Се чуствувам заморно .Изминатата недела и оваа исто така ми се во знакот на работните обврски ...многу средби ,контакти и се надевам на задоволителен краен разултат во текот на овие два дена ...
Некако.... смирено. Се изнаспав (толку убаво досега немам спиено), таман на временцево лудо, сега сум така... опуштена. Се чув со брат ми. Два пати Го нема неколку дена и дури сега сфаќам колку ми недостига. Кончено утре ќе го видам... Доста мори трескаш зелени, за јадењето што ќе го донесе ти е, не за него
Одамна немам пишано на темава. Онака, не знам ни јас. Променливо. Па уште кога ќе ги видам листовиве пред мене, срцев удар добивам. Малечките ме расположија, си поигравме што си поигравме, си отидоа. А времево, и тоа си отиде. И сакам да ме дувне утре ветрот, да не морам да учам.
Изморено, омалаксано, едвај ја кревам главата, толку многу ме боли што мислам дека ќе ми испука...Грлото дава некои знаци на болка..носот исто така се буни нешто..целата сум за никаде...
Како треба да се чувствувам кога не сум спана ни 2 часа Воопшто не сум добра, ме гуши, ме пече, ме чеша... уф лелее, на какви маки сум си. Синоќа спомнав дека супа јадам кога сум болна, еве го тоа утро (за мене продолжен ден од вчера, око не затворив) кога супата ми е најдобар пријател. Околу мене цело кило лимон, чај, фервекс, супа ... ауууу, мене ептен не ми било добро . Абе болката е страшна, замислиете колку страшна штом не сум можела да заспијам цела вечер, и штом мајка ми дома веќе на пали цигари . Ај да речеш кашлам... ама воопшто не кашлам, осеќам таква болка како некој да ми го ишушкал грлото со коприва . Шалчето со мене цееела ноќ, ме топли што да прави. Ваааааааааааа.... ајде нека поминувааааа
Среќно затоа што после дождот сонце изгреа а тоа дава многу надеж и тажно затоа што имам 359 обврски денес вчера слободна бев цел ден - времето никакво денес времето убаво - јас busy каков малер
1. Ненаспано 2. Презаситено од досадни професори 3. Но сепак некако оптимистично, во исчекување (иако не знам поради што)
Цела вечер не спиев,легнав во 7 и до 3 спиев Ми се изремети се некако,сега главата ме подболува,изгледа сум претерала...
Бев среќна и имав убав ден полн со љубов ...НО среќата ја скрив ...станав скршена и тажна. Една од поблиските другарки слушна тажна вест .. за прв пат немав што да кажам,не знаев што да кажам,колку и да ја гушкав беше џабе,само плачев со неа,немав зборови да и ја намалам болката освен да преземам дел на тој начин,се осеќам бескорисно. тажно и празно но не можам ништо повеќе да сторам. Глупав живот!
Денес сум уморна ама не од работа туку од некој стресови цел ден, па се осеќам како исцеден лимон.Едвај чекам да си легнам, и да се надевам дека утре ќе ми биде енергијата вратена.
Леле што ми требаше ова? Добивам симптоми на блага депресија. Гледам стари слики, убави слики. Слушам стари песни, убави песни. Се потсеќам на стари сеќавања..... ПРЕУБАВИ сеќавања. Ах леле....