Ме јаде нешто одвнатре, ме јаде таа неизвесност во која ме ставаш! На мене ли чекаш? Имам гутка во грлото не ми дава да јадам и да пијам, ми се гади од се! Сакам само да спијам што подолго и кога ќе станам да заврши овој кошмар!
Уморно. Буљам во монитор како теле во шарена врата. Како да ми рекле да пресметам 1.369.345 делено со 59,43 без дигитрон. И механички преведувам, гледам букви ама не и реченици. Ми се спие, ми се одмара, ми се лежи во када полна со врела, миризлива вода, во купатило каде прст пред око не се гледа од пареата, и каде единствено црвените свеќи и даваат на истата пареа вкус на шумско овошје. Ми се цртаат срценца на огледалото. Возбудено. Срцево во грло го чуствувам како ми бие. „Враќај се назад алоо, што ми биеш во грло?!“ Ме обзема некое посебно чуство на среќа а самата не знам зошто. Претчуство? Можеби. Ми иде да тркнам до даблЈУ-СИ, да се изнарипам од радост, да ја филтрирам надојдената енергија и да се вратам назад, на фотељава каде што ќе можам потрезно да преведувам. Сума сумарум, се чуствувам како мече подготвено за зимска хибернација но музиката која му тропа внатре во срцето не му дава да заспие. Возбуда и умор во едно. Исчекување и реална проценка на ситуацијата. Црно и црвено. Турлитава или каша попара, што би рекле ние, нали.
Многу среќна, насмеана, исполнета, задоволна самата со себе, а не знам искрено зошто, не дека се случило нешто особено магично. Ама денот е долг По 3289 пат баба ми ми ја раскажуваше Кога лисјата паѓаат, јас си слушав спокојно, другарките ми се чудат како имам живци за луди старци, јас се чудам како они имале за мене, кое напорно детиште сум била јас, кутрата бабичка... И така, кругот се врти. Дома се крчка нешто убаво, вечер моите се на некоја си слава, а јас ќе уживам со убава храна, вино, љубов и ќе се разгалам повеќе одошто сум, ќе се релаксирам, ќе стенкам, ќе врискам, ЌЕ ЖИВЕАМ !!!
си седам во моето дуканче и немам време да си испијам кафе и да ја гледам репризата од кога лисјата пајгаат
денес се чувствувам многу лошо, паднав на колоквиумот математика......ми иде да се самоубијам може ви изгледам како ментално пореметена..ама многу ми е лошо заради тоа...
Пре пре пресреќно!Онака баш зашеметена сум од ненадеен наплив на среќа во моментов.Уште ги средувам емоците и тешко дека ќе успеам во тоа вечерва.Некако сум шокирана и како резултат на тоа емоционално блокирана и поради тоа на луѓето им делувам по малку ретардирана. Ама ако,убаво е. Не знам баш да реагирам адекватно во вакви ситуации,а гледам дека секој се снаоѓа како може.Гледам солзи радосници,по некои и жалосници поради неизбежното збогување,многу прегратки,насмевки...како да се снајдам во тој хаос? Само сакам да пренесам дел од мојата позитивна енергија тука на фемина,зашто многупати и ја имам пронајдено овде.Тоа би бил мојот скромен придонес кон форумов. Со најубави желби за среќа кај секого,Рената.
Онака. Мрзливо ... ама некако олеснето ... едно нешто што го дознав ми тргна многу дилеми од главчето . Некако имам некое добро чувство па се надевам не е грешно .
тешко...стоев како идиотка пред еден бутик чекав да отворат за да си го пробам и купам фустанот само тоа едно ми се допадна од цело прилеп и на крај никој не ми отвори никој не дојде си заминав толку тажна и разочарна......цела ден сум скисната,а синоќа па сонував шминката не ми испаднала добро и таа фризерката ме направила како бабарога...... јас стварно се разочарав!!!!!!!
Супер..цел ден без нервози..еве и на крај другарка дома ми беше Само што..ТОЈ не ми зборува нешто А..не смее да знае дека имам нешто за него..не смее
Аааа Ренатче кој е поводот за твојата изненадна среќа? Баш убаво што од тебе читам вака позитивен пост после подолго време...
baguf4e koga si veke tuka aj veke ednas protolkuvaj mi go sonot te molam.cekam veke podolgo vreme ama nikako da se setis .pozdrav
Најтажно, преплашено, како да се наоѓам во безилезна ситуација, страшно Јас и моите солзи, сме поминале и ке поминеме низ се, со тоа се тешам.