И ете пак си станав во 12.... Срамота пак ќе си кажам... Денес многу работи треба да направам, не знам од каде да почнам, затоа и се чувствувам изгубено Има време до крајот на денот, ќе се соземам
Супееер. Фала богу викенд, малце да си ја одморам главата од учење и нервози. Следи супер викенд, со најмилите.
Уште од сабајле се искаравме и јас во нервозата излегов одма и отидов на работа, да оладам малку, пошто ќе кажев нешто за што сигурно ќе се покаев. Па, се вратив по два саати, смирена, и разговаравме, па среќа се реши проблемот. И така сега, ме боли главата малку, уште осеќам некаква тензија... Ама ајде ќе помине.
Малку подобра од вчера. Не можев сама да си измерам притисок со оној старовремскиот бапски мерач, па отидов и замолив една докторка што си има ординација карши мене да ми каже дали имам висок притисок (се дијагностицирав со помош на гугл, јас паметната мислев тоа ми е). Тоа уствари да сум ти имала низок притисок. Под 90 ми бил паднат и ништо чудно, буквално немав енергија да викнам. Па мавнав една кока кола и сега ми е сосем малку подобро. И други се жалеле вчера на низок притисок. Значи какви 22 степени во декември, будало време. Сакам ладно, сакам зима. Како што си е ред.
Никако! ама во вистинска смисла на зборот никако! Петок вечер... Јас сум никако! Ми се плаче ми се рика, нервоза ме фаќа, ми доаѓа да испокршам се тука што е пред мене.. Зошто.. Зошто е светов ваков према мене.. што сум ви згрешила
Не сум нешто среќна,повеќе ќе се расположам ако некој другар/ка ми пише да си збориме,а инаку најобично,уживам во викендов