Се чувствувам чудно. Вчера цела вечер неможев да заспијам, некоја болка во градите ми шеташе. Но денес, откако сите нејаснотии беа расчистени, пак сум во некоја дилема. Многу збунувачки, ни јас самата незнам што се случува со мене. Ни на небо, ни на земја, ете така се чувствувам.
http://www.youtube.com/watch?v=b5Gg0fIBCEY Песнава баш опишува како се чувствувам. Soo stalkerish and a bit lost.
Супер, интересен и забавен ден Конечно се изнамуабетив со другарка ми, а и морам да се пофалам за идејата на започнувањето на новите планови
Си ветив дека ова попладне нема да спијам, али пак заспав Зошто немам енергија? Зошто да си го трошам времето на спиење?
Јас денес сум како во Пмс. А ми помина црвената тетка. Еве сеа сум жешка на образите, намќор прва класа, цел ден не сум се насмеаала асално(не дека не сакам... ),и надуена одвај јадев. Е ај нзс?
Вечер мавам штикла, се правам пицикато и одам да се налевам Леле од кога не сум пиела аууууу. Вечер ќе надокнадам
Ич не сум арна. Немам енергија, а доволно се наспав. Мислам дека главата ќе ми експлодира, буквално чувствувам како ми пулсира кај слепоочниците. На моменти зашемутено, како светот да не е реален надвор. Се' што сакам е да си појдам дома и да прилегнам, зашто ваква главоболка и омалаксаност не сум почувствувала којзнае од кога.
Се чувствувам изморено и цело време пазам да не се фатам за кафето. Ама вечерва планирам да се изнаспијам, а утре да ескивирам од факс
Добро расположена за свиркање и потпевнување во комбинација со бришење прозорци ставање чаршафи Ама, да нема огледало во моја близина, ја сменав (поточно ја отемнав малку) бојата на косата и сега си квичкам од време на време Морав малку да разбијам монотонија Сега чекај, чекај, главо луда, нема огледало за тебе цел месец
Денес сум видно расположена, среќна, исполнета, заљубена. Сакам вака сите да се чувствуваме секој ден
Малку депресивно нешто чудно се случуво денес во моето мало мозоче ми се прави нешто а незнам што Досадно ми е ...што да правам - ќе јадам втор пат
Се радувам зошто е речиси викенд. Само да помине 4 часот и толку од оваа недела. Ама ме плаши тоа што недела по недела многу брзо ми поминуваат Додека да се свестам ОП, ете ти го Декември и дечко ми крева паника за Н.Година. И временцево си игра мајтап со мене, поточно со мојата глава....