Малце ми е ладно, помалку од вчера. Како отепана сум, ова спиењево денско ме докрајчи КРАЈНО! Па уште кога ќе помислам дека треба ПАК да излегувам на студот?! Бррр....!
Некако ... не знам како ... Одам по пат и плачам ... во главчето триста мисли непотребни ... зошто ? Кученце смрзнато се тресе ... плачејќи клекнав го галев ... тоа се мазеше и галеше во мене ... душа мала ... помина еден човек ме погледна како да сум мрдната ... Де кутрето нема шуга. Тука си е маалско. Наше. Со едно ало тој знаеше дека не сум во ред. Со еден поглед знаеше дека сум плачела. Седев како муле цела вечер и не успеа да извади од мене ни еден збор. Се испокаравме ... Истото се случи и со моите ... Што правам? Која сум јас? Зошто сум ваква? Што ми стана? А ќе речат ... 18годишна девојка ... заљубена,има родители има куп другарки... ја ценат... факултетот супер го тера ... А што ? Што е тој немир во неа ? Не знам. Одговор не наоѓам нигде. Толку ми е жал. Толку патам а самата си го направив тоа. Зошто го дозволив ова? Не знам. барав утеха во нешто во кое не требаше. Не сум фер. Најпрво кон другите па кон самата себе. Да толку ме мачи. А не е нешто страшно. Ама како? како да ти кажам човеку кога срцето ми се кине а нема потреба. Си мислиш кој знае што е. Не е ништо мило мое. Само гушни ме и остави ме. Остави ме во пригушената светлина да слушам како ти чука срцето. Гледаме филм ... толку тажен ... јас плачам ненормално ... А тој не може да ми најде нзс повеќе. Јас не знам. Не сакам да сум сама во просторијава. наеднаш некако се плашам. Од моето царство. Од мојата соба.И таму каде што сум најбезбедна се плашам. Што влегло во мене ... Зошто се мачам себеси олку ? за таа глупост. што всушност и не е глупост. Измешани емоции. Страв. Зошто во мене толку страв? Омраза. Љубов за другите бескрајно .... а за себеси ич.А толку ми е потребна. Заради тоа сум ненаситна за него. За неговата љубов која несебично ја пружа а јас претерувам. Се гледам во огледало и не ми се допаѓа тоа што го гледам. Јас сама дозволив да дојде до тоа. Не сакам. Лажам. Сакам да се соочам ама не можам. Страв.Страв.Страв. Така нежно ме гледаше и ме галеше ... Не можев да ја отворам устата. Не сакав а доведов до кавга. О толку бедно се чувствувам незамисливо е. Цела вечер ти ја расипав. Можеби и не. Се чувствувам и преморено.Неспиено. Без сила.Без воља. А денот ми почна толку убаво. што се случи со мене? Гледав едни слики... па еден филм ... се столчив ... Морам да се соземам.Морам да се вратам во нормала.Ама морам !!! смеам вака. Немам вредна причина. Јас тоа постојано го зборувам а дозволив да ме фати и мене ... Не не не ... Сега се олеснив ... Се избришав ... Утре е нов ден.... А јас секако сега ке се средам и ке бидам старата јас. Во спротивно тешко мене.
Денеска ги сменив сите расположенија, ама еве сега си правам проект и си кулирам.......никогаш не сум била порелаксирана со работна обврска хаха Ќе заборавев да кажам, прееска така убаво си се лизнав во двор, дури и во врат ми влезе снег хахаха Си се изнасмеавме со мама, тато и бато....ќе вреди модрицата што ќе излезе, си раширивме позитивна енергија по дома
Аууу колку само сум проклето нажижана Преку глава ми е од неговата НЕодговорност Од нејзиното мљацкање додека џвака Од напнатоста на другарка ми ................. Од самата себе што дозволувам да ме изнервираат сите околу мене!!! ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД СЕ' И ОД СИТЕ!!!!
Сонце ич да не се секраш, ова е само период, минува. Еден ден биди одвоена од сите, исплакај се добро и се ќе биде во ред.
