Паднат ми е денес виндоусот, ресет не бива, не сака да се ресетира. Ќе си го чекам либето да ми дојде од работа, да ме израдува со нешто...
Тешко ми е многу...немам што да напишам Само сакам да не е како што е..Да е само некој лош сон од кој сега ќе се разбудам http://www.youtube.com/watch?v=JmzTyNwyfJc
Ме држи чувството на осаменост од вчера, па ете и денес сум осамена и нерасположена! Со дечко ми сум во заладен однос, со моите дома исто така, на работа пак истите фаци ме мачат... аххх нема бегање од нив! Другарките не ми се овде, и нема каде да си се истажам! А баш и немам некоја навика да кукам,но во вакви вонредни ситуации морам да си кажам дека ,,Мина е тажна, се чувствува осамено и несреќна,на Мина и се плаче,,
се чуствував одлично се додека тој не ми го расипа расположението и сега се чуствувам без врска ми се плаче . злобник!
Најубаво, да не се урочувам со урокливите очи , бесно денсам на хитчиња, полека си се подготвувам за на работа, читам стрипчиња, вљубена до уши, драги луѓе... јас ќе пукнам!!! Пау, пау, пау!
Си велам, има и полошо. Да ми се живи мама, тато и даде. Да ми се среќни другаркиве. Оптимизмот, ќе ми го спаси газот, и секако паметот. Одам на забар, па на кафе со Иванот, да ми раскаже како се збрлаве вчера. Вечер, апсолутно не сум во муд за анализа и синтеза на емоции, ама ај, ептен е надреалистичка ситуацијата што се деси, па да видам што има космосот да ми каже. Бобе ме видел како светам и ми подари ореол од зборови. Ќе се сретнеме на некое ниво, ич не му се плашам, после овие купови глупости, можам каде сакам да бидам. Чувај ме, маченице. Сакам да те сонувам, зошто секогаш ми даваш сила. 8.8. До вечност. Одам сега да си пуштам музика од ќеиф.
За инает супер Ме боли уво за сите, за се, јас си сакам да сум си мирна, и крај. Рамно ми е. Па и да, шопинг лечи сВе Ајде беее...опаааа...а...кхрм, кхрм
Многу емотивно, за било што би можела да заплакам. Ми недостига, многу. Се би дала да бидам пак со него, пак да го љубам и пак да се расправам со него. Среќа што за првпат во мојот живот сум разумна, не трчам по него и не го молам. А стварно ми се иде да му клекнам на колена и да го молам да се врати. Моите пак се жалат дека нема пари. Знам јас и без тие да кажат. Брумки на лице ми излегоа 300. За секој проблем една брумка. Вечер ќе излезам со дечкото што ич не го сакам, го нема тој неговиот здив и допир, не се бакнува тој како него. Ќе се опијам и ќе се отровам од цигари и не ми е грижа дали ќе направам некоја глупост. Жими се, бев среќна пред тој да ми пише...
Катастрофа.. А се израдував. Кога ми пиша, а уште полошо испадна. Не се деси нешто посебно, али сега кога не си пишуваме веќе се осеќам скршено кога глеам што правам. Ама посилно е од мене. Плачам. Што да правам..
Наспано,енергично...има некоја позитивна енергија во мене денес а од кај доаѓа и зошто појма немам ако,убаво е... немам многу обврски денес ќе си се топлиме со мачорчето под кебенце и може ќе изгледаме некое добро филмче
Па, не баш добро. Објавен е распоредот на испитната сесија, што значи почнуваат главоболките. Леле колку го мразам овој период. Е сега морам да го загреам столчето, море треба да го распалам и да привршувам веќе со испитите. Ми се оптегна факултетов со ова работава. Само изговори си наоѓам за неучење. Нејсе, ќе земам и на работа да учам. Нема друго.
Па од една страна среќна зашто надвор има снегче јеееееееееее а пак од друга страна лута зашто неможам да идам надвор да си правам снешко зашто мора да учам ахх проклета колоквиумска недела