Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    Исто како времево надвор..Тмурно,мрачно,со тажни мисли,немоќно да сменам нешто околу мене...Тоа е нешто што највеќе ме погодува.Ах кога би можела,би сменила толку многу работи.И сигурно би била посреќна..
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    фкочането од седење :worried:
     
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сменив неколку расположенија, за сега да ме заболи глава и да ме фати некое бедно чувство. Изгледа со дождов што заврна и мене ми стежна како на облациве....само тие сега ќе си се испразнат, а јас?! :?: Не не јас нема да плачам, јас ќе пеам и ќе играм и ќе се смеам. Ќе му се смеам на животот, ма можеби и тој мене ќе ми се насмее.....само да не почне мајтап да си игра со мене :lol:

    Имам чувство дека луѓево стануваат се посебични и посебични.....ќе те пибара и ќе ти направи муабет само ако му требаш или ако има корист од тебе. До сега беше така, ама не беше толку изразено....веќе е премногу очигледно. Го нема она пријателско дружење и комуникација....СЕ се сведува на корист :!: Жалосно, навистина жалосно....ќе дојде време и кај нас како на запад да мора да платиме некој (психијатар) за да поразговараме со него :x
    Луѓето се оттуѓуваат едни од други!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marija56

    marija56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    2
    денес какво време таква јасс :Down: :Down: :Down:
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    ^Гоу истото прееска нашколо го дискутиравме, за жал голема разочараност има на оваа тема,луѓето се разочаруваат од тоа ,ама и самите се оттуѓуваат епа сега кој е крив ....
    Мене денов убаво ми тргна имав убави моменти,ама ќе излажам ако ништо не ми фали,некогаш толку за работи кои секој не’ може да ги примети се радувам,ама и ја кријам и тагата за работи кои не сакам сите да знаат, а и те како може некој да ги примети.
    Аууф дождево убаво ми е кога го слушам како паѓа,ме потсеќа на зимски распуст и зимските лудории,ама и на детството,ова време има некој посебен мирис кој го чувствувам секоја есен во исто време и ми буди убави чувства. :)
     
  6. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Измешани чувства.
    Заљубено, збунето, глупаво, гордо.. :^)
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.437
    Пол:
    Женски
    Како би рекле шмизлите...wow сwaткоууу :lol: Ете така се чувствувам,убаво,среќно,задоволно,исполнета внатрешно...Уште математиката и хемијата да ми се тргнат од патот и имам чувство дека ќе пукнам од радост.
    Си кажав и си се задолжив денес,ако успеам да допрам петка математика го частам класот по едно блокче,еве вакво мало и најубаво
    [​IMG]

    Впрочем,убав ден беше денес,не се жалам ни најмалку...Почнав и на школо да толкувам сонови,досега не знаеја дека знам,а откако случајно дознаа поради мојата брзоплетост,леле мајко..Да ти се одмили :devil:

    Ете накратко мојот супер херојски ден,каде бев расположена и ведра.Држете среќа утре математика...Уууух :wasntme:
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Денов ми беше супер до пред 1 саат :( Знам дека не треба одма да избувнувам, но што да правам, знам дека треба да го сменам тоа што е во мене (се обидувам и се трудам) но кога ќе се изнервирам не размислувам ни што правам ни што зборам за кое потоа се каам. Сега сум во таква ситуација :worried:
     
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Разочарано од тоа каде живеам , и со каков народ . Инаку дека со дечко ми бев цел ден супер . Исто така дека поспав повеќе од саат ипол после 6 дена :)Ама сепак пак порано ќе си легнам :D
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Уф леле како сум нервозна, ифрит сум! :@ :@ :@ :@ :@
    Добро бе, како?!?!?!?! Збунета сум на сето згора, стварно не ми е јасно.
    Ама па и по малце ме копка.... љубопитство знаеш :wasntme: Хмм... :?:
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Напуштена .....

    Мамо ми фалиш ! Ах далечината ме убива,да беше близу, со трчање ќе ти дојдев да ти се олеснам....
    :'( :'( :'( :'(
     
  12. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Па со оглед на тоа дека станав во 9 часот да го читам делото од 220 страни |( И немав време да се спремам како човек на училиште :@ И што сите ме нервираат можам да кажам дека денешниот ден беше ужас :puke: Но од пред 3-4 часа се подобри и се чувствувам подобро иаку слушнав нешто лошо,но сепак незнам дали е вистина или не ?!?!? :^) Како и да е помина уште еден досаден и депресивен ден :!:
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Малце ми се спие. Тоа е неизбежно после бедни 6 часа сон (кои не ми се доволно). Но си јадам полека, без брзање, за подолго да го чувствувам вкусот на топениот кашкавал во устава. И нешто во дилема сум, ама кај и да е ќе ја разрешам.
    Душава бавча :D
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Уморно, после се синока. Малце мутаво од винцето, па кај сум јас за црвено вино бре. Ќе се средам ваљда со едно кафенце.
     
  15. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Монотоно.Со мајкака ми се сме на дур-на рат на нога.Се не е задоволна од мене само префрла нешто ке пукнам.Од работа ке си одам со дечкото на ручек и ке се потрудам да си се расположам.Со ракијка салата смеа ке ми се поправи расположението. :rofl: :rofl:
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Пред компјутер дремам со капучиното пред мене, знам само дека многу ми се спие, ама не се предавам, не заспивам имам обврски кои ќе треба да ги завршам , ништо не правам ако чекам сами да се решат еве на пример книгана сама нема да стане и да дојде кај мене и да ми рече ајде научи ме :D
     
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Скисната како маче на дожд....После синоќешната расправија со дечко ми ,откако ми помина инатот нели и се смирија страстите сватив дека сум си крива....Хммм како може значи некои банални нешта да те извадат од кожа некогаш!

    Како и да е,тмурново време нема шанси да ме дотолчи затоа вечер е моментот за поправен испит,го чекам домче со убаво вечериче и свеќи ,спремна да се полигавам малку и да си го кажам тоа што ми следува ИЗВИНИ!!

    Бош ден бе,се надевам дека барем вие уживате во убави моменти :* :* :*
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Доволно сама на себе.

    Бев кај Симон, да му ја приложам идејата за тетоважа, и во понеделник, здравје, ќе биде.
    Симболите што ме издигнуваат, ќе ги имам вечно на себе.
    Уф, самодоверба имам уште сега.

    Друго, на работа рандомнес... Дома, гурабии и 103ка. Сомнителни ми се одредени фаци што ме знаат, а јас некако како да не ги знам.
    Со Боро си гугуткаме, мислам дека имавме взаемна фасцинација под Месечина.
    Виолини и фалат на White и една добра раскошна линија при крајот.
    Ќе биде, ќе бидам, ќе сме и натаму.
    Гушкам.
     
  19. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Величествено незаинтересирано..Почнува да ме плаши ова чувство
     
  20. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    супер... со оглед на тоа што цел ден ме болеше коленото... вчера паднав по скали додека излегував од факс, и... не знам како, знам само дека стигнав до последната скала и го повредив коленото :worried: :lol: а и мислам дека цел факс ми се смееше :tmi: :P срам да ми е од штиклите што ги носев :D :D си се смеам на моја сметка, сега ми е смешно :rofl: :rofl: