Знам да бројам до 28 и избројав....ВО ПМС период сум кај и да е ќе дојде црвената и кај мене пак ќе се наоружам со кафетин менструал и влошки од утре во чантата Цел ден ме приболуваа јајниците и кога си го вратив филмот назад собрав, одземав, додадов и ете ти...абе биолошкиот часовник точен си е...само јас сум малце неточна А требаше да претпоставам дека ми иде ПМС кога смотав цела лесковачка за 5 мин. и пак бев гладна.... свинче
Во глобала цел ден сум расположена, иако имав моменти кога не знаев каде се наоѓам. Вечерва, откако тој ми пиша, ме фатија будалите и повеќе не знам каде се наоѓам. Изгубена сум. Но чим успевам да напишам една порака, значи дека се уште не е многу сериозна работата. Моментално сум поспана, уморна, но чекам 00:00 да честитам роденден на многу драга другарка.
во пмс сум... е па видете како се чувствувам поточно , успеав на така лесен и едноставен начин да си се дефинирам во овој мој спешл период, јас во пмс = жена во климактериум , толку! ова го сфатив додека си седев така пред тв и почнав да плачам, абе да липам.... ми се идеше од кожа да си избегам. по некое време почна да врне, е значи тооолку се изнервирав што ми се идеше се да фрлам ноз прозор , но останав фина дама до крај за момент си најдов работичка, за момент ги отргнав мислите кои не ни сакам да ги спомнувам... и така со правосмукалчето во рака си ја исчистив собата, абе како брзи гонзалес сум си ја светнала за многу кратко време + избришав прашина + ја средив облеката + ги тргнав тие за перење (мама да ги пере) ... и се нафрлив на јадењетооо, како и секогаш (во овој дел од месецот) абе пукнав од јадење, дури и ранитадин се напив за болки во желудникот , ама тоа не ме спречи да продолжам и понатаму, си ја зедов книгата во раце, седнав и си читкам така фино, убаво, со нозе прекрстени... и си грицкам, си грицкам, па сокче... мх, мх, си уживав бе, како некоја трудница. даааа, уживам и сега кога си ги осеќам моите мили и убави бутчиња како ми вибрираат, ама ајде за некој ден ќе си се издишам (ваљда). и да, ми недостига дечко ми сакам да го изгњавам сега , ама нема... ајде за некој ден ... и знаете што? ова пмс нека оде во пм и инат ќе му водам бе, ќе играм и ќе пеам, на цел глас ќе се смеам ... и нема да јадам веќе, не, не и не
Парацетамол, во А-мол! Ете така. Јадев леќа со присила, ми јавија од работа дека имаме дополнителен состанок, бољерот цркна, слушам Рејкс и ми се игра на покрив, облечена во кабаница. Врне ко да е дупнато небото со шило од чадор. Еј, чекај да си го запишам ова. Како се осеќам? Кенкалски! Све ме нервира. Ќе имам Блекбери телефон, користен, во превод, ороспииче. Идам да си пишувам поезии. Некад мислам дека само за тоа сум способна!
Се чуствувам своја на свое На работа си дојдов и работа не фатив , цело време скоцкана, од врата во врата .Со кафиња се потрув а богами и со муабети ....Денес сум побогата на знаење , кога прашуваш многу дознаваш ...И што треба и што нетреба ...
Иако сум 2 дена дома не бев на факс( немаме часови)...се чувствувам ПОДОБРО...повторно ја читам темата Депресија и позитивните совети што ги даваат другите...одам напред...со малку потешкотии....ЌЕ УСПЕАМ!!!
И среќно и тажно. Тажно затоа што сончкото се врати на работа во Црна Гора, и ќе се го видам за 2 месеци. А среќно затоа што на Водно има снееееееег ( грешки имав во пишување, од возбуда )
Романтично. Се' на што мислам е чаша вино и многу бакнежи. Бројам минутки додека стигнам дома, на топличко. Растрчана, вамте-тамте, Централен регистар е една фина институција со фини луѓе. Благодарност до фините тетки на шалтер. Се' е фино. Јас сум фина. Mа јас сум 5.
Се чувствувам како сентиментална будала.Незнам дали тоа да му го препишам на подранетиот ПМС,или на книгава која штотуку ја дочитав,која нема тажен крај,но баш среќен од оние ...и си живееја среќно до крајот на животот...и ме тера да подразмислувам дали навистина вака завршуваат сите приказни,во реалноста,посебно зашто додека ја читав книгата изгледаше толку вистинита и реална психологијата и кај мажите и кај жените. Се чувствувам и збунето,и среќно,и тажно по малку,за се имам и оправдани причини,и да бидам и да не бидам,па дури и против причини на истите...неможам ни јас да дефинирам како се чувствувам,па затоа не барам да ме сфатат ни другите... што ти прави овој пмс значи.
