Имам огромна тежина на душава и ми доаѓа да рикам како крава некоја. Знам дека реков дека ќе се обидам да го избркам тоа ѓубре натрапниче од чувство грдо, ама ете, не ми успеа. И сега не ми се верувам дека ја потеков Убавата со моиве депресии, дека ја нервирам затоа што сум ваква, дека се труди да ме убеди, а јас упорно како пијан за плот си тупкам по моето. Ја потеков со фактот дека не сум убава, дека сум онака некоја си рандом просечна женска, дека заради тоа немам право да бирам (а ептен сум пребирлива за машки), дека никој не ме сака, дека ќе умрам стара, сама и досадна и очајна... Леле
Добро значи официјално јас победив. Тој ме побара после 3 месеци. Тој ме праша како сум, што има ново. Јас издржав, стискав раце, плакав и се борев против себе за да не му пишам. И Се случи тој попушти, јас победив и оваа победа ме уништи. Ова е кулминација на сите случувања и редења за него. Почнував да се навикнувам без него, а тој сега се уништи. Имам дечко, внимателен и паметен, што ме сака и почитува. Нели треба да престанам да се измачувам? Леле неможам веќе, ужасно се чуствувам, ужасно многу го сакам. И веке престана да ми враќа, веќе не си пишуваме, не му кажав дека имам дечко, ниту он ми кажа дека има некоја. Сигурно ги има повеќе, но дали има некоја посебна? Значи сагата продолжува, моите патешествија до неговото срце. Зошто за првпат во мојот живот не бидам силна и разумна?
Зошто баш кога не сум повеќе во пмс ,се разнежнувам и чувствата и расположението ми се менуваат ? Не барам од никого одговор, него сигурно ќе го пронајдам во мојава мала, паметна (луда) глава.
Ауууу кој главобол го имаааам. Лелее ќе ме пукне, ќе ме трате некаде Многу ме боли, се напив апче не минува. Внесов витамини, и така не бива... Ааааа... Па и мора да ги трпам комшиите безосетниии Па и не ѕвонат кога влегуваат кај нас, па и ја разбудија мама Безосетнииииииии
Некако чудно. Нервозно заради целото напнување околу нова година Преку глава. Нигде не одам !!! ако не одам со телено дома ке спијам !!! Не можам веќе. ... И сериозна сум. Што е толку чудно не знам !!! 1500 стоење 2000 седење ... Ајде нека стават 3000 ако ви се примоча ... 200 денари чаша вода ... 5000 сепаре па случајно ако сакате и музика по желба веќе за евра ке се збори ... Крај !!!! Кога ке се спомне оваа тема ке бегам што подалеку. Нема стресови веќе да доживувам. Жива глупост. не ми е јасно како само немаат луѓево пари а без да мислат за една е*ана вечер иста како и секоја друга ке дадат 2500 денари. Не можам а да не превртам очи. Што дека ке одам па... едни ке смирувам други ке се степаат трети ке повраќаат а јас ке снимам се седната цела вечер ... Не доаѓа во предвид. И уште еднаш ако ме наречат бабетина зашто сум ваква ке се налутам. Свашта !!!!! нека си мислат што сакаат. Мене ова ми се глупости. И така не излегувам скоро па ич а не па да дадам толку пари колку што би ми биле доволни за од глава до пети да се облечам. Мршка !!! Е вака се чувствувам.
Не е убаво искачањето во недела. Не е убаво пиењето во недела. Уште понеубаво е спиењето само 4 саати. Не е убаво кога ќе станеш рано за да одиш на работа. Не е убаво што на работа си нефункционален, ненаспан и неотрезнет. Не е убаво што вака започнува овој понеделник. Се е наопаку, ауууф.
Но за моите лоши денови болки кои ми паѓаат на срце никој незнае пред сите јака, во себе осамена! Ќе биде подобро, МОРА да биде
Моментално изморено. Мислам дека секоја коска, секој зглоб на мене ме боли. Се ме болии!!! Ајде битно се изнавежбав, изнатрчав.. А , и + ме нервира нетов. Врти врти вртиииииии тоа лоадинг, ааа ебате нетов, па почеток на месец е! Со мала доза на среќа..Не се депримирам како вчера, јее И нервоза, како и сите, не се знае каде за нова година.. и не се знае дали ќе славам со тие што јас сакам...
Се чуствувам толку бедно од фактот што вчера добив и сеа ми се превртува се.Се чуствувам ко да цел свет ќе ми се урне врз глава.И во школо не ми се оди,не сакам да ги гледам тие едни здодевни исти лица кои се повторуваат и повторуваат. Вчера толку се израдував на снегчево а денеска и тоа го снемува.
Значи многу ми се допадна твојот пост,се пронајдов во него.. Понекогаш јас така се чувствувам. А денес нешто не ми се сите овци на број,ме фатил благ песимизам.. Се чувствувам изморена,имам многу обврски,а неам повеќе енергија и сила за да завршам се,и се прашувам дали воопшто вреди што толку се трудам.
па......после толку одење...пеш ...ме болат нозете...а грбот офффф да не зборувам мн ме боли не знам од што така
ПМС мој велкомееееее...значи може да замислите и јас самата незнам како се чувствувам. И уште од сабајле се долевам со зелен чај, а знам дека кога сум во жолто светло не би требало да го конзумирам..значи да резимирам,од сабајле се чувстувам е вака ------>
параноично се мене лошо ќе ми се случи, е не знам бе да уживам, па заслужувам и да ми се деси лошо психа е чудна работа
Добив :geek: Замислете каква сум Болки, болки, и само болки Ама добив желба да лапнам едно парче лебче со маргаринче, мармаладче и чајче И сега одма одам да се размачкам. Инаку на диета сум Треба да симнам 2 кг