Денес се чувствувам полна со енергија за т.н петочно налевање Уф ми недостигаше Скопје бај најт, иако знам дека вечер ќе излезам и ќе го пцујам цел град што е така одвратен, што се можно што го познавам позира, што не излегуваат за да се забављаат, туку за да видат и да бидат видени... Но, тоа ќе трае до 3тата чаша! После тоа, ќе биде Скопје ај лав ју
Се ме боли...но се подобрувам некако,немам температура,не кашлам повеке и мн ми е досадно,се нема што да се праве ...ги изгледав сите филмови што ги имав,прочитав една книга епа....денес скиснав овде на фемина..почнав да сум досадна со моите постови ке ви здосадам
Многу лошо до кога вака нерасположена, навредена, со намалена вредност.... само еден ден да живеам целосно безгрижно, среќно, сакано, па после и крај да е нема да ми биди важно. Како да се чувствувам кога се што правам и колку повеќе се само некој е незадоволен, колку да се трудам само не чини ехе само дали луѓето имаат душа дали разбираат како се чувствуваат другите, да гледаат само да не му е убаво на некој еден ден да не е подобар и да можат да му помогнат уште полошо да му е
Покрај големата радост во моето семејство мораа да протечат и неколку солзи. Можеби радосници а можеби и солзи од тага поради суровата реалност. Малку под дејство на алкохол но со одлично расположение. Со душе чекам да си го видам новиот брачед.
Цел ден супер расположение и на крај дознав нешто што ме растажи,ама ќе направам се што е во моја моќ за да се поправи причината за ваквово расположение
Уморна од животот, а неам ни пола од него Јадев компир манџа и кријам чипс под кревет ко најманијакален егоист и сега уз форум и музика го јадам и гласно размислувам : Ептен бесмислен свет. Комшиката над мене починала денес, слушам кукање и плачење, ѕидовиве од зградава се претенки за таква болка. Многу грдо. На работа релаксирано. Саботно. Се подвргнав себеси на обичен анализирачки тест: Колку време си на работа и што имаш изгубено од тогаш? Го сакаш(е) ли стварно? Дали ќе дотуркаш до осмото скалило на уметноста? И си одговорив, сама. Изгубив осет. Не знам, веројатно. Ќе дотуркам само ако носам огромен емотивен терет на грб. А го имам. Бескраен е и е најслатката тежина, што мазохистички, како жена треба да ја носам. Верувала или не, сјајно ми беше на сцена, родена сум таму јас, само ме собрале по две минути за да не правам пресилна врева. Да идете у Калифорнија кафуле-ресторанот у Дебар Маало, на чипс и пиво, да видите што е Рај. Го гушкам светот, иако забодува разни стакла ем шила во мене. Сечило е во делот за поезија, читајте. Јас одам да не правам ништо.
И јас се прашувам дали сум го сакала или пак само сум уживала во болката што тој ми на нанесувал. Значи сум била заљубена во самата себе, во моето измачување, во моите драми и солзи. За љубов се потребни двајца, а тој не ме љубеше. Сега одам со друг, прекрасен е и внимателен, идеален. Али не е тоа тоа, тој не ми создава болка, не ме возбудува. Ние жените сме големи мазохисти, нели?
Ладново до коски си го чувстувам! Од сабајле имав некое чувство за вечерва.. Така убаво. И цел ден ме држи тоа.. Еве и сега. Па како да не ме држи.. Дефинитивно, денес се осеќам .. Заљубено де
Малце почна да ме разочарува еден факт, но се обидувам со сите сили да го избркам тоа чувство. Преубаво ми е овде и не сакам да си го упропастам тоа.
одкога дојдов на форумов се чувствувам посреќна а инаку како да ме прегазило воз се чувствува,.толку ладно е надвора,така да никогаш не би испаднала надвор.........се нервирам од студот,ама се размеселувам покрај толку позитивни лица кои ги сретнав тука на форумот
сега се чувствувам загрижено,уморено,поспано.. ме боли главата но на фемина ништо не ти е среќна си радосна затоа сега сум малце хепи во секој случај
Насмеана од 6 до 6. Песната која вчера ме натера да пуштам неколку солзи, денес прави да се чувствувам исполнето. Сега ми е се јасно. Стравот сеуште е тука, но се надевам ќе го победам и утре со нови сили ќе излезам да се соочам со вистината. Иако малку ме боли главата, сепак сум среќна. Убаво е ова чувство во мене.