А бе рано е Дол за елката Јас сум како претепана, изморена, со ужасна главоболка, со желба за мир во следниве неколку дена. Не сакам да иде никој, не варам кафе повеќе.
денешниов ден крш. се осеќав некако тажно а да ме праша мажулето зошто ? му реков незнам само ме гушна и пуштив некоја солза. ете така требало да биде. па сите имаме некоја лоша минута. а сирот тој помисли дека му се лутам за нешто . а и морам да го земам фактот дека исто така се смрзнав и почнав да сваќам дека иде неизбежната зима. е така сакала или не ќе помине и овој ден и утре со нови сили во нови победи. да се надевам расположено
Разочарана сум, веке немам волја за ништо,се ми е исто. Премногу се разочарав од овој живот,неможам,веке да поднесам. Секој збор кажан за баба ми ме гаѓа во срце,али што е тоа е судбина, никој неможе да избега. Барем да издрже уште неколку дена, да дојде да ја видам,само на тоа се молам.Премногу сум разочарана.
Носталгично... како што одминува годинава (добро, има уште некои дваесетина дена), си знам дека се' повеќе ќе ми недостига. Една од најубавите години во мојот живот досега, и толку брзо помина. П.С. А верувам дека годините што доаѓаат ќе бидат уште поубави. Мора да бидат!
Настинато, ама убаво. Цел ден си слушам Божиќни песни, сакам и елката да ја накитам, ама рано било не ми даваат. Спојлер т.е. мама да ја накити јас да ја гледам Само снег нека нема, многу ладно ќе биде. Нека прават вештачки како џуџињата на Снежана.
Во целина денот не беше лош, всушност беше отсликан на секој претходен понеделник... Ама не можам да се пофалам со завршницата на овој ден! До пред 15 минути се карав со дечко ми и не прашувајте како се чувствувам сега! Не прашувате,ама морам сама да си кажам! Нервозна, гнавна, бесна, имам потреба да тепам некого (по могучост дечкото ми), ма имам чувство на силна енергија која треба да ја тргнам од моите мускули,воопшто од моето тело! Еххх значи, кој бара од него да се извини? Абе никој, баш ми е гајле, Мина не паѓа на едно зборче ,,извини,, Ама па барем да не ми го е*а денот на подмолен начин! А во моментото дури пишам се осекам исполнето, моб ми звони со неговата слика, омилената музика и неговиот број....ама баш ми е гајле...не му кревам до утре!
иако настината, денов беше прекрасен прекрасно добро утро од саканиот, кафенце со колешките па ширев позитивна енергија наоколу дома кафе, одмор, фемина, попладневна дремка, па на кафенце и серии со саканиот, и гушкање и пипкање и муабети за саботатааааааа а да, и искажување љубомора од негова страна е нешто ново, па тоа додатно ме прави посреќна
нервозна сум настинав, а денес имам многу обврски, мрзлива сум не ми се станува од кревет, а морам и да учам. Очекувам повик и се возбудувам на секое ѕвонење на моб, а луѓево без осет од 9 саат вртат, ко да незнаат дека СПИЈАМ Аман више....