Трпелива-ова не е моја карактерна особина ама денес сум нешто чудо истрајна! И самата сум изненадена од себе а уште повеќе го изненадив дечко ми! Абе ангел сум нема што ќе видиме до кога Се чувствувам заљубено,не само денес туку и претходните неколку дена,опсипена сум со внимание а тоа му годи на моето его! Обожавам кога се присетувам на убави спомени од нашата љубовна романса,со тоа го стимулирам чувството на заљубеност и кај мене и кај него!
Си купив нова книга и една убава бела кошула и некако успеав да заборавам на кратко на настанот вчера кој ми ги спои жичките. Џабе. Ми текна пак и со другарка ми го истурив целиот бес кој го чувствувам. Жими се' кој не купи една вреќа и сукало, ќе појдам во темно сокаче, ќе ја начекам и убаво ќе ја збумбарам. Ќе ја счукам. Ја не крадам туѓи играчки. И не сакам никој да ги игра моите. Simple as that. Се чувствувам насилно.
незнам како не ме заболе уста од зборење денес ваква бев цел ден раскажував, прераскажував, анализирав, трачарев....жена бе типична жена уште ми фалеше кога се вратив да видам дека на уште на некој му запнале сликите за око и малце манијачел и така убаво ми дојде ептен ај на никој не му се слошило од премногу комплименти
Па денот започна подоцна се изнаспав па научив нешто ново доживав повик од некој стар што ме вознемири очигледно а се осеќам чудно некако нервозно и се надевам утре нема да е така !
Убаво се чуствувам денес.Убав ден исполнет со убави моменти.Неколку битни работи го разубавија.Го поминав фамилијарно,вечера,разговор,смеа.. Сакам повеќе вакви денови.Ми ја полнат душата.
Болничка, но поарно од вчера. Со парацетамол и топол планински чај со мед и лимон до мене, и по некое chocolate chip cookie е убаво ми е кога ме мазат и пазат Инаку, навлечена на cross over музика (како и секогаш во ова време во последниве 4 години) - Il Divo, All Angels, Josh Groban, Lara Fabian, Blake, Hayley Westenra, Sarah Brightman се менуваат на плејлистата - баш ми одговара на времето и расположението...
Малце поспана... а кога не? И дури сега почнува да ми се јаде. А само кога ќе ми текне дека треба да учам ми се темни пред очиве. Ај си се тешам дека пријателско кафенце ќе пијам после тоа.
Подобро од вчера...ме уништи оваа депресија неспиени ноќи и тешкотија на душава....аххх...зошто вака??поминаа 3 недели..по малку по малку ми попоминува..но сеуште осеќам изгубеност... Се надевам дека ќе ми биде подобро....Едвај се концентриирам..а колоквиумите ќе почнат...
Е па и не многу убаво...школскио од клупата пред мене замина во друго училиште....атносферата во училницава не е иста....досадно е! а плус и тесто по англиски 1 ... и сетооо.... .....ајде ќе минее....знам!
Тмурно, поспано ( иако спиев до пред малку) , никакво.....ќе тепам некој, ако воопшто станам од кревет.....леелеее не сакаам да сум ваква...сакам енергија брзина...подвижност... Марш депресијоооо!!!