Не е нешто посебно ладно, ама мене ми студи, буквално чувствувам како студот ми е вовлечен под кожа. Денеска да не е празник на глупавите, затоа што секој еден што помина на работа, ме праша само глупости. Глупост до глупост, крај им нема. Колку може да е народот ограничен, леле бре, аман. Муабетот не оди подалеку од А1, Али Риза, Бумбар и Јанко. Не можам, некои денови сериозно се депримирам и фрустрирам од нашиот ограничен и прост народ.
^ Jaс затоа и не праам многу многу муабети. Си ја гледам работата и дури се нервирам кога се обидуваат да ме зазборуваат. Бреее колку повеќе си ќутиш, толку повеќе ти зборат. Јас денес скапав на работа, и сега нормално ме боли грбот.
Спротивно од Тренди, дома сум направила бања, татко ми доаѓа од работа и вика што е олку топло? Па Лукс реди дрва во оган како да е луда,па сега да не беше толку топло немаше вака да се потам. Денес се чувствувам разнежнето, ме мава пмс, вчера слушав Антена лав сонгс и морам да си признаам во глава ми поминаа сите минати, поранешни, сегашни симпатии, ама си се чудам самата како сум станала толку ладна кон спротивниот пол, и во мислите дури сум ладна кон нив. Станувам креативна, само да ми дадеше некој задача, оти џабе сум креативна кога не ја спроведувам на дело креативноста Ми иде сега да земам и да ја варосам собана по мој стил , не дека не е во боја, ама јас да ги декорирам ѕидовите, ахх пуста желба за играње симс, ама и пуста мрза не ми дава да станам да учам цк цк .
Како балон надуван до максималниот капацитет. Кај и да е ќе пукнам!! Парчињата ќе ми ги собираат на сите страни.
Конечно, без никакви обврски. Си се отспав добро 3 саата, направив неколку вежби за затегнување, пролистав едно списание. Чекам да се стопли вода и да се истуширам, па ќе си го дочитам романот и на крајот ќе изгледам 2-3 епизоди од сексот и градот. Уживам во самотијата
...Како подуено топче, што цело време јаде. Да не беше Пмс, и маките кога ме напушта теткава.. Ќе бев манекенка ! Озбилно.
Среќно, задоволно, привлечно... онака како што секоја жена би се осетила кога ќе се почувствува забележена од средината! Имав убав ден, од сабајле денот си започна со насмевки, со интересен тел разговор, со желба во мене да го изживеам овој ден со многу позитивно расположение! И така беше, цел ден се смеев, цел ден бев расположена за кафе и трач мубаети, па и винце се напив (на работно место )! Убав ден и прекрасно чувство!
Топ. Си мцкам чипс во павлака и мајонез, сурфам на некои страници за филмови, после ќе идам да си купам точак, а вечер идам на женска пијанка. Слободен ден, слободни мисли. Чизмите ги залепив со супер лепак, смешно или не, тоа е! И да, си купив нов џемпер и ќе го промовирам после. Периодов ми се закачуваат чудни енергенси на аурата. Ама ги ишкам како муви. Тепалка нејќу да употребам. Мајка ми ми брбори нешто, а јас не ја слушам. Толку, за среда. Теа модерна идам да си купам.