Глупаво! Кој ѓавол ме натера да ти пишувам...?! Зошто после толку време сакав ЗДРАВО да ти кажам..?! Добро беше, јас овде а ти којзнае каде. И знам дека никогаш повеќе нема да те сретнам, ни случајно. Си ја барам бељата сама. Не мислев дека цел ден ќе мислам на тебе. Жал ми е што воопшто те поздравив.
Уште не сум убаво расонета...Мрзелива и некои негативни мисли ме напаѓаат. Прилично лош почеток нели? А да си пуштам музика и да пробам да го започнам денот со насмевка и позитивни мисли, па подоцна да ви пишам дека сум супер?!
Леле колку ми се спиееееее Ах леле по ѓаволите да оди мојот УПРОПАСТЕН биоритам! Како да се чувствувам после две кафиња од кои едното беше со млеко, а другото ме дозаспа, влечев триста книгишта на факултет и лакирав нокти во 4 и пол сабајле затоа што не ми се спиеше? А? Ете, од што ми се спие менувам и расположение
подоздравено, си седам домче на топло, си пијам чајчиња, цедени сокчиња, си шмукам септолете... и уживам некако, ми требаше одморов, ама мораше да се разболам, за да ми текне да одморам
Главоболно, ауууф, ептен 3 дена не можам како човек да легнам, да поседам, да направам нешто. Оваа настинката ме исцрпи скроз на скроз. Ми зуат ушите, моменатлно сум глува, па добро е што си пишуваме овде, па ве читам некако :geek: И плус изнервирана сум! Овие докторите значи или ништо не знаат, или мене постојано ми се погодува да одам кај шутраци
Меланхолија... Темно и црно е во собава, слични сме до некаде. Секогаш кога на крајот од тунелот гледам светлина прегорува сијалицата. Кога се мама и тато тажни, не можам јас да се радувам...
Моментално што знам.. Онака. Ни расположено, ни тажно. Средина. Златна средина. Чекам да одам на тренинг да се истурам од ова нервозава што ја чувствувам. Па како нема да чувствувам кога утре ми е родителска. Ми се спие.. А спиев... Стварно спиев.. Ама ми се спииииииииие Ах, првава смена ќе ме убие.
свежо некако одморено, расположено особено кога се ближи крај на неделата. некако времево ми ги расипува мојте желби но расположението ми е на завидно ниво, само така да продолжат моите хормони ќе биде топ хехехехе
Хормони увис, ама и косата ми е увис Те ме боли стомак, па се смеам и не ме боли, па седам и се растажувам, па станувам и играм Ко за гревој бе, денес се од чувство ми е во мене наеднаш. Е, вечерва еве супер
Прејадено како некое свинче сум денеска ако почнам да ги бројам калориите ќе ми се заврти умот незнам дали поминаа 10 мин а да ми е празна устата ако продолжам вака нема шанси да ги симнам 4 кг до Нова Година 12 ќе се здебелам
Многу убав ден, прекрасно се чуствувам иако лицето ми е ужас и ме чека цел ден испрашување. Сакам да се подновам со нова облека и сакам да си купам некои романчиња. Штета што немам вишок пари, се надевам дека моите ќе ми се сожалат. Сакам да бидам независна и сама да заработувам.