Форумџика на годината

Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    (by the way машките многу повеќе реагираат кога девојката не им се јавува и не ги моли да се смират, а не кога таа им се јавува па ги премолува па им плаче ..тоа душо им го храни егото ) ,но сепак доколку во случајот се работи за љубов -доколку си згрешила нешто ти ,јави му се и извини му се ,но доколку грешката е негова остави сам да свати и ќе ти се јави самиот без да користи изговори ,кога се сака нешто се може ќе си најде начин да се јави и да не остави ништо на случајноста ...најдобар начин после долга кавга не е да се исфрустрираш,да пишуваш пораки и сл работи....одмори си ја главата ,разбистрија и согледај ситуација ..па сама ќе сватиш што е потребно и на каков начин треба да го направиш тоа... ;)
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Ми треба сигурност, љубов и внимание. Се чуствувм како куче, оставено надвор на ладно, молејќи за трошка леб и љубов. Темперамент уште врие во мене, никој неможе да го скроти. Се е океј додека сум насмена, но кога ќе се изморам... па ми велат ''што ти стана?''
    Колку долго човек треба да ги плаќа грешките од минатото? Колку е потребно за да сфатиш дека 2+2=4 и дека тој не е за тебе? И за крај... Колкава е цената што треба да ја плаќаш за да бидеш она што си?
    Дали сите сме спремни да ја платиме?
    Јас да. Повеќе не се однесува на нив, за него. Се однесува на мене!
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
  4. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    384
    Мислев дека ми помина ама сум се излажала...ех да можев да го вратам времето :tmi:
    Уф тешко ми е...се чуствувам празно како жив мртовец...ме маши нешто у гради и ме стега...ме боли душата ;( Не можам ни да спијам....ахх :| Волја што беше тоа? :^) Енергија изгубена одамна :@
    Несигурна сум многу...немам желба за ништо...изгубив све и сега како понатаму :?: :doh:
     
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    502
    Настинато. Кашлам, кивам, носот ми тече. Омалаксана сум. Потребна ми е масажа. Башка ме боли ногава од завчерашниот пад на смрзнатите скали пред влез кај другарка ми. Што мораше денес да е работен ден? Што не беше недела? Па како човек ќе се наспиев, па кафенце на раат ќе си испиев... Мразам понеделници!!!
     
  6. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    За срека како за во понеделник убаво!!!!!!!!Бидејќи сум во исчекување на убава вест!Се надевам дека денес ќе ја чујам!Поздрав до сите!!!!!Имајте убав ден!!!! :D
     
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Денес???? денес исто како вчера....Не не грешка сум вчера бев малку подобро и денес ке бев така само кога станав да не видов тоа што видов....Едно станување за на школо гледам ми дошла гостинка, ахххх добив...БОЛЕШКИ.....Седев на школо 2 часа и ранецот на грб и ајт накај дома не можев ова се растекло како Брегалница тече ли тече,све бута пред себе арно што си дојдов дома инаку ке сум се шеткала :!: со црвено срценце на газ ....аххх камо да бев МАШКО....душа давам во моментов да сум машко :| :doh:
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Денес малку подобро од вчера.Ги вртев сите туристички агенции од сабајле.
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Понормално за разлика, од изминатава тешка недела!!!!

    си ја средив психата.... се контролирам
     
  10. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Денес... шит.. Ако може оваа глупава (а нажалост последниве неколку дена -својствена) грда апатична енергија да ме пушти, да бидам продуктивна, имам милион обврски, а мозоков ми се замара со емотивниот крах што ме прати цел викенд...Чудна работа, како „стареам“ - условно кажано (МНОГУ условно)така по несигурна станувам... Или тоа е само денес можеби... :wasntme: како и да е...се осеќам ПРЕПЛАВЕНА со глупости и обврски, угушена во градскиов скопски опоен смог ...и магла.


    Инаку, нова сум...Па, здраво девојки ;)
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.286
    Леле, не знам што ми е, ама денес сум во тешка мелонхолија, воопшто не ми е убаво.
    Имам некоја грудка во градите што ме ни дава убаво да дишам. :(

    Ми се јави бившиот, не ми се верува дека толку го имам повредено, ама не сум јас крива што тој не можеше да си ја контролира љубомората, знам дека нема да ми биде добро со него и сигурна сум дека нема да продолжам со него никогаш. :shake: :shake:

    Ама зошто ми прави така, зошто ми прави да ми биде неубаво на душата?
    Знам дека зборовите му се искрени, доволно го познавам, ама неможам повеќе.... :|

    Не заслужив да ми го распара срцето, немам веќе место за закрпи, па не ми е тој моја совест да ме потсетува за некои работи...........

    Точно, не сум цвет, ама не сум ни трн- јас сум само една обична девојка оставена сама под небото.

    Ах, многу сум збунета- се мразам кога сум таква, ја сакам ведрата Сеси, јаката Сеси..........
     
