Ја слушам Каролинчето, ме боли грлото ( по не знам кој пат во воие 2 месеци) , ќе пијам кафе и ајдее на вежбањеее . Мора, тоа е, мора да затегниме мускули И по малку безвеза се чувствувам Каде без тоа раположение
Од нигде никаде, си го имав најубавото попладне. Полнооо со љубов. Убаво се чувствувам занемарувајќи ја главоболката. Малку и уморна ама ако.
Колку е убо некој да те праша како се чувствуваш денес се осеќам празно..а толку полно шо можам да експлодирам само ако некој ме изнервира...на прагот на нервите ..........
Топови ми летаат Пијам црвено винце, дечко ми треба да се врати any minute now. Па после се знае што следува загреани од црвено винце
Добив бееее Болит и мешето, и ноџињата и рачињата болат. Ама не пијам апче, не е страшно и си трпам. Си читам по темиве и заборавам дека боли
Морам оваа недела да се сконцентирам на школото.Едвај чекам се да заврши, да си се посветам самата на себе и конечно убаво да се наспијам. Си отиде депресивниот период, сега се радувам. Се ми е испланирано, кај ке одам за викенд,со кој ке одам,успеав да си ја заштедам очекуваната сума, се спремав за Нг, само уште да седнам и да научам. Точно е тоа дека сами си ја создаваме среќата.
Веќе незнам ни јас самата,минатата и оваа недела само учење,учење,учење...аман веќе..ајде да завршиме да се смирам малце да се изнаспијам и конечно да се посветам на самата себе,да размислам убаво што чувствувам за негоо... а конкретно денеска од сабајле бев тажна зошто мислев на него и мн мн ми недостигаше сега на училиште малце се расположив и така.... глупо е и времево бе... никакво е!
Како сите бродови да ми потонале. Вчера и денес ми се најтешките денови во целава година ( да не се урочам има уште до крајот на годинава ). Полека ја изгубив желбата за се. Денес не ми ни беше важно во што сум облечена, се видов на стаклото во еден излог, носев зелени патики, црни хеланки, плави чорапи што ми се гледаа, туника ( 100 години стара) и сиво капутче, косата мрсна и со подраснат корен. Значи кога човек има проблеми до ништо не му е. Се на се тежок период, единствено што ме расположи денес е видеото со детето што отвара подароци за Божиќ...Книгииии .....