Недефинирано. Во главата како некоја камбана да ми чука. Градите ми се поголеми за 3 броја.Ни еден прслук не ми ги собира. Во стомакот имам толку сок што и камила да ме види ке се онесвести од љубомора колку сум испила. Топло ми е. Ладно ми е. Мочав 3232 пати денеска. А крвта од моите јајници никако да протече. ете така.
Аууф и мене ми треба една доолга релаксирачка масажа,ама од раце на некој професионален масажер Се чувствувам и јас како Теди недефинирано,можеби заради овој период,но нема ништо поубаво од седење домче,во топличко И да не сум ваква каква што сум сега,и без помислата дека утре ме чекаат обврски,самата атмосфера може да ме развесели. И со душа чекам распуст.
Денес прекрасно!!!! Цел ден прекрасно позитивно расположение. Некако мн брзо ми помина денов. Но затоа сега се релаксирам со чоклада и чашка вино. Иако пред 2 часа испив една чашка црвено вино. Го засакав виното.
па не нешто убаво очекував по релаксирачки викенд, но не го добив. иако времето беше убаво и ми требаше прошетка не ја добив и што знам али искрено поминав глуп и туп викенд
ОНАКА :roll: Стварно немам поима како....најверојатно ОК кога ќе се сумира цел ден Само цел ден чувствувам глад....ете тоа е дефинирано чувство ....и чувствувам дека ќе настинам
Одлично, мотивирано, возбудено. Мечтаам, се насмевнувам. Позитивно и задоволно полека се упатувам кон светот на бајките - во мојот кревет
Генијално. Ко јавач на бури и коњи и бранови. Сто емоции денес. Браво, животе за изненадувањата што ми ги приредуваш. А плус е полна месечина. Тркалото се сврте и сега претпазливо само... Просто да те опфати беснило! Изедов сто баклави и ми се лоши. Гад демет. Ме сака уште. Така рече. Или можда не? Ај ќе видиме.
Скршено е вистинскиот збор. Ќе ми помине,да,знам. Но додека да ми помине... Да ми каже некој што да правам,па да го направам тоа..
Дефинитивно се чувствувам уморно. Повеќе психички одколку физички, но сепак сум уморна. А тек е понеделник...
Ќе се разболувам Ете така се чувствувам Се ме боли, грлото ме пече, кивам... Па и времето катастрофално на квадрат темни облачишта висат и во секој момент ќе плисне дождот. Добро е што навреме се прибрав дома Вечер хоум свит хоууум
Денес сум поспана, мрзелива и среќна. Конечно ми поминаа нервозите околу факс за овој месец и можам да се активирам малку посериозно на форумов Времево ми е тамам погодено за пред РС, за размислување на различни теми и некако ми се прави муабет уз кафенце. Ммммммм.... Отидов да варам кафе! Бујрум!
Се тераше некако утрово, ама сега. Треба да пишувам, ама со времево врно, депресивно, матно се такви мисли ми доаѓаат. Пиши - бриши си правам цело време.