Ко да ме прегазил авион добро воз. Ме боли секое делче од телото, секое ковче, секое мускулче... тоа ти е, сум се закоравела од лежење а сега мора да се вежба. Сепак се чувствувам убаво, врз топката на пилатес ја изфрлам цела негативна енергија, ама баш онака и рипам и и рипам одозгора
Ех што ми е убаво кога немаме некое предавање или вежби... оп! правац дома. Попатно смеење со луди луѓе, врискање (без потреба) на семафори за доловување ситуација и тропкање со чизмите по асфалтот... La vita e' bella.
Исцрпено, поспано,по малку изнервирано,па не бре , не можам да се изначудам, толку невоспитано,разгалено детиште,без осет не сум видела до денеска, со причина си е таква има некои причини за таква да биде, ама тоа во никој случај не е оправдување,колку и да и помагаш и услуга да и правиш барем биди благодарна бре човече,никој тебе не ти бара за возврат ништо,само тргни се еднаш од мојов живот,бидејќи од тебе ми е преку глава,и денеска чашата каде што ми се собираше трпението се прели , на културен начин ја откачив и си продолжив по пат, е не со тебе ќе се замарам,така ме изреволтира,што не сакам да ја видам (да ги кажам причините ќе се видеше дека сум во право,се бунам вака со потполно право),крајно изреволтирана од преѓешниот настан, не повеќе нема така со мене, каква и да си ,со мене никој не си игра,па нема ни ти. Извини ми се смачи , дури вака ми се прави од тебе ! Штотуку се замарам со тебе,наспроти ова погоре моментално сум многу сериозна и по малку ме нервира тастатурава,абе најглавното копче не ми работи ,се скапав кликајќи,пишувајќи со глувче ауууф до денес недела ќе биде напорно.
Викаат среда... среќен ден. За баксузи и негативци како мене ова не е точно! Изнервирана сум и се чувствувам глупаво, со многу мала количина на разумност.
Многу детално би можела да опишам како се чувствувам денеска, ама поубаво е да не длабам со моиве песимистички филозофии. Ништо ново - во секој случај. Имам ужасна главоболка, очите ми се затвараат, а уште тоооолку многу работа ме чека.
http://www.youtube.com/watch?v=roPQ_M3yJTA&ob=av2e Вака... I am like a bird I only fly away... ps: Aнке, те гушкам, не биди нерасположенка.
Најубавоооо, утрото го поминав со дечко ми во кревет гушкањееее, чешкањееее утрински секс ... и така...
кога денот ке ми започне во прегратките на саканиот, топлол бакнеж пред работа... ех сите ме приметуваат дека не сум била дома се чуствувам прекрасно, волшебнооо... и сите лоши работи не го заслужуваат вниманието. и само се надевам моето здравје ке биде ок и резултатите колку толку ке бидат благи ... е само здраствено се чуствувам друго се најнај супер
Рамнодушна кон сите што ме окружуваат! Ми се смачи од долги комшиски посети, од ладните раце на баба ми што ме чепка на половина да види дали сум покриена доволно, но се изненадувам колку сум смирена и не избувнувам. Ми се слади бакнежот, но веднаш го заборавив, сега сакав да одам, но се премислив Свашта! Ова не се гледа секој ден
Гоу се караше денес, ќе се кара и утре еми како - еми така......Мора да си ги барам правата Добро е бе, се на се пројде денов.....јадење на трчање од нога што се вели, малце смеење, малце трачарење, неколку кафиња и ај наздравје денот Се чувствувам уморно, ама мора да се учи....последниот круг се трча не е заебанција
изморено ама среќно !! баталив се,пуштив музика(волумето на 100) почнав да играм како луда и да се занесувам ! (ете де моменти ) и дојде комшивката на карање !! е ова ми го правеше а јас :geek: извинете ама млада сум сакам да си се опуштам нели... и таа ајде ќерко запри малку доцна е време за спиење(21:12h),па ајде реков стара бабичка греота е ..а јас не сум а !? и така си смалив музиката и еве ме сега на феминка