уф ме фати нервоза не ме држи место...ми треба разговор за да ме смири како ми делува муабетот со таа личност како седатив ама инат ме фаќа...ах таа горделивост моја ај може со штракање по тастатурава ќе ми помине
Лошо. Смачено ми е веќе секој ден да пишувам дека се чувствувам лошо, па затоа си ветив дека ова е последен пат што ве замарам вас, а и самата себе си со овие мои црни мисли. Лошо, лошо е тоа што немам волја за ништо. Зошто? - Не знам Се губам, пропаѓам како во жива кал, се влечам нагоре, се држам, паѓам, одам, копам, тонам, трчам, стојам... ах. Пак не сум спиена, пак несоница, пак над книга, пак за џабе. Никаков резултат нема. Очигледно јас не сакам да има. Не. Сепак сакам, ама немам амбиција. Зошто? - Не знам Врне. Го обожавам дождот. Но не сега. Сега ме измачува, ме нервира, нека престане !!! Ми смета ! Зошто? - Не знам Користам анафора без врска. Се е без врска. НЕ ! Јас сум без врска. Да, можеби тоа е одговорот. Можеби и не. Која е единствената боја на виножитото? Добро, а зошто сега вакво глупаво прашање. Неверојатно е. Јас сум таква. Или не. Ох Боже.
Добро се додека не ми кажаа.Знам дека има потреба од тоа но навистина се чувствувам како да сум сама немој сега те молам да си одиш една посета во 6 месеци ?? абе ајде навистина не можам
Хормоните ми удираат во глава... а на вакви денови, кога е променливо времето и најмала ситница знае да ме онерасположи. Некои луѓе едноставно немаат осет, ниту почит спрема туѓите чувства. Можеби се бесчувствителни и без да знаат, во што се сомневам. Но, ако не им е гајле за моите чувства, мене ми е уште помалку грижа за таквите единки. А тоа и се, само единки, кои не ги бива за ништо друго, освен некому да му нанесат зло. Сепак се се враќа, се се плаќа.
Лута сум и бесна! И осамена! Глупава и тажна! Отсекогаш и засекогаш! Чувство кое е толку силно и ме тера на ! Ми олесна, бар престанав да плачам. Ама имам факинг кнедла во грлово!
Едвај се воздржувам да не заплачам. Незнам што ми е, ми се собра. Денес не ми е ден... Немам воља за ништо. Немам сила еден муабет наобичен да направам. Зјапам во луѓево ко мрдната. Не сум тука, никаде не сум. Знаев дека ќе пукнам... Чувствував дека доаѓа... Човечки е. Ете така, се чувствувам како хартивче фрлено на земја и носено од ветрот. Беспомошно. Ми фалат некои луѓе, како ли се мануваат луѓево? Уффф Ќе престанам. Несакам да ширам негатива овде. Ова е убаво место, не треба да го полнам со лоши чувства.
Отидов да учам, ја отворив книгата и ја затворив Се вратив овде да шкртнам нешто....имав наплив на емоции, ама незнам од каде да почнам да пишувам....и да напишам нема да ме сфатите, никој неможе да сфати како ми е Ги пуштив песните на Каролина Гочева и во секоја песна, во секој стих се пронајдов.... Ех бар да можев еднаш јас мојво срце да го испратам кај што нема да те сретнам тебе но се лажам лажам себе! За година-две ќе помине се... (така барем пее таа)
Отидов да учам, ја отворив книгата и ја затворив Се вратив овде да шкртнам нешто....имав наплив на емоции, ама незнам од каде да почнам да пишувам....и да напишам нема да ме сфатите, никој неможе да сфати како ми е Ги пуштив песните на Каролина Гочева и во секоја песна, во секој стих се пронајдов.... Ех бар да можев еднаш јас мојво срце да го испратам кај што нема да те сретнам тебе но се лажам лажам себе! За година-две ќе помине се... (така барем пее таа)
Не знам. Не знам како се чувствувам. Се разбудив со солза на моето лице... Радосна дека во сон го видов, или тажна поради веста која ми ја соопшти? Сепак ме предупреди... Се беше вистинито... Треба да го послушам. И ветувам дека ќе се чувам (ме предупреди). Но, не успеа да ми докажеш... Имаше уште, нели? Знам јас... Се беше толку реално и тажно. Мислиш на мене, ме чуваш, ме гледаш... Ми недостигаш Денеска празник е. Значи ова нешто. Плачеш за нас... И ние за тебе Но нема да ми е поубаво таму, почувствував... Можеш да дојдеш да ме видиш кога сакаш, ама не ме земај... Не дозволувај да ме победат... Рече дека ќе ме чуваш . Па стори го тоа Конфузна сум! 300 работи се вртат во моето мало главче... Што ли се случува? Безпомошна сум. Немам енергија...
Денес, па што знам. Онака сум во некоја златна средина, насабајле цела поспана си закаснив на историја, баш најдов кај нејзе да каснам хихи после нешто бев радосна, скокав низ цело школо ко будала, нешо другарка ми се согласи да ми мести еден цц не го познавам туку некојси другар на дечкото на другарка ми и ај, не за нешо сериозно туку зашо сакав да заборавам една личност. можеби грешам ама сепак неможам веќе вака.. е после станав нешто нерасположена зашо ми текна БАШ на него и ми текна што го сонував во саботата.. и сеа сум така-така, исто сум израдувана што сум потполно сама дома и топ ми е тоа ^^ го чекам да се уклучи на фб и да ми пише ама не верувам, зашто се надевам.. и да пише се што ке пише ќе биде карање. зашто да се трудам ? ми недостига.. ги гледав сликите негови после долго време и ми дојде да плачам си пуштив тажни песни.. но сепак за среќа не успеа да ми го наруши потполно расположението. после треба да учам, ах и тоаа ај ќе помине се.. ваљда.
Полесно за еден тон мачни работи и нервози. Се истишив веќе, готово. Хороскопон ми вели убаво, па ќе се обидам да го следам, да не забегам. Среќна, задоволна, постигнав добра успех денеска, сега нека одмораат на факс од мене до следната сесија, т.е до колоквиумска И да, има една пречка за да се чувствувам апсолутно совршено-многу траскам и што не треба, и кај не треба, па после ме подгризнува совеста. Иш, ја бркам, не беше нешто невистина тоа, ама добро, не мораше толку да бидам ладна Ај, не е ни битно...
Што знам, понеделнички се чувствувам баш понеделнички! Почна неделава и уште цели 4 дена се пред мене, кои морам усшешно да си ги одработам и Бог дал здравје и плата... Да се надеваме... Значи сума сумарум, се чувствувам надежно, уморно, работно и нормално секогаш ЉУБОВНО
понеделник како понеделник многу тежок ден. треба да се навикнам на менување на смена, различни ритуали од предходните денови. а како може да се чуствувам денес ако не уморно. вчера цел ден легачев во кревет и се гушкав денес турбо на работа ббрбрбрбр, изморена, ненаспана па и затоа рано ќе си легнам и ќе чекам организмот и телото да ми се прилагодат на се. за да не се чуствувам вака претепано.
Во моментов? Променливо, променливо, променливо... (баш како што гоу ме анализира) Како некоја временска прогноза И плус ми е страв? Страв ми е да си легнам. Изгледа вечерва ќе спијам помеѓу мама и тато ете ја нашата. од што сум избезумена, ова сум го постирала прво во темата ,,што слушате во моментот,, лелее, за плачење или за смеење е? кој ме знае