Не ми се учи, али ќе морам ...... А шта се мора лако је, лако јееееее Некако се чувствувам сеа спремна за учење
Се чувствувам одспано,потечено во очите,ко да сум спиела недела дена :geek: ... Се чувствувам измрзнато,во собава -10 степена ко на тераса да седаам Се чувствувам .....т.е. чувствувам дека ми се читка некое добро книжуле, а моментално дома се нема ниту една интересна книга,а ме мрзи до библиотека да идам... И за крај да кажам дека ми се пишува ми се учи...ке ми се чудите на ова али тоа е ...имам желбичка да поучам денес нешто за утре да не му ја мислам,да си се чувствувам подобро..да немам обврски утре ..па ке видам што ке направам...може пак да го одложам учењето за утре оти се знае НЕДЕЛА досаден ден е
Навредено. Тие зборови навистина ме навредија. Мислам дека овде ке е нашиот крај. И сватив две нешта: 1. Тајната ке остане тајна ако ја знам само јас. 2. Двајца се друштво, тројца се гужва.
Горда на себеси.Ама ептен многу. Затоа што ... Успеав да ги променам моите родители. Т.е да ги превоспитам. Го сменија односот еден кон друг. Го сменија односот кон мене и брат ми. Го сменија депримирачкиот поглед на животот во малку повесел. Па никој не ни дава гаранција дека во животот треба се да тече како мед и млеко нели ... Почна да се приметуваи од страна. Промените. На подобро. Начинот на кој мојот татко почна пак да живее. Да се бори да го подобри своето здравје. Среќни се сите околу него.Буквално сите приметија.Сите се надеваат. А моето срце само што не испукало од што е толку полно.Полно со убави емоции. Надежта последна умира.А јас сега имам премногу надеж за се. Тој е човек со две деца. Кои треба да ги догледа. И да ги извади на пат. Не смее да дозволи да падне. Иако падна. Пак стана. Заслугата е моја. Не сум самобендисана искрена сум, Сите од него се откажаа. Не веруваа дека може. Несвесни колку малку на човек му е потребно за да се прероди. Некако знам дека се ке биде добро. Не се откажувам.како ни до сега. __________________________________________________________________________________________ Магнолија,фала ти. Тој пост всушност беше моето длабоко разочарување од себеси. Во рок од година ипол јас се здебелив како стока.За разлика од тоа праченце какво што бев сега не сакам ни да се гледам во огледало. Заради тоа неретко така бедно се чувствувам.Вината е само моја. Длабоко во мене има многу маки што лежат. Сега сум супер. Пројде кризниот моменат. Само што ете така. Ова е чувство што го немам споделено со никој. Не можам ни да му кажам на него. А тој ме знае секаква и слаба и дебела и средна и секаква. А јас не можам устата да ја отворам и да кажам како се чувствувам па барам други рачки наоколу. ____________________________________________________________________________________________ Ете така денеска се чувствувам. Плус ми ја испофалија елката и се како е накитено па морам малку да сум среќна. На крај на краиштата.... Ситниците го прават животот тоа што е ..... ____________________________________________________________________________________________
ДA опиШам како се цуствувам.... малку потеШко... си купив нова тастатура и е супер, за тоа сум срекна, ми пиШа бивШиот и знае со кого се мував во Цетвртокот, и дознал за смртта на дедо ми, па да ми изјави соцуство, и да ми посака срека во лубовта На крајот на краиШтата знам дека му е теШко, оти и покрај се ме сакаШе и теШко му е без мене, го свакам, ама мислам дека веке не ме сака иако со маскиве никогаШ не се знае, премногу се комплицирани, а јас ко за баксуз се на најлоШи примероци налетувам, па незнам Што да правам, а тој Што ептен ми се допага не ме рецка ни 2 % , а јас па никако да престанам да мислам на него, иако е постар 2 години од мене, незнам зоШто, многу ме привлекува УШте малку ке дојдат тетин ми и тетка ми од Нови сад на гости и сум срекна заради тоа. денес сум 50-50 со располозение
Очајно. Сакам да го заборавам, ама не бива. Свесна сум затоа колку тој ме повреди и колку уште ме повредува со неговиот спомен, али јас сум глупав мазохист, тоа е тоа. Многу сум нервозна, за овие 2 дена успеав да се скарам со секој што го познавам. Многу е лошо да одиш со некој кој не го сакаш, а да мислеш на друг. Се надевам дека сегашниот ќе го засакам, ќе ми помогне да го заборавам него и изминатиот период. Не можам да плакам повеќе затоа што премногу ме иритита и ме нервира фактот дека ништо не е како што треба, ништо не е како што посакувам.