Ми се спие... повторно Ама денес нема спиење. Мора да завршам навреме со обврските, за вечер да одам кај убавата, да не спие сама
Наспана и пак ми се спие главава ми е тапан ме боли кашлам,незнам ама изгледа пак ќе си настинам ништо не ми беше до пред некој ден
Изморена (најчестото чувство), среќна после преубавата вечер вчера, и што си ја видов другарката после цела недела .... исполнета сум многу, и ова новово во мојот живот тргна ептен добро
Возбудено...леле како мало дете што му се радува на играчка.... Ама сакам вакви дешавки, ме исполнуваат.... ааа да и заљубено многу многу....
Подуено, во ПМС. Ко некоја лудача на моменти. Де ми се вика, па ми се плаче. Чичкото од ул. Македонија ми донесе печени костени. Изгледа од далеку го насетил мојот бес. Не знам што ми е, мозоков ко зрно грашок го чувствувам. Ко да го немам, главата шуплива. Кој знае што ми се прави, море како ми се вика!!! Братучед ми на работа, најдобриот другар во Америка, зошто секогаш луѓето кои се отсутни најмногу недостигаат?
сега за сега многу среќно одам пред работа на гости кај една мала принцеза да ме наполни со огромна енергија
Преморена ... спиена три саати и од 5 трчкам наоколу ... главата ми пука ... синусите ке ми експлидираат ... плус некако напната ... наврната ... настината ...но ќе се бутнам во када со свеќа до мене и слушалки на уши и ке се одморам максимално ... а господинот го нема цел ден ако ме донервира денес е тенџере
Ми фалат крила па да полетам , ете така се чуствувам . Го мразам денов ме исцеди како лимон , и уште ме цеди.... до касно на компјутеров ке ме доцедат глупи бизнис обврски .