За разлика од вчера, денеска не сум нервозна, напната и гомнојадец. Денес сум мила, нежна, расположена, утре е неработен ден, а и саботата ми е слободна После работа одам на коктелчиња со омилените два лика - Ви и Хуго, а после одам на гости плус спиење, со појадок и кафе. Полн пансион. Плус договорив една продажба и моето шефче се окези од 6ка до 6ка, а за платичка кротко си трае, па бев приморана да просам од мајка ми. Да го занемариме тој момент, во вторник ми е закажано полагањето за лектор и доколку се удостојам со диплома и печат, ветувам дека нема да читате повеќе неписмени книжулиња со сВати, неможе, несакам, без запирки и мали букви каде што е потребно да стојат големи и обратно ... Хороскопот погоден, косата суредена до влакно на сите феминки им посакувам пријатен продолжен викенд, имајте многу СЕКС, направете едно добро дело и сакајте се, за инат на душманите!
Да,да имаш право сум заборавила да те цитирам.Од страна 635 одев дурииии 11 страни наназад да видам како се чувствувале сите,го видов твоето како поинтересно и го стаив,само заборавив да го цитирам.Јас стварно многу се извинувам.
Бев добро колку толку ама сега никако нервозно уфффф.Чувствувам неправда И се нервирам и незнам што уште не
Oхх...Преморена сум Испив едно кафе сега ќе варам друго..ова не го ни осетив Ќе си направам едно нес јакичко да ме здрма...не можам више вака... Сите цигари на свет ги испушив, што ли ќе ми кажат плуќава
Уште малку и ќе се чувствувам најубаво на свет. Само да ја истуркам фарбава од мојава косица Денов ми е...денот Д...таинствени средби, благички закуски и насмевка на лицето-се за да се постигне она што намерив. И да, 99 посто е готово Сега ајт на капење
ПМСоидно !!!! Исфрустрирано ... нервозно ... плачливо .. Разочарано и мислам дека можам да згазам некој под нозе !!! Ама пошто немам срце за тоа ке си трпам и плачам пак !!!!!! Нека помине денов што побрзо !!!!
Некако многу ми се измешани чувствата неможам да ги опишам. Сабајле тргнав релативно среќна во школо, после се осеќав некако чудно, непријатно и неприродно но се сепак бев возбудена и на некој начин среќна заради еден разговор што требаше, сакав ама во исто време и не сакав да го завршам или да не навлегувам длабоко онака.. Незнам, ми се измешаа и тага и носталгија, меланхолија, среќа, збунетост, страв, возбуда.. што знам. Многу чудно се чувствувам. Ми се мотаат уште сликите и фаталните зборови од денешниот разговор, се сеќавам на 3 личности, од кои 2 не би требало воопшто да се сеќавам и замарам за нив, ама ајде. Се на се, многу чудно и збунето.
^ Исто се чувствувам и јас.Онака некако без капка живот во мене. Како да имам голема грутка во мене.Тежина на срцето... Зошто?!?Поради некој?!? Многу сум сменета,порано бев среќна личност сега расположението ми се менува на секои 5 минути.
Некако.. поспано. Демек требаше после да вежбам нешто ама слабо.. Многу сум уморна а станав во 12 ипол. Не сум желна за ништо, ни ми се јаде ни ми се пие. Што мрзам вакви денови, а и времето придонесува за поспаноста.