Ми пристудува. Па кај и да не, кога накиснав на дождот. Ај бар не бев сама, како луди трчавме со колегата по улица Се радувам за денешната средба. Ама чудна работа, секогаш кога треба да се сретнеме - врне. Ќе да е бериќетно нашево пријателство. Плодно и долготрајно. Ех надежи...
Од прво бев многу среќна пошо некако денес интересно беше у школо, си се изнашетав по ходници Часовите така-така, утре ќе бидам дежурна, не сум на часовии Али после.. заради нешто бев и тажна, нервозна, лута, депресивна и се што можеше да ми се собере во едно ми се собра! И многу тешко ми падна и зажалив за некои работи, ама сватив џабе ако жалам, да гледам да не го направам истото. Сега сеуште сум нервозна и тажна, ама сепак подобра сум. Сепак, живот е ќе има и тажни и среќни моменти. Ама ајде ќе се охрабрувам со фактот дека утре си немам часови, во петок си иаме Ден на Дрвото и не учииме и дека после ќе идам кај вујко ми малку на ' fighting ' хх и така.. it will get better.
Исто. Татко ми е за ќотек, шефчето е за ќотек, гзолижачите се за ќотек, времето е за ќотек, ку*вичињата се за ќотек, СИТЕ сосе мене заедно, се' е за ЌОТЕК!
Е значи денеска мајка ми е виновникот за моето расположениееее да, да... Значи како ме извадила од кожааа, тоа чудо едно е толку ме изнервира... и не само денеска... и не само мене... абе секој ден, сите дома... од кожа ги ваде проблемот во кој е? во сите, или кај еден само? е ова и го реков и сега се праве како таа да е повредена татко ми мене ми зборува... јас со неа така не МА ДА! Јас со неа ВЕЌЕ не моја одлука! сака да ја сожалуваме... знае ептен да навреди, преговара... е па кој како заслужил, така... мајка ми била? е па и јас сум ќерка, не сум го заслужила ова
Ако кажам нешто, ќе треснам. Каков е овој живот бре? Клет, измешан со мед. Преживеам ли до крајов на неделава, ќе раскажувам. Посакај ми среќа, женска енергијо. Салут!
Опуштено , до сега се ми беше рамно А сега кога ќе се рашетам до банка и министерство ... се надевам нема да се вратам со помалку нерви и покачен притисок .....абе од ефикасноста на системот
Прекрасен ден за разлика од вчерашниот. Да си е слободен човек да оди некаде далеку и да ужива, ама пусти обврски глава да не можеш да крениш од нив. Денот ми почна убаво, смирено, но знам дека тек сега почнува она главното, она неизбежното што може да расипе сечие расположение
Кој ме знае Денеска и баш не можам да се дефинирам Чудлак Може и рано е да кажам како се чувствувам, чекајте да го примам првиот повик, да ја пречекам мајка ми од работа... па ќе видиме како ќе делува сето тоа врз мене