Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    факат осечам се добро :rofl: ...
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ко магнет за ниски мажи.
    Е*ате тоа среќата.

    Треба да си напишам на ливче и да си го залепам на чело - Не ми приоѓај ако си понизок од 175.
    Естетски расизам е во прашање, ама ај донт кер!
    Ми треба најдоброто.
    А дали го заслужувам... еее тоа ќе видиме.
    Се чувствувам.
    Да, си се чувствувам, првпат.
    Не вљубено. И како што ми рече еден малишан - класа над другите, преизразена, но со силен шарм.
    Булшит, све е тоа булшит!
    Елај ми да те видам, на дело! Кукавици, сите.

    А, да, се вљубив во А. Русјаков. Мнооогу миличок е. Бел, совршено чуден.
     
  3. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Уморна сум.
    Уморна сум од се исти работи. Уморна сум од книгиве до мене, кои не ме оставаат да сонувам. Уморна сум од исти фаци, уморна сум од исти муабети, кои од професори, кои од родители, кои од (не)пријатели околу мене.
    Уморна сум постојаното вдишување на воздухот, земањето на кислород и испуштањето на јаглероден диоксид, уморна сум од секое трепнување со стаклениве очи. Уморна сум од потребата за јадење, вода...
    Доста ми е. Сакам нежност !
     
    На Squirrels му/ѝ се допаѓа ова.
  4. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    многу осамена, либето ми го нема и затоа се осеќам многу осамена!!
    ;( ;(
     
  5. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    и јас се чувствувам исто...не да ми е мака од книгите,особено сега пред тромесечие.....
    ...немам време за себе,сакам 1недела да се одморам и да размислам убаво за се......
     
  6. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    омалаксана сум од недоволно сончева светлина во просторијава, ам ајбг, барем има прозорец за воздух од време на време :lol:
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    На maricence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    денешниов ден, онака, кежуал |( ... ептен за никаде, во превод :|
    дремам како некоја дремла пред компјуер, а онаму книгичката ме чека (убава и мила :lol: ).
    меланхолично, ете така се чувствувам, вистинскиот збор за моето денешно расположение. до пред некој час бев полна со ентузијазам, ама толку беше... па и ова што го сменија саатот, ептен ме побркува |( во 5 часот ми се иде да си ги облечам пижамките и да си легнам :lol: темно, прст пред око не се гледа, ај у пм... е па така ќе биде ехееее до март месец, да се навикнеме.
    денешниов ден и не баш ми парираше на животот. ја консумирав улогата на самиот час... можеби бесмислено, апсурдно... но секоја минута носи своја приказна од поднебјето каде се наоѓаме.
    ееее, е баш денеска онака чувствувам потреба за филозофирање, драматизирање и комплицирање :)
    тешко е да се објасни тероарот на научната основа. многу фактори се инволвирани. фактори кои влијаат на човекот и ја носат својата комплексност...
    денеска има да ги разразботам сите фактори, спремна сум да ги соберам на едно место и да ја создадам теоријата. да ја создадам теоријата која ќе ме однесе до целта, а потоа таму, ќе го направам вистинскиот потег со мојата умешност, и ќе го дофатам успехот.
    некаде прочитав или слушнав (не се сеќавам баш), дека не треба да целиме кон успехот, туку да ги остваруваме целите... и самото постигнување полека но сигурно ќе не однесе до успехот.
    Да, тоа е факт, кој помага да ја сфатиме интеракција помеѓу надворешниот свет и самите себе.
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сум си досадна самата на себе.Само цимолам нешто, сум се разлигавила максимално. Се чувствувам ко балон надуена во секој дел од телото!Памела Андерсон не ми е рамна :lol: ама природно си е природно :$
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Тајната на среќата е едноставна: Пронајди го она што навистина сакаш да го правиш и насочи ја својата енергија кон тоа. Кога еднаш ќе ја собереш својата ментална сила и енергија за да го следиш она што сакаш, изобилието ќе потече низ твојот живот и сите твои желби ќе се исполнуваат едноставно и лесно.
    - Тоа е нештото што ме води денеска. :)
     
    На UniqueCreature и 2468 им се допаѓа ова.
  11. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    I feel good :rock: Ми завршија полагањата (засега барем) па денов, а и викендов планирам да си го искористам најдобро што можам, да се изнаодморам и да се изнаспијам :D
     
  12. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Ич не убаво . Македонски ми стави 4 , а историја 2 :@
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Може да се каже добро, но моето отсуство си донесе и многу насобрани обврски а концентрација =0 опуштена сум си јас... од Понеделник ќе му ја мислам за работа :)А до Понеделник сум на заслужен ,самопринуден одмор ...Мислам потребен ми е ....
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Гладно. :|
    Гладна година, гладна за храна, гладна за нови работи, за нова фризура, гладна за Секс, (аман, ко мислиш 100 години сум немала), гладна за вино и трачерај со другарките, гладна за гушкање и смеење за се'нешто.
    Не знам точно што ми е, мозокот ми врие, надвор сонце и шетачи, а јас си набљудувам отстрана и навидум мирно чекам часовникот да се сврти.
    За да и јас протегнам нозе.
    Ме боли газот драги луѓе.
    Ама во буквална смисла на зборот.

    Леле бе, ми се седи по дома, во пижами и едни мекани папучи од Џамбо кои ги добив на подарок и ете така, сакам да си ги гледам раат сериите со убава чинија паста и пармезан или шеф салата, да си мрморам, да си потпевнувам и да не ми е гајле за ништо.
    Треба ли да се загрижам што амбицииве за денов ми се овие? :rofl:
     
  15. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Среќно, исполнето..со многу позитивна енергија..Чуствувам како она што се очекувало од мене да е завршено..пооради тоа и се чуствувам така исполнето, убаво.. :)
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Се чувствувам најубаво на свет!
    Конечно заврши колоквиумската на правен и тоа мислам дека усреќи многу студенти. А јас сум една од нив бидејќи за мене заврши со среќен крај :D
    Си се подновив со два пара чизми. Вечер одам да се журкам со друштво. А викендов ми е целосно преполнет со планови за кафе со другарките :)
    Па и времево ни се погоди :sun:
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Многу ми е тешко, ми се плаче, а не можам да се исплачам.
    Не ми се оди никаде вечерва. :doh:
    Ќе читам, барем за некое време да го тргнам умот настрана од размислување.
     
  18. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
  19. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    При крај сум со работното време извадив кредит го покрив стариот кредит ми остана уште некој денар имам ситни дугови и нив да ги исплатам,само во круг вртам и се задолжувам.Живеачка на рати.Расположението ми се поврати кога имаш некој денар во џебот по друго е.Вечер почнува пастрамалијадата во Штип ке биде раздвижено по градот ке има убава атмосвера.Верувам,а и сакам да си поминам убаво од остатокот на денот.
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Таман решив-не излегувам, ќе одам да се депресирам на Фемина, и оп, денов ми се смена целосно, сега имам солзи во очите,ме боли устата, имам една дооооолга развлечена насмевка од-до :rofl: :rofl: :rofl:И се заради ова И еве вака се чувствувам сега. А денес, ми беше ден онака, средно добар, болно љубоморен и ѓаволски настроен :devil: :lol: Најубаво се опишува со НЕ ЗНАМ како ми е...по кој ли пат? :wasntme: И до кога?!