Уморнооо...ептен скапано Спиев дури 20 саатаа...и сега сум никакво..се ме боли, се ме мрзи, енергија јок....одвај чекам да се освестам и истуширам ваљда ќе помине а ако не пак ќе си легнам и утре идам на масажа
екстра ми требаше ваков викенд да ме врати во живост и расположение. пијанка до даска, денеска одмарање и шетање, гушкање и лудување. сакам да се повтори викендов и деновиве ке се борам за тоа
Расположена, среќна, задоволна, насмејана... Убаво ми е! Не можам да не бидам среќна после ваков викенд... пиење, јадење, мубаети, зафрканции, планови, добар секс и што ли уште не! Се осеќам подмладено, како тинеџерка да сум!
Како крпа мокра, и некој земал да ја цеди. Ете баш така. Денес ужасно многу сакав секс, ама по некоја “случајност„ добив. ПОРАНО!!!
Ако речам уморно, ќе биде дека кукам. Ако речам дека сум ок, ќе биде лажно. Ако кажам дека не знам, ќе биде тажно. Го лечев другар ми од постраскинувачка депресија, тазе му е и ми збореше како ќе се мачи и дека го фаќа некоја сафра, а јас како да си се гледав себеси пред 6 месеци му кажав само едно - стоички да преброди и да биде маж. Околностите се ретардирани, ама мојата емпатија не смее да биде исцрпувачка. Глеавме филмче во Менада и се ашкавме по дожд. Чудни стории пишува животов. Јас, кревам раце од било какви идеи и планови. Што сака нека биде. А, да ми се сака многу. Ух, да ми е Германецот тука да му дигнам нога! Ама немааа... Идам да си легнам пред да ме фатат напади на глад.
После речиси девет години заедно со дечко ми, и само три месеци далечина, денес се чувствувам возбудена како да одам на прв состанок. Ајде нека помине уште половина час ајдеееееее... Срцево ми тупка како на тинејџерка, не можам да се освестам. Се чувствувам евентуално!
Денес се чувствувам како однесена од виорот! Поминав некои 15тина минути надвор и мислам дека ако не си ја држев главата ќе ми ја однесеа ветриштата...
Ми се спиеееееее Ама ако дремнам сега, вечер ќе зјапам до 3 во телевизорот. Затоа сега ќе трпам и вечер после цртаниот одма во кревет. Уште даваат цртани филмови или сега децата со Џеврие ги заспиваат ?
Како млада надежна девојка со многу амбиции и соништа, во чие остварување и попречува глупавата и штура литература која мора да ја чита за да стане високо образован граѓанин. До кога ќе не тупат со глупавите општи и досадни книги напишани од професорите за чалам? Па тие не се читаат, камоли да се научат. Кутрата млада јас, кутрата студентска младина.
Денес сум во некое оптимистичко расположение,а обично не сум некој голем оптимист........и да,не сум спиена многу ама убаво ми е
ајде да се обидам да дефинирам како се чувствувам од една страна возбудено и среќно .....а од друга страна страФ ми е, несакам дежа ву имам и еден куп работа, ама неможам да седнам да ја завршам....немам концентрација, а ми тежи на совест и знам дека треба со време да си ја сработам Вчера покрај сите болки и негодувањето од поблискава околина ОТИДОВ ТАМУ и си поминав незаборавно плус имаше неколку среќни моменти и едно ветување ахххх ГО СЛУШАМ СРЦЕТО, А НЕ РАЗУМОТ И УБАВО МИ Е!