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    И овде ке го ставам истото мислење...бидејки денес токму вака сум....
    ..ја мразам новогодишната еуфорија,ме нервираат сите тие растрчани луѓе кои тешко заработените пари ги расфрлаат на ситни безначајни лампиони,парчиња гардероба за само ТАА кратка ноќ,ноќ кои сите толку МНОГУ ја чекаат а сепак и таа е една од многуте обични ноќи,НОЌ која самите ние ја преувиличуваме.
    Зошто токму 31 декември...зошто не 18 август или некој друг ден од календарот,зошто баш декември е последниот месец од каде знаеме дека е последен? зошто да не е јуни или јули или февруари последниот месец....
    Зарем е битно какво и колку скапо фустанче ке облечете таа ноќ? дали знаете дека тие неколку илјади денари на некој му значат премногу..мало дете од ромска националност во скинати тренерки на куси ракави седи на бетонот на -5 степени со кутија пред себе,погледни го барем насмевни се..
    Секој мој чекор води кон девојка слична на мене но само по годините,инаку таа има скапи чизми,нов капут,нова шапка,раце полни со скапа гардероба и еден тон пудра...се чувствувам поинаку,се чувствувам како да сум на пониско ниво од неа бидејки немам ништо што таа има..зарем треба вака да ми е НЕ! бидејки таа треба да се чувствува помалку од мене таа нема прочитано ниту една слободна книга,таа нема отидено ниту еднаш на театарска представа....таа нема мајка со која може рака под рака во старите фармерчиња и износените чизмички да прошета,да ги насити очите од новогодишните излози,таа има само полни кеси а празно срце...
    Тешко е да се движеш во улица полна со луѓе кои во рацете носат купишта кеси со гардерова,храна.....а јас со мајка ми под рака,од излог на излог со рацете во џеб.Поминувам покрај лажниот дедо мраз му се насмевнувам,и пак посакувам да сум мало детенце кое едвај чека да помине покрај тој дедо мраз за да добие едно балонче или бомбонче...Но чукни во дрво,чукни 3 пати живи сме,здравјето е со нас...
    Ете зошто не сакам да излегувам од дома да шетам по чаршија,да го гледам светот околу мене да ја гледам реалноста бидејќи секогаш се вракам дома разочарана,потиштена..
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Како се чувствувам?

    боље не питај.. :D
    кратко и јасно
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.291
    Неубаво!
    Одвај станав сабајле сакав да спијам уште минимум 5 часа, смрзнав откако станав, не ми се одеше на работа, ми стигна женскана пратка за овој месец, па сега ме кине стомаков, ми доаѓа да си ги извадам јајниците, а знам и дека нема вечерва убаво да спијам од болки, а со тоа уште повеќе ми доаѓа негативна енергија. Плус ручекот не беше убав.
    Сакам среда да дојде, ве молам да се скокнат овие 30сетина следни саати ако може плс :wasntme:
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Значи не ми се верува дека станав во 7 часот за да појдам на предавање кое траеше 40 минути и да си дојдам дома во 9 и пол. Боже овој пусти факултет мој, ќе го средат ли некогаш?
    И си седам јас сега тука во пиџамки, демек ќе спијам, ама пусто феминче не ми се остава. Ајде бар не сум гладна, кај и да е ќе си легнам, а попладне учење ме чека.
     
  16. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    денес? овулирачки... или тоа или ќе ми дојде лејди ин ред на посета, чисто за да ми ја замати психава и тотално да ми ја сјебе позитивната енергија од сабајлево... (пардон мај френч). А колку имам за учење... :worried: :headbang:
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    5.454
    пред се наспано и расположено. ДАЛИ ПО УТРОТО ЌЕ СЕ ПОЗНАЕ ДЕНОТ ??? првата насмевка ми ја украде зракот светлина што продре преку мојот прозорец од т.н. сонце со запчиња. но ако ми годеше неговата скокотливост ми даде желба и елан да станам и да го започнам денот со насмевка, да го продолжам со кафе пред компјутера како ќе заврши е чиста мистерија........ важно е јас сум си СРЕЌНА :dance: :dance: :dance:
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Многу ми се спие, станав порано за да учам, а не ми се учи ич, концентрација немам. Си велам 5ките не значат среќа. Имам 5ки само по тие предмети што ми се интересни и така. Јас не сум крива што мразам математика, хемија и физика. Цел живот ќе ми кварат просек тие предмети, а ми ја уништуваат и уметничката душа :D
    Си велам барем за прв пат по толку години да не појадувам пред компјутер, на мира да си седнам.
     
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Поспано, станав рано и сега цел ден ќе бидам флегма, ми се пие кафе, а ме мрзи да станам и без некоја посебна причина имам некој душевен немир... :?:
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Како се ближи саатот на полагањето се чувствувам се понемирно и понемирно.........аааааа нека помине веќе еднаш денов :devil:
    P.S. Дупка сум !!! :sweat: