Најважно: наспано И после се‘ друго си се реди само од себе. Лицето ми е убаво, светликаво, со коралните усни створени да бакнуваат
Доволно добро, се буди друг во мене, не сум ова јас, почнав да станувам опасна по живот Ааа, да, по некое време ми се врати чувството-на љубов-ама не го искажувам овој пат така лесно Малку ќе се почека
Прекрасна, апсолутно комплетно ПРЕКРАСНА се чувствувам. Во една од честитките за дипломската од ноќеска, една пријателка на моите ми напишала - Најважна работа во животот е да имаш муабет со некој. А таа истата женичка, има пари да ја купи пола Македонија. Но, што дека? Тајната на животот веќе ја открила. Си пијам црвено винце, си разгледувам поклончиња и гладна сум по моето лошо детиште Хуго. Пушти ме малку внатре во твојот чуден свет, дај да ти чувам тајни... и ќе биде сѐ во ред
Како можам да се чувствувам во Недела?... НАЈУБАВО Денес е последен ден од викендот и затоа и ми е омилен. Нели најслаткото за крај Задоволството од тие бабини ќесички исполнети со магично кафе уште ми стои, слаткиот кремас вкус на јазикот ми доаѓа како сонце во февруари. Лакот на ноктиве вака изгребан ептен е ретро , а и тренеркиве секси ми стојат - широки како вреќи, но залепени на мојата фина убава задница. Мх!
Ненаспана,тажна па гледам мислите да ги тргнам на страна,за да не мислам,теткава дојде,од неа омалаксано се чуствувам,флегматична,малку нервозна безвезе
Исто како гордана .... Плус ... Не сакам да спијам без он да ми рече добра ноќ ... не сакам да излезам и да не се знаеме ... не сакам да патам и не сакам да пати ... не сакам никогаш веќе да не доживеам да заспијам покрај него ... да не гледам филм со него ... да не се смеам и плачам ... не сакам да сум без него ... сакам да го слушам секој ден ... да го гризнам ... пак да ми рече ајде срцка за глупости ли ке се караме ??/ е ајде срцка ти види до кај стигнавме .... не можам да одам сама без него .... сакам да ме насмее пак ... да го гризнам и да ми викне дека го боли ... сакам да ми рече пак ми недостигаш ... сакам да го сакам и сакам да ме сака ... сакам се да помине ... сакам да сум среќна ... збунета сум ... Сакам само да лежам со него во креветот и да лежиме гушнати без ништо да зборуваме ... а пак се да се разбираме ... Сакам да ме погали и цела да затреперам сакам да го изнервирам па да го бацам и да осетам како наеднаш се смирува ... Сакаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааам !!!!!!!!!!! АМА НЕМА ....
како мало детенце,цела ден се смеам и си играм со дечко ми,ееееј каде ми се 22 години-незнам што ми е и малку бев депресивна за фемина па морав да видам до каде стигнала овие женишчава до кај се?
Како..е како??? Ќе преживеам ваљда после се што ми се деси неделава...а што епа долго е, тоа во друга прилика сега ме мрзи, ама ептен. Се осеќам чудно, после 5 дена поминати на саем...уморно. Арно ама пак ми фалат сите, ама баш сите....и таа една особа посебно...И да се осеќам тажно, беше напорно, али сакам назад.
Безобразно задоволно од себе. Фина работа завршив,па ми дава мир.Сигурна сум само кога знам многу за се!Еден ден ќе бидам човекот што знае се! Си мцкам салеп и мислам како треба утре да станам,па тоа сВе хаос у Лаос,па сВе тоа џубре,учење,па овај предавања...и после аааах...едни оки најпрекрасни на целиот свет!Се припотресувам од радости! Единствено нешто за кое што се плашам е ...како утре ќе станам и се плашам за него...мора да ми биде добар! Се чувствувам и женствено и евентуално...косава ми е како гривна...бујна,фина,права и СЈАЈНА...кога ќе ме видите низ град,ставете си наочари.Слепило бре! Убаво ми е што сум зафатена и изолирана од некои прашања кои немаат одговори,а како што кажав,единствено сигурно се чувствувам кога знам се што ми треба!Вака,нема прашања,нема несигурност,Лилит среќна!И среќна е да му се невиди! Ме мрзи да образложувам у главно,прекрасно ми е и фино,да не речам удобно! И још нешто...никогаш нема да се импресионирам на А вуок ту римебр и никогаш нема да заплачам и никогаш нема да ме припотресе и никога,никогаш ништо од тоа де!Врло нереална,захтевна и себична прикаска за девојчиња од 7 до 15 години и никако повеќе...а кога ќе се сетам дека 20 и кусур годишни магарици се импресионирани...мееех...не дека немам чувства,ама па ќе речам...нереална...и јас будала,ма шо јас будала,а2 се криви... Иииии уште ова...Милчо Манчевски под итно да си најде муза,жена,девојка,пријателка која ќе го инспирира.Мајки е ужасен...мајки е лош документарен филм!Јас не знам зошто уопште се трудел да го создаде првиот дел од филмот (патем делуваше многу ветувачки) за со втората половина да ме натера да ја заборавам првата!Да,ја сфатив поентата која всушност редовно ја живееме и ја знаеме сите...на уметнички начин?!Ма дај,не ми делуваше многу уметнички..Златна боровинка во реална големина молам!И да,утре ќе рече,па видете вака,македонската публика не го прифати многу филмот,но врвни критичари го оценија како фантастичен!Ја мајката!А кога ќе добие лоши критики од дотичните критичари ќе рече,публиката е реалниот критичар,критериум и шо уште не знам... И така...шо би рекол Дума...има два начини како загинал,или со убиство или со самоубиство,трето нема...ааа јооооој.... И к*ро нема крај!Мајче ќе ви рече,шо у главном е во право и беше најмилиот лик кој ме освои и ме расплака...Хаувер...потрошено време и пари,ал еве се фалам,БЕВ бе и го гледав! Бидете така!
Ми студи во грбот, ама ме мрзи да си приоблечам нешто. И шо убаво ми дојде кафенцево, ќефови... малце и ми се спие, ама нема. Ме чека факултет за неколку часа... ПОВТОРНО
Уште на работа , може да замислите ....и ќе потрае до касно денес ... моето работно времееееее од една бројка две ми се гледаат...