Више не сум болнаа (Чудно мислев никогаш нема да ми помине) Ама љубов лечи се... Се чуствувам заљубено ...Тоа ми фалеше...
Добро утрооо драгии Феминкии ! Јас денес онака уште од сабајле наспиена во 7h му ја летнав на трчање .Времево нема да ме победи и да ме направи ко глушец во дупка ,морав да го размрдам закржлавеното газе од седење пред компјутер ,додуша носево и ушињата си знаеја како им е .И ете со таков почеток на денот јас сум полна со енергија и спремнаа за нови предизвициии !!
Размрсулавено. И кенкаво. Поспано. Ќе пречекувам клиенти ваква гревна и подуена. Таблетките кои очигледно се доволно интелигентни да разликуваат ден од ноќ, моето тело ги одбива. Зимата уште абер нема, јас успеав да настинам. Па кога вчера, во убедливо најладната вечер изминатиов месец излегов, што сакам повеќе? Ама вредеше Бројам секунди до крајот, а работното време тукушто започна... Ми остана Private Practice неизгледана... вечер. Не успеав да стигнам да се напијам кафе со другарките... вечер. Имам уште некои 40-тина странички од книгата... вечер. Тотално неповрзано, што изналупав? Свашта.
По малку разочарано, ама нема врска животот продолжува понатаму, сега малку дип конверзејшн вит мајселф и ми поминува, само страшно ме погаѓа тоа што постојат злобни луѓе ама и тоа е дел од животот , дел од борбата...
Повеќе би пишала дека се сочувствувам со моите проблеми ако може да се каже дека се....се радувам на сонцето а бесна сум на студот
Некако многу ми се светли и прозрачни деновиве и ми создаваат неубава атмосфера,зошто ми доловуваат моменти од детство со температура од 38 со 5,а надвор студи. Чудно ми е се...ама неубаво чудно.Како кога ќе се роди бебе (да,колку и да е убаво за многу луѓе,атмосферата која владее во првите денови во домот ми е еднаква како некој да е болен и не ми е ич убаво.Се гази на јајца заради фрагилниот,сладок мал створ,а јас сум премногу динамична за тивки нешта.) или кога на некому му ги бројат деновите....така ете,неубаво. Дали е ова крајот?! Крв не секогаш значи крај.Ама нешто многу се плашам деновиве.Болка која трае повеќе од 2 дена,а потоа дава и други симптоми,не е обична болка...а ова трае 7 месеци,а сега е полошо.Глупава... Му благодарам на него што навистина ме чува...и покрај тоа што знае дека може да повратам од некоја мелодија како оваа подолу,сепак имаше храброст да ме изненади и за чудо да ме разнежни... http://www.youtube.com/watch?v=9o2wGcPP ... ture=share Татко ми на 12405406 километри,на линија која прекинува ми зборува нешто за пишување книга....дали почнал или планира да почнува со цел да си го амортизира ударот наречен...пензија која е бааги далеку од него,ама го мава криза....факт...ама како и да е,мислам дека има што да понуди.Кога бев мала мислев дека нема нешто што не знае и дека може да свитка железо со раце...го гледав како Супермен.А сега кога пораснав,сфаќам дека сеуште може се,ама е сепак само човек...кој одлично го гаѓа центарот. Сакам да е како што обично е...не сакам промени кога правам планови за големи промени кои треба да се случат еден ден.Сакам денов да добие нормален тек и атмосфера...и сакам него да го видам,ама ќе треба да почека... Со еден збор,дечки...сакам денес да ме гушнете!Не ми е добро ич! http://www.on.net.mk/default-MK.asp?Ite ... 1E7D4D0D0E И еве ви...мислам дека мажите се прекрасни!
Збунето, после напливот на емоции од вчера вечер, не можам да си дојдам на себе и да си го средам хаосот во главата. Се гледам од трето лице, и си велам девојко каде ти е крајот
Среќна сум..најмногу на свет!Колку само еден момент може да смени се‘.Остани со мене,не ме напуштај повеќе,никој не е повреден од нас двајца.Те сакам мој секси свештенику