Може да се каже добро , но подобро би било кога би немала обврски и би заминала на по едно кафе некаде надвор од на работа...но тоа е тоа
од едно ќе се откачам...друго ќе закачам веќе вака не го бива 2 недели со настинки, грипови и температури и таман СЕ тоа јуначки од нога го поминав....дојде паметов да ме мачи сега им текна на осмициве дека немаат место да излезат ба полат ли болат....цела глава ми ја зашеметија Несакам памет да ми дојде, убаво ми е вака и без памет.....полесно е Изгледа станав имуна на аналгин, како бомбончиња си ги пијам....мора да се најде нешто појако, или да се свртам на природни лекарства како ракиичка домашна....да баталам синетика
Нервозно,избегавам да се нервирам,кај сум во пмс,треба теткава да доаѓа, а плус што се нервирам за други работи и ужас
денес ... сега убаво ... среќно ... исполнето .. и не се замарам со глупости .... Си дојде мама од работа и ми купила цел куп најубави маркери ... знае жената како полесно учам и мисли на мене ... и мобилните се растурија од ѕвонење денес .. убаво е кога на некој му требаш ... убаво е кога некој сака да те слушне... убаво е кога некој сака да сподели нешто со тебе и убаво е кога некој се јавува само да праша како си .... за сите вредни личности во мојов живот ...
Збунето, ми се плаче. Осамено некако...Немам за ништо желба. Не сум излегла со денови, месеци...и година ќе се стори. Уморна сум нон стоп, како90 годишна бабетина сум, само нешто ме боли, цела енергија ми е исцедена Не знам веќе што со себе Не можам веќе да му се жалам и си реков дека нема повеќе да му плачам и него да го замарам, па и он си има проблеми. И ова не ми се пишува...Мислам дека најмногу кукам по форумов, ама морам негде, мислам дека ќе експлодирам од внатре... Топка ми се собира и се дува, само не знам кога ќе пукне
Алооо виножитке, ајт престани да се жалиш, натерај си го мозокот да ти се разведри, да не те натерам јас со ОВА ->... Ка ќе те треснам по г'зенцето .... има ваква да бидеш Еве ти и сликички за ново аватарче.... И една гратис фотка од мене
Tажно. Ова го пишувам плачејки. Има ли ден во кој цел ден ќе бидам среќна ? Стварно ова од мајка ми не го очекував. Ептен сум осамена се чуствувам како сама на светов.
Убав, пријатен и сончев ден, би сакала и моите мисли да бидат такви денес. Се чуствувам океј, за мене тоа е најлошо.
Одвај чекав да дојде сабота да се прееееееспијам. Станувам сабајле ко автобус да ме бапнал! Не е фер. Ама ај со кафенцево некако се стабилизирав. Сабота е. Мора да имам добро расположение. Посебно по убавиот петок, мора да има убава сабота и недела. Мора!
Вчера како во луд ПМС, денес расположена, може зашто е викенд. И баш онака домаќински од сабајле си шетав да си купувам работи за дома, си ја средуваме куќичката и баш сум happy... Заклучив дека функционирам на соларна енергија... на вакви денови бликам од среќа, а кога е тмурно, темно, врнежливо ништо не ми се прави. Се чудам што ќе правам зимава, ако дедо Боже не ни даде повеќе сончеви денови...