Веќе почнав да плачам. Се мрднав неделава, место да се радувам дека е утре викенд бетер паника ме фаќа - купови за учење имам. Неделава глава не кренав од книга. АМАН ВЕЌЕ! Не можам да издржам, премнорена сум. Сериозно ми требаат повеќе од 24 часа во денот.
Вајлд радувај се на тоа што сега го имаш за учење. Чувај си ги живците за поголеми проблеми што допрва те очекуваат. Ќе го бараш тоа време назад, кога само учењето ти е единствена обврска. Ќе си ја чукаш главата некој ден што си ги трошела нервите на такви работи. Јас денес се чувствувам утепано. Ужасно ме боли грбот кога дишам и утре ќе одам на лекар. Морам да видам што се случува. Треба да почнам да учам, а толку обврски... Ама ајде, само со здравјето да е добро, па се друго ќе се претурка
Прекрасно !!! Незнам што ми е,но оваа среќа трае со денови. Се надевам дека ќе трае уште долгооо. Гушки за сите.
Опуштено, расположено по малку уморно Убав ден, времево беше прекрасно.Го искористив денот максимално..грабнав тренерките и заминав во природа на трчање.Се изнагледав убавини, есента знае да воодушевува.Прекрасна глетка која го одзема здивот,еден обичен а сепак прекрасен есенски пејсаж усапеа да изнуди насмевка на моево лице.А секогаш кога се спомнува есен, пред мене се појавуваше сива слика..Ја сакам есента, и ќе се потрудам да уживам во секое прекрасно есенско попладне.И доста со моиве импресии, денес беше навистина убав есенски ден
Мува не ме лази! Ете така се осеќам. За НИШТО не ми е гајле, иако имам МНОГУ обврски (уствари не се многу, една е, ама голема). Мх што ми е убаво кога сум сама дома.
“после дожд иде сонце“ (не буквално, бидејќи после овој дожд не чекајте сонце, туку снег ) ... после тие тажни денови сега сум супер , исто и со него вчера не можев да пишувам, легнав порано, бев многу уморна Spoiler како поинаку после 3-4 партии но и пресреќна, и денес супер сум, после факс, излеговме со срцулето мое... иако не сакам почнав да го засакам... во моментов ваква сум (но од љубов)
Некако, како потресено хаха што знам имам некое чудно чуство што ми се провлекува низ денов а незнам ни што е, како е и зашто е. ама сепак расположениево не ми е на некое ниво така да.. не сум добра.
Никако. Некои рани сеуште ме болат, посакувам да можам да ги поправам работите со оној кој ме донесол на овој свет, и секогаш кога мислам сме подобро се се урива ко кула од карти Може е до мене но скршеното не се лепи, а најмногу боли кога ке те скрши оној кој ти бил идол од детенце. Зошто мораше да ги ставиш другите пред мене???? Зошто сеуште тугото мислење е поважно од моето??? Се трудам со самата себе но стравот дека пак ке ми го скршиш срцето е длабоко во мене..... Барем ти љубов да ми беше до мене денес, со тебе се е полесно. Вака
Најубаво Со мерак сум си станала,Роко сум си го шетнала,па се спремив за на работа....и еве пред да почнам со обврските мора со вас да ја споделам оваа среќа и позитивна енергија што ме облеа денес. Нека потрае,Амин!
Не наспана... Колку кафе да испијам мислам пак дека исто ќе ми биде. Џабе само се предозирам со кофеин! Сакам да помине денов побрзо, не знам зошто...
Истрошено, а со грижа на совест за сите незавршени работи. Ајде, уште еден месец и би требало да биде полабаво.. ова одамна го зборувам, кога ќе размислам.
Среќно ...весело ...расположено ден за релаксација Ќе си ја наполнам кадата со водичка и омилената купка од мед и млеко и relax ќе си пуштам некоја релаксирачка музика и ќе ме нема добри 3 саати ама прво да ја изнамачкам косата со масла и да со ставам маска на лицето тешко е да се биде јас
Ми се спие страшно. Напната сум најповеќе... Ми тежи нешто... знам што! Ама ќе го задржам за себе толку проѕирно, толку излитено... и очигледно... е не можам да си поверувам повеќе ме фаќа смеа отколку нервоза
Ова сакав да го кажам и јас ... но бројче го кажа и за мене ...да не се повторувам исто се чуствувам како тебе