Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Одлично, петок е, времето е :sun: и следи прошетка после работа во тројка. :*
    Денес ми е и посебен ден.................
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.241
    Допаѓања:
    167.689
    Сепак се е на свое место,а јас не знам да се однесувам кога се е така.Секогаш сакам нешто да променам и да поправам,а сега е се тамам...лудаче! :D Нејсе,убаво е!!!
    И да,кога конечно ќе го видам тоа што го гледаат другите?! :o
     
  3. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    650
    среќна што си го напарвив патентот од палтото а не се одев раскопчана како народен херој...од што ме мрзеше да одам на мајсотр да го поправат.... :)
     
  4. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Малку нервозно и загрижено. Се надевам за кратко време ќе ми се промени расположението :D
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Абе ми се спие ми се плаче, ама постот Анннни ми измами насмевка еве ваква :D
    Народен херој бе? :D :D :D
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Уфф во мене има толкав бес... аууф незнам од каде доаѓа, ама ме излудува... :@
     
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    Денес се чувствувам прекрасно. Полесно ми е на душата сега откако се ослободив од сите нервози и решив да кулирам па што биде нека биде. После депресивниот месец прв пат имам чувство на растеретеност од товарот што ме притискаше и продираше длабоко во мојата психа. Сега се чувствувам како да лебдам и ги имам луѓето што ги сакам за да им се заблагодарам за тоа. :)
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Неам поим веќе...
    Стално пред да добијам, ми се дешава истово. Флешови, нервоза, средба со него. Ко намерно, еднаш во месецот да мора да се деси тоа.
    Студено, ама така и треба.

    О боже, колку тешко е да се преболи.
    Го признавам тоа, и меѓу двете среќи сум, ко што вели Алек.
    Меѓу исчезнатата и онаа што допрва треба да дојде. Прееска излегов од кафиќот туп, само за да ми се слеат солзите сама пред себе. Што ќе им мудрувам на другите.

    Посилно е, од мене. Борбата, е во мојата сопствена соба, сопствена глава. И убаво ми вели другар ми - опасна сум сама на себе. Можеби и треба да ја убијам таа стара Ана.
    Да ја снема, да занеме и да се роди друга.
    Или одамна е родена, само не знае... ;(
     
  9. Libra19

    Libra19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    јас денес сум..онака...да не речам никако...
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    се разочарав.
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Мамурно |( ...Е така ми е,кога сакам да палам и гасам на местото на настанот,ќе се гасам сеа сама со кисела вода :tmi:
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Абе ми се спие, ама толку сум среќна... уф!
    За се‘ сум расположена!
    :)
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Леле бре колку мразам луѓе паничари !
    Што ми се занесуваш, не туку ми кревај притисок за безвезни ситници!
    Ми се прави сериозен бизнисмен, јас попрво ќе најмам циганче од Шутка да ми биде управител, ќе биде побрз, поекпедитивен, отколку наводниов управител, со мало у ! |(

    Колку е он паничар, јас наспрема него сум зен-летаргичар.
    Ми се иде да му врзам еден врел шамар и да го полијам со чаша вода, една клоца и марш дома!
    Ми реметиш ваков сончев ден. Теле!

    Арна сум, море арна.
    Како ќе кркнам еден сладолед, само да дојде 4 попладне.
    Животот бил и многу полош. :)

    (ова воведов можеше комотно да оди и во Испукај се, ама нема везе... наши сме си :D )
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    За никаде сум...
    Е зашто бе толку ми влијае на расположението, ко моето расположение да зависи од него!!!
    ААААА е неможам веќе вака ;(
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    За ништо не ме бива денес. Толку планови имав ама а почне глава да ме боли, јас се губам и не сум способна ни јадење да станам да си направам :(

    Ужас! Второ апче пијам, белким ќе се соземам навреме за да можам да го искористам денот малку.
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Се разбудив со насмевка, и како што минува времето се повеќе поголема нервоза ме фаќа.
    Којзнае што ќе биде до вечер :lol:
    Ах, секој ден велам, така и денес: Денов мора да ми биде продуктивен.
    Ама со кликање рифреш на секоја минута тешко дека ќе направам нешто.
    На мобилниот заборавив и која мелодија ми ѕвонеше од толку време што не заѕвонал :(
    Барем пораки ми стигнуваат цело време, Т-мобиле не ме заборава :D
    Ах, си знам јас зар'ѓана сум. Ај, да помине периодов и ќе си го барам моето :!:
     
  17. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    одлично!!! постигнав рекорд на wonderlines yееееееееее (се измачив од играње)
     
  18. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сабајлето се супер насмеана... Бев и до кај „комшиине“ , замалев од смеење по пат. Дојдов дома и се изнервирав. И уште едно нешто од денес јас во љубовта не верувам. Не верувам во она што нема да го видам со свои очи, а искрено да ви кажам љубовта никогаш не сум ја видела. :lol:
     
  19. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.006
    Одличноооооо а после 8 часот уште поубаво ќе се чувствувам, осеќам :lol:
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Уметноста ме спасува!
    Ете така се чувствувам.
    Спасено. Фала му на животот за музиката во мене. 8)