Наспано, убаво, весело, прекрасно, менструално (ова подразбира само носење пелена ништо друго)... Како му се радував на шишето Пелинковац додека чекав касиерката да го отчука и да го прибереме со убавата в кесе. Што му мислам не си знае
Се подобрувам, се подобрувааам... За среќа нема веќе температура, гушења и слични предизвикувачи на неволја. Сега само онака фино си кашлам, ама не сум омалаксна како што бев до синоќа, ама сеуште не се делам од чајчето мое. И морам во склоп со ова да кажам дека, откако Лилитка го постираше нејзиниот пост во темата ,,Супи,, (знае таа кој ), немам пробано супа. Вчера на ручек мајка ми едвај ме натера да шмрнам малку, и 2,3 лажици и ја оставив . Веднаш ми текна на нејзиниот опис (крилца, кож=и, мрсно , вакво, такво...)
Малку незадоволно самата со себе, зашто сум го паднала испитот. Јас и сите други со мене. Де, ниту една доволно паметна немало за комисијата очигледно Врв на глупоста, вчера читав едно книже кое го лекторирала една дотична почитувана особа од комисијата. И самата книга има над 20 грешки во 20 страници. Ама тоа е , кај што има сила, нема правдина. Нема откажување, ми стапнаа на живец, во декември одам пак Инаку, имам некоја чудна болка во десниот предел на половината. Се чувствувам есенски, онака меланхолично, чудно. Жена. Ќе водам љубов вечер. Ете, за инат, нема да се сексам. Љубов ќе се случува
Разочарано. Од сите срања наоколу, од глупавава држава, од образованието, од крадењето. Единствено убаво чувство ми дава прекрасниот млечен вкус на милка чоколадата со која се сладам, гледајќи како полека исчезнуваат коцките од обвивката и се лепат на мојот стомак, бутови итн.
Нервозно,безврска,цело време ми се спие,како пијана сум теткава треба да дојде аман нека дојде веќе еднаш
Еве за чудо денеска сум онака среќна и едноставна Без некоја посебна причина, немаше нешто големо да ми го расипе денот што ми се случува често, океј поминав у школо, малце се замарам заради овој ама ај ќе пројде
Чудно како на сите да им треба нешто од мене сите нешто ме прашуваат бараат нешто позајмуваат сакам да вреснам силно да ме остават на раат малку ами што ќе правеа ако не бев јас зошто луѓето несакаат да си ги исполнуваат обврските ? уф колку Мразам неодговорност
Малку подобро... само некако ошумоглавено се осеќам...и мака ми е...не знам на кај терам..иако станав пред малку...можеби е од џин тоникот од сношти....мислам дека се подобрувам,но сепак се чувствувам сеуште безчувствтелно..едноставно како да немам емоции за ништо
Почнав со моето хиперактивно однесување уште рано. Тушот и кафето добро ми дојдоа. Нема испрашување овој ден, освен писмената англиски, но таа не се смета. Оваа недела помина успешно, мојот труд вредеше и затоа ќе си дадам дозвола повеќе да се опуштам за викендот. Поради моите обврски, цела недела не се видов со либето, али ќе биде. Полна сум со самата себе, имам самодоверба, барем овој период никој не ми треба. Надвор времето не можеше да биде поесенско, али ми е гајле, јас ја сакам есента. Само да не заврне и да не ми се уништи прошетката со другарката. Ќе се дотерам, ќе се нашминкам и ќе бидам цел ден насмеана. Ветувам
Наспано, одморено, расположено весело имам вишок на позитивна енергија па и кога ќе ми текне дека немам обврски денеска хепи сум цел ден во шеткање ќе ми помине малку релах и вечер парти
Монотонија ме фака последниве денови се едно исто работа-дома,дома-работа.Утре пак на работа.Нерасположено можеби и од времето ми е........
Задоволно, пред се Што сакам кога си го остварувам зацртаното. И никој ништо не ми може затоа што сум најјака ХАХА не.