Се чуствувам осамено, ми фали некој до мене. Значи сите што ми значат си имаат свој живот во кој не припаѓам јас стварно ми е тешкоо паа имам потреба некој да ми покаже дека му значам дека и јас некому значам
Mалку подобро од предходните денови.Синокешните разговори со саканиот ме дотепаа.Само докажување.оправдување.молење ептен ме потроши,исцрпи.Денес добро тргна денот дај боже до после да нема нервози.Во 14ч закажав флизер мора да ми се поправи расположението.
Ме боли стомак, а рано е да добијам Имам нагон на повраќање, лошо ми е... Кој знае што ми е... Сама сум дома, и еве спремам гравче (ама немам морков ). И стандард нешто ми зуе над глава, тоа ќе биде на татко ми пријателот кој кога ќе дојде кај нас, се' живо и диво крева на нозе Е утре јас ќе го пратам тато кај него, и да вика толку гласно Друго, убав ден е денеска.... ммммм... И затоа сум договрена со другариците да одиме на кафенце и цигара (сега топло е се седе и надвор ) Ама, имам прво обврска Да си ја завршам, па пооосле дури (ако не ми зајде сонцето). Имајте убав ден феминки мои
Прекрасно, среќно, исполнета до крај Сончев, ветровит ден за прошетка со другарки и посета на парфимерии . Добив прекрасна песна на посвета од дечко ми во комбинација со три шишенца моја кравица млеко , покана за на слава од „свекор ми“ и чоколадо огромно од вујче. Плус се израдував на факс, што сакам повеќе Ее, камо да се повеќето денови вака Аууу, па уште утре е нареботен ден, јеее... Па форумџики, нека ви се среќни сите денови, од мене една искрена желба
Mногу сум возбудена, чувствувам дека нешто големо ќе ми се случи наскоро, имам некоја грутка во градите која ми навестува нешто убаво Се надевам дека интуицијата нема да ме издаде
Денес се разочарав од една личност која ја фалев до кај што ќе стигнаев, а денес значи ми го крена притисокот Кај биле женски за фалење, никого не фалам повеќе. Потоа следуваше доза радост, па изненадување, и сето тоа заврши со умор. Ајде, ќе се изнаспијам вечерва.... изгледа.
ненаспано, уморно, цел ден работам нешто и неможам веќе, ми се спие па дури мислам дека ке се онесвестам..подочњаци до нос...ми студи ма ке идам ќе си легнам, ич не ми е гајле што е 9 саат е така ајт поздрав
Многу тажно.. уште ова ми фалеше, баш у моментов да ми се појави баш неговото име во нотификации... а малку подзаборавив..
Kако во климактериум да сум 5 мин се смеам, 5 мин се нервирам... И морам да кажам дека благодарение на ТедиГреј си го вратив она расположение кое го сакав и успеав да го расположам и дечко ми Ах колку сум среќна кога ќе го расположам некој на кој не му е денот, остај тоа што се лутам и си правам филмови и ме нервира И благодарам на ТедиГреј што ја постира песнава и ме врати во живот http://www.youtube.com/watch?v=sI_2IQ1X ... r_embedded Колку малку ни е потребно за да се насмееме
За малку ќе беше ова долг пост во која Лилит ќе излезеше во полно светло. Селект ол,дилит. Лилит е одлично! Чирз!Една година!Фанстатична!Прекрасна! Аааах човечулци бедни,духчиња проклети,еве се наведнувам,го бакнувам моето цврсто тло под нозе,а дур сум наведната бакнете ми го задничето! Ете така! Играчот за кој што ви зборував...во една тема...во наредната епизода.Транспаретно и детално. Јас во наредниве недели ќе избегам на подготовки за трчање на опасно долг маратон,да се надеваме нема да има пречки! И да,сите Калимеровци се молат да не бидат бедни,зошто карма из а бич,ама лицемерието е поопасно,а внатрешниот осет за вистинско вреднување денес е грдо изместен,а кога нема таков,не очекувајте и од светот правичност. Да не должам,а право да ви кажам ептен ми се должи,ама у друга прилика. Ајде сваќеаќеаќе...поздрав мили мои форумџики кои ќе одвоите време за овие чкрабаници. Лил
Никако, се разбудив одеднаш, сонував еден чуден сон кој многу ме растажи, сега ме боли главата и само сакам да ми се случи нешто што ке ме расположи, а немам волја за ништо...
Наспано и весело без причина немам обврски денес цел ден ќе си се легачам во топлото домче ќе си пијам топло чајче ,ќе си гледам филмчина ,цел ден рилекс lucky me
Разочарана, тажна и осамена како никогаш до сега. Чудно ми е ова чувство, затоа што многу ретко вака се осеќам... изморена сум од попуштање...на никого не му е гајле за моите чувства