да успеевме после концертот да си дојдеме заедно дома и да поспиеме , но оставивме за друг ден. Вчера те поседував , и ти мене, заедно се поседуваме. И нема, апсолутно НЕМА поубаво чувство на светот од тоа. Да припаѓаш некому, и некој да ти припаѓа само на тебе. Ќе заспијам со мислата како мојот свет има смисла. п.с. жените се прави кокошки кои немаат култура за уметниците. не престанаа да кокодакаат, жими се' сакав да убијам неколку!
Овој ден ми е хаос , кога тогаш ќе се мрднам од умот од таа моја работа Човече минус 6000 ццццц!!!! Па ова го нема ни во Тунгузија !!!
Уморна сум веќе од учење..тестови, испитувања Како напнале оваа година екстерни ќе имало и ајде секој ден тест, а не дека ќе има Ми треба одмор, како добро ќе ми дојде викендов..само го молам да побрза
Уфф, доста се изнервирав уште рано сабајле, комшивката уште спиев во кревет ми sвони на врата ненајавена кафе да сме пиеле, лелеее грам култура да се немало
одлично.... релаксирано, влегов во светот на фантазиите мои и праење филмчиња... кај и да е треба да почнам да учам може ке се разбудам
Фервексирано, со бас линија во гласот. Вчера беше отмено, пулсирачки, страствено, но еден грам, од нешто, ми фалеше. Не знам точно што, ама некако... Нијансичка некоја, дали во преформанс, дали недостаток на некоја песна, или моето уво толку се кредитирало на музика, што сега деформирано ми изгледа се’. Генерално, задоволна. И болна. Баратам со рими денес, е! Со водолијата денес сме заедно на работа, ќе се занасаме А вечер, би едно чајче во Пјаца, и малку муабети релаксирани... Словенецон сака да ме земе за жена, а има двегодишна врска. Без памет, мажи, нели. Чувајте си го здравјето денес, феминки драги. Гушкам, многу.
Хммм онака...релаксирачки Убаво ми дома...после напорниот ден на школо...значи кога ме закараат по се ме изредија ама не се жалам горда сум на своите исцрпни одговори И тоа....ми недостигаат друшките,сакам да си пијнам кафенце со нив да си помуабетиме ме плаши помислата дека од другата година бетер ќе е,одвај во месецот дали ќе пијнуваме кафенце..ахх сакам си ги временцата кога беа средношколки па не дружеа по цел ден Ама ајде викенд од утре Имајте убав ден
Се чувствувам чудно, до сега не сум чувствувала ништо слично на ова, дали е љубов или некаква си опсесија, но неможам да престанам да премотувам одредени ситуации во главата. Се чувствувам беспомошно.... Се надевам дека се' ќе се среди вечерва.
Испомешани чувства. Се нервирам не можам да запомнам неколку табели, а имам за учење за утре, но како кога сум возбудена. Ете што може да направи една порака.
Денес како и секој друг досаден ден. Цел ден ми се спие, нашкола се беше хаос а јас си дремкам на клупа и си слушам музика. Во мене поминуваат 396 мисли а никој не смее да знае за тоа што го мислам (знам). Сега сум овде малку изнервирана, а порано седнував на компјутер и знаев дека некој ке ме насмее. Сега седнувам и знам дека некој ќе ме изнервира. Затоа и ме немаше 4 дена.
денеска сум си лута самата на себе! и треба да сум лута, ете така... на момент се појави убаво расположение во мене кога ми ја соопшти дечко ми веста... ама еве пак се вратив на старото... вечер излегувам со женско друштво, ајде може тие ќе успеат да ме насмеат малку
Никако.. Имам треска, главоболка, дури и ме боли стомакот, ми се врти, ми се спие, одвај се држам на нозе.
Изморено. Ми треба сега моментално една топла гушка од дечко ми, и така заедно да си седнеме на топлово кај мене , да си гледаме филм. Па смеење, гушкање, разменување бакнежи. Ми треба тоа! А не монотонијава, само седење пред ПЦ.И тоа и тоа и тоа. Ме мава депресија вака.
Убаво среќно и ненаспано, се додека не видов една сцена која го извлече сиот мој бес на површина, а знаев дека немам некоја палка во близина
Грдо како и секој ден . Изморено (а немам ништо фанато) , ми треба време да си ја одморам главата од секакви глупости ми треба да се изолирам една ден.