ме фаќа паника, а книга не ми се фаќа.... се ми е побитно и поинтересно... убаво ми е и покрај никаквово време, само коа ќе ми текне колку материјал ме чека ама ај љубов е во прашање Love is In The Air
Онака... омалаксано ко пред разболување, ама не се давам се предозирав со витамини и ја бркам настинката со чајче и топло ќебенце на лаптоп... не отидов ни на факс за да не се доразболам (читај не ми се стануваше од кревет ама воопшто) и цел ден сум дома... абе ни до надвор не мрднав... а баш ми се седи со друштво у Его ехх
Денес паѓам во некој степен на блага депресија која ќе продолжи наредните денови...Веќе е јасно што ќе биде вечер,утре...Каде сум јас? Не се чувствувам самата себе,едно велам,а друго правам... Во секој случај,депресивно...Сакам да апстинирам од сите животни сфери,да ме снема на момент,да бидам сама и изолирана од сите,да размислувам...Никој не сакам околу мене,сама но не осамена...Можеби откако ќе ме нема некој конечно ќе сфати колку вредам.
Уф леле колку елан за учење има малата, и‘ викам ОДИ УЧИ СИ ДУР НЕ ТИ ПОМИНАЛ „ЌЕФОТ“ Кафето уште и‘ било на јазик, иако го пиеше пред саат време. Пресреќна што конечно утре мамичка ќе си ја види, по три доооооолги седмици Некако задоволна од самата себе, од сопствените постапки.... иако со мала доза на сомнеж (не верувам никому, па некогаш дури ни на Мојата Јас). Опасно е кога онаа пролетна Хипи ќе се разбуди сред мочлива есен и не знае што прави и кај тера (збунка и‘ прави времето) па прави катастрофални грешки. Не за џабе рекле Брзата слепи ги раѓа. И ете така, оваа млада дама ужива да зборува во трето лице за себе, бар во такво расположение е денеска. Не дека бега од реалноста и не може да реши некои внатрешни дилеми, туку така полесно се отуѓува од мене (иначе јас сум таа вистинската, која ужива да дреми пред компјутер и да безделничи на ова никакво временце) и цврсто се држи до својата „навика“ - да учи.
се си беше супер во најдобар можен ред и оп требаше овај остатоков од денов да ми се упропасти Е нема, за инат негов да седнам и да тагувам. Уште вечерва ќе се запраша како треба да се однесува. Кој последен се смее најслатко се смее
Болно...со чајче в рака и лимонада...и еден куп витамини.... Немам волја, ме боли глава, укочена сум цела аххх никаква... Тресе ме грозница...малце ладно па топло...оффф се ме боли, одамна се немам разболено вака...ајде за ден два нека ми поминее...
Како?....хмм некако никако,ако знаете како мислам. Неописливо,нема збор што ќе го долови моменталново расположение,а не се ни трудам да смислам.Не за друго,не вреди. Цел ден си ја слушам песнава,ептен ми легна некако [youtube]<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/1EBw_da7BZk?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/1EBw_da7BZk?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>[/youtube] И не сум сигурна дали конечно наближувам или пак одамна сум таму а не сум свесна. А нештата се такви какви што се,можеби така како што требало да бидат,а можеби никогаш нема да бидат како што треба.Не би можела да го знам тоа.Но едно нешто знам,а тоа е дека ептен ми фали еден човек и неговата прегратка,а се` друго е небитно.
Ah la la la la la la life is wonderful, Ah la la la la la la life goes full circle, Ah la la la la life is wonderful! Ми се насмевна среќата и мене, само да не бидам и јас како Милка млекарката пред време што планирала, па и се скршило грнчето. Морам да престанам толку да се надевам... ама пусто...срцка е. Никогаш вака не сум се чувствувала, се прашувам дали сонувам или е вистина ?
Средено, со оглед на тоа што долго време не си посветував онака мееераклиски време сама на себе. Седнав цел ден, од када миризлива и воодушевувачка, па нокти, депилирање пред менструација , дури и мустаќињата . Уф да, олеснето и среќно, убаво и расположено. Дури и се нашминкав во четврток вечер, планирана да седам дома. Ама што, да не ме изненади некој It's a wonderful life, ако ти така сакаш