Со ладни раце и вжештено лево уво Рацете од ладново, увото од пријатните и топли долгометражни разговори со Убавата. Ех, како ми недостигаше нејзиниот глас... А и како ме расположи Ептен се расположувам кога слушам секакви приказни за себе (неточни) Добро е, се‘ уште не ме заборавиле луѓево
Denes bez nekoja posebna pricina mi se pla4e eve sega pisuvam slusam tazni pesni koi me potsetuvaat na tazni vreminja i placam [mod-kirilica:3m13wvgh][/mod-kirilica:3m13wvgh]
Имам пеперутки во стомак, не знам од што. Китевме елка со даде и местевме сијалички на балкон, нема поубаво и потопло чувство од тоа. Мама и тато печеа костени и просто си ја сакам фамилијата денес. Бев трета смена на работа, со Смајли јадевме крем банани и се чудевме на манијакалноста на одредени наши корисници. Како да ти кажам... Јуле дипломираше, и испеав една песна во Соул, баш за душа. Се смеам периодов, кај да отидам, се фаќам за микрофон ко неарна. Ама па срцево ми пее! За убаво, за радост е работава. Со Иван ко неарни мрзневме со бидермаер од чоколатца дур не дојдоа колегиве. Ама, на крајот, се залеа пиво, се насмевнаа лицата и мразот заврши. Ми недостига, на моменти, можноста да одам кај него со бус, да спиеме заедно и после тоа да си отидам пред 12, полна со љубов. Но, го немам тоа и морам да се справам некако. Нормално, празнициве секогаш те тераат на меланхолизирање и повеќе љубов. Студ, малку, ме провејува. Но, добро. Доста е што сум среќна дома, имам топло на срцево. Сега ќе си праам некое јадење, ќе читам и после, со другачки некаде. Се чувствувам, како торта роденденска, некој што џапнал малку од филот озгора, ама пак е убава.
Никако Ми се плаче, се стегам. Знам дека ова ќе потрае. Несакам да сум ваква, ич несакам. Само се мачам, а знам дека не треба...
Како стара баба. Денес го сипив првото апче за реума, со моите 22 години Имав толку јаки болки во раката, како никогаш до сега. Зошто бре немам 80 години, па на раат да си бидам цела збрчкана и да не му се секирам мнгоу, многу
денес се чувствувам баш убаво, не ме вознемирува колоквиумска што е на прагот, баш напротив цел ден си се шетам, си печам костени..си уживам Многу сум смирена у последно време,а тоа е многу добро (знаејќи се себе си)
Денес се чуствувам ужасно Температура ме уби бе луѓе, па ми се плаче више еве петти ден од дома не сум излезена... и де ќе симнам на 37 со нешо па пак 39... више немам сила, се отрув со апчиња дома облоги по цели ноќи. А лекарот ми вика настинка ми е ќе ми помине ахам секако Сите се вечерва на слава а само јас дома седам аааааааааааааааа а нај нај битното што следнава е колоквиумска недела а книгите прашина фатија.Молете се за мене хаха
Денес за разлика од другите недели ... Што ги презирам како ден ... Ми е преубава ... Динашна атмосфера ... Празник ... Накитено сегде ... Да ти е мерак да гледаш низ прозор ... Се разбудив до некоја позитивна енергија ... Почнаф оф преиод со една личност ... Во минатот многу ми значеше ... Почуствував гордост и задоволство ... Овој ден се чувствувам среќна ... Ја очекувам Среда ...
Празнично, заљубена... Топло ми е денеска, топло ми е во душата... Ме сака дечко ми, го сакам јас И едвај чекам да ја накитиме елката. Се гледаме на елкатааа
Супер Си ја накитив елката, ставив сијалички на терасата и на прозорците, накитив и по дома..Убаво ми е..После излегувам до град малце и така.. Се враќам пак над книгите, мора да се научи за колоквиумската
Преубаво. Се наспав - така убаво ми тргна денов. Не сум гладна, не ми студи, не сум нервозна, ниту тажна.... ете така се чувствувам. УБАВО.
Да ви кажам, напишав многу грди работи, ама среќа виното уште не делува, па на време избришав и само ќе кажам like shit. Ова е подобрата варијанта на она што ќе го напишев.
А може ли да не се чувствувам убаво кога денот ми беше исполнет со бебчиња? Малку и не сум расположена ама тоа е ради книгите кои треба да ги фатам.
се чуствувам како гомно....ууууууууууууу ме боли душата..... дајте ми совет плс дечко ми го избриса фб-то прееска,му се расипа телефонот (барем така рече) а се каравме многу ....и сеа незнам дали да го побарам кај мајка му не ме држи кожа да не го побарам ама па и инатов не ми дава ке пукнам.......
Уморно пред се. Излезена од 7 а влегувам дома сегаа. Пренатупането и шекердосано.Па со оглед на тоа дека бев на 4 слави не би можело поинаку да се осеќам. Црвеното вино убаво лизгаше.МмммМммМммМммм Утре полагам.Нажалост изумив дека полагам па сега во порака на фејбукот видов. Се покаав и што отворив. А не знам ни сама како изумив се си мсилев нареден понеделник полагам. Ама имам учено претходно па можеби ке имам среќа да поминам. Ми фали љубов. Муки мои три дена го немам видено. И така некако. Измешано и уморно денов пројде. Сума сумарум убав ден.
Ko Светиниколска сарма, свиткана, полна, и готова да ја јадат. Капак на се ептен неинвентивна-ориз и зелка Ете така. Денов ми е испомешан, па и здодевен до немајкаде. Кај ми е мама да ми се закани со сукалото, па да почнам да си бидам старата јас. Се чувствувам празно.
Мешано еднаш нервоза,следна минута смирена,микс на чуства исто како да сум во климакс стомаков ми е подуен,пмс разбира се
Денес се чувствувам особено млитаво,со дози на агресивност и посвторно навраќање кон млитавоста.........ко да сум фатила некој тип на кравјо лудило....